Њујорк го забележа најтоплиот Божик од почетокот на мерењето температури

За Божик Њујорк со пролетни температури, а Лас Вегас со снегулки

 |  инфодеск  | 

Во петокот Њујорк го сруши температурниот рекорд за Божик додека изненадувачки снегулки го надвиснаа Лас Вегас.

Менхетн го забележа најтоплиот Божик од почетокот на мерењата на температури со 18,8 степени целзиусови, соопштила националната метеоролошка служба. Тоа е температура која не била никогаш забележана од почетокот на мерењата во 1871 година, а ја надмина онаа од 17,7 степени од 25 декември 1982 година во Централ Парк.

Њујорк поминува низ пролетни температури веќе цела седмица, а во четвртокот беа измерени 22 степени целзиусови. Овие температури се во целосна спротивност од минатогодишната снежна зима на Менхетн.

Снегулки помешани со дожд паѓаа онаму каде никој не ги очекуваше – во Лас Вегас што досега е забележано во 1941, 1988 и 2008 година.

Топлината на источниот брег придонесе во создавање на десетина торнада кои погодија шест американски држави во средата и загинаа 14 луѓе, а најмногу беше погодена државата Мисисипи каде загинаа седум лица.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top