Џихадистите на Исламската држава објавиле нова цел

“Ќе срушиме сѐ што е пред нас”

 |  инфодеск  | 

Милитантите на Исламската  држава (IS) контролираат голем дел од територијата на Сирија и Ирак, добро се вооружени и брутално постапуваат спрема своите непријатели. Тие сега имаат нова цел, а тоа е ослободување на Палестина, пишува британски Guardian.

Имено, IS објавил дека од сега ќе се бори против варварската окупација и ќе ги убијат сите Евреи кои ќе се кријат зад ghargad (мали грмушки кои растат во пустинските краишта). Милитантите објавија и дека ќе срушат сѐ што ќе им се најде на нивниот пат за да дојдат до Палестина.

Спрема наводите на медиумите во овој регион, IS веќе оформиле помали терористички ќелии во Газа, кои треба да го припремат теренот за доаѓање на силите на IS од исток. Тие се одлучни во своите намери и наведуваатдека ако треба и ќе умрат како би во светот завладеела исламската религија.

На патот спрема Палестина им стојат ирачките воени сили, но и САД кои изведуваат воздушни напади на позициите на IS во близина на Амерли. Ирачките сили стигнаа до овој опколен град во северен Ирак каде милитантите држат илјадници луѓе.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top