Пет прашања за работа во Гугл

Работа од соништата

 |  инфодеск  | 

Њујорк Тајмс разговарал со еден од клучните луѓе за човечки ресурси во Гугл Ласло Бок, а Гардијан во шеговит тон издвоил пет квалитети кои се бараат и пет прашања на кои би требало да се одговорат, пред  да се проба да се пријави некој, за работно место во компанијата која магазинот Форчјун ја прогласил за идеално место за работа.

Дали имате IQ поголем од 130?

Најлош можен одговор е “да”. Ласло Бок инсистира на “интелектуална скромност”, и смета дека без тоа луѓето не можат да учат. За оние кои цел живот се остроумни, Бок вели дека често прават “фундаментални атрибутивни грешки” и сметаат дека ако се случи нешто добро, тоа е затоа што тие се генијалци, а пак ако се случи нешто лошо, тоа е затоа што некој друг е идиот.

Што ќе вечераме?

Никогаш не смеете да кажете “сеедно” или “не сум тој што избира”или било каква друга слична глупост. Ако ги решаваме проблемите за време на вечерата, тогаш е потребно вашето мислење, па затоа би требало да настапите со ваше мислење и да го изнесете. Тоа е она што Гугл го бара – спремност да се превземе иницијатива и лидерство кога е тоа потребно.

Зошто сте ги прочитале петте последни статии што сте ги прочитале?

Како тоа не знаете? Првиот критериум на Ласло Бок е како што тој го нарекува “можноста за учење”, кое го дефинира како можност да се размислува во лет и да се извлекуваат мали информации кога е тоа потребно.

Дали сте некомпетентни и мрзливи?

Да? Тоа е одлично. Бок сака да вработува луѓе кои чувствуваат “сопственост” над проектите, но и доволно скромни да го работат она за кое се корисни и спремни да се повлечат кога ќе ја завршат работата. Ако сте некомпетентни, тогаш ќе уништите се за што ќе се дофатите, така да мрзливоста би била добра опција. Секако остроумен и активен е исто така добра опција.

Дали имате зад себе многу искуство и добри резултати во нешто?

Ако имате, тоа е права катастрофа. Бок вели, кога ќе се најдете во проблем, експертите велат “сум го видел ова сто пати, еве што ќе направиме”.  На другата страна, остроумниот почетник исто така веројатно ќе го реши проблемот, а иако можеби и нема, тоа се компензира со ситуациите кога до решение ќе дојде на нов начин. Накратко, луѓето се подобри кога не знаат баш точно што работат. 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top