Месечната плата на Ангела Меркел

Ретроактивно од 1 март, германските политичари со зголемени плати

 |  инфодеск  | 

Спрема нацрт законот за заработка, германските политичари оваа година ќе земаат ретроактивно од  1 март, зголемени плати за 2,8%, а од 1 март следната година уште нови 2,2% зголемени плати.

Така германските политичари од март 2015 ќе добијат вкупно зголемување на платите за 5%, па канцеларката Ангела Меркел ќе има месечни примања од 22.533 евра.

Претседателот на државата, Јоаким Гаук, чија плата сега е 17.897 евра, од март 2015 година би требало да зема 18.803 евра, што би била најголема плата, додека платата од Меркел од сегашните 17.126 евра би се зголемила на 17.992 евра, пренесува Танјуг.

На таа сума треба да се додаде и зголемувањето од сојузните пратеници, што би значело дека Меркел од март 2015 година ќе прима плата од 22.533 евра месечно, односно 1.250 евра повеќе од  досега.

Кога станува збор за министрите, од досегашните 13.904 евра, тие ќе примаат плата од 14.608 евра.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top