Post Views: 11
Во Охрид се спроведува обука за познат ртаботодавач. Станува збор за активна мерка во политиката за вработување на Агенцијата за вработување, поточно за три месечна соодветна обука кај работодавач кој има потреба од работна сила а ја нема во евиденцијта на невработеност во Центарот за вработување. Секој кој ќе биде вклучен во обуката добива по 4 400 денари додека трае истата, со тоа што заинтересираните лица имаат можност да засноваат редовен работен однос кај работодавачот за чија што потреба се организира обуката, вели директорот на Центарот, Јован Баткоски.
„Во...
Post Views: 4
Претпладнево рампите кај Поштата и пред Охридската капетанија беа извадени, а апаратите кои ги придвижува се облепени со леплива лента. Градоначалникот на Охрид Александар Петрески во телефонскиот разговор ни кажа дека рампите се тргнати со цел за време на престојните празници да се овозможи побрз проток на автомобили и луѓе во центарот на Охрид. Тој кажа дека до Нова Година и за време на празниците ќе се пристапи кон нов начин на наплата на паркирањето.
Градоначалникот додаде дека локалната не се откажува од идејата после празниците во центарот да не се наплатува...
Post Views: 20
Младите се движечката сила на промените, особено во спортот. Иако состојбите во македонскиот спорт се онакви какви што се, се чини има некаква надеж за сето тоа да се промени. Токму унапредувањето на македонскиот спорт е целта на новоформираното здружение Центар за едукација и менаџмент во спортот. Нивниот претседател, Бојан Захариев, па и сите негови соработници сметаат дека развојот на спортот започнува токму од младите и од раната училишна возраст кога децата се определуваат за некој од спортовите. Но по основното образование, оваа пасија и оваа врска со спортот...
Post Views: 0
Центарот за јавно здравје се поднови. Набавени се неколку софистицирани апарати со што ќе се подобрат здравствените услуги на граѓаните. Новите апарати се сместени во микробилоошката лабораторија како и во санитарната лабораторија, а ќе се користат за правење анализи на крвта како и за анализи на храната и водата. Еден од апаратите служи за брзо откривање на бактериите во крвта. Со него се добиваат 96 анализи во минута а резултатите се со 100 процентна точност. Доколку резултатот е позитивен се добива антибиограм со 30 можни антибиотици.
„Здравствените услуги за кои...
Post Views: 0
Се почесто старите лица зачукуваат на вратата на Центарот за социјални работи барајќи помош. Во последно време се поевидентен е проблемот со старите лица и задоволување на нивните основни потреби, нагласува директорот на Центарот Екрем Каљоши.
„ Во центарот се јавуваат лица кои живеат сами и бараат адекватно решение. Не сите лица кои живеат сами имаат и доволно приходи за сместување. За жал во моментов во градот нема установа која би се грижела за нив, ако се исклучат геријатриското одделение и костозглобна. Редно е надлежните да размислуваат за центар за старите...
Post Views: 12
Оваа година, за среќа, за Охрид ќе протече без нити еден евидентиран случај на Хив/Сида. Во земјава пак, бројот на ново регистрирани случаи е 20 заболени, од кои 13 се Хив позитивни и 7 случаи отпаѓаат на заболени од Сида. Најмногу регистриарни има на возраст од 30 до 39 години 8 случаи, 6 случаи се на возраст од 40 до 49 и 5-мина случаи се на возраст од 20 до 29 години. Меѓу заболените се 15 мажи и 5 жени, а за жал има и едно дете на 6 години каде што преносител била мајката. Последните 2 случаи во Охрид се откриени во 2007 година. Од почетокот на Хив /сида епидемијата...
Post Views: 2
На вратата на охридскиот центар за социјални работи доаѓаат нови баратели за користење на народната кујна. Засега бројот на социјално загрозените лица кои ги згрижува државата обезбедувајќи им еден оброк е 80 лица, вели директорот на Центарот Екрем Каљоши.
„ Има нови баратели за користење на народната кујна, но за жал бројот не може да се зголемува. Се надеваме во иднина ќе има повеќе разбирање. Сега измените на корисниците се вршат доколку некој од корисниците го изгуби правото на социјалната парична помош или на постојаната парична помош“, појаснува првиот човек...
Post Views: 9
Во една полураспадната трошна куќарка во с.Издеглавје, охридско, живее Мара Димоска. Таа секое утро се буди со мисла дали ќе се снајде за храна за да го помине денот. Баба Мара деновите ги минува во малечко собче со земјен под, каде има само еден кревет, искршена витрина и едно позајмено ќумбе каде понекогаш се вари компир. Животот е тежок, 8 години сама се борам а соселаните ме избегнуваат, низ солзи раскажува Димоска.
„Не земам ништо веќе година дена и така се снаоѓам, живеам. Ми помага само еден човек бидејќи добро живеев со женаму, но и тој си има деца“-вели Димоска.
Димоска...
Post Views: 4
Со парични олеснувања општина Охрид ќе ги помага ранливите категории охриѓани. Наскоро ќе им ги надополнува давачките за сметки на трите општински јавни претпријатија Проаква, Комуналец и Нискоградба. Висината на субвенцијата за трошоците за комунални услуги ќе биде во висина од 600 денари. Од овие средства 300 денари се предвидени за сметките за потрошена вода за пиење, и по 150 денари за сервисните услуги за ѓубре и канализација. Општината само на овој начин може законски да им помогне во ублажување на издатоците на граѓаните кои се наоѓаат во потешка социјална...
Post Views: 1
Од 1ви Декември, постапката за добивање на инсулинска терапија станува двојно пократка. Според препораките на Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување, пациентите дијабетичари кои редовно користат инсулинска терапија, со една посета на матичен лекар ќе добиваат упат за специјалист интернист-ендокринолог, кој понатака ќе им издаде барање за издавање на инсулинска терапија. Со ова барање, пациентите, својата терапија секој месец ќе можат да ја подигаат од посебна аптека, без притоа да им треба повторна посета на нивниот матичен лекар. Овој нов принцип ...
Post Views: 5
Во Охрид се бара вакцина повеќе против сезонскиот грип. Сите 2100 вакцини кои годинава ги набави Центарот за јавно здравје веќе се потрошени. Директорот Атанаско Михаилов вели дека ќе се потрудат да набават барем уште 200вакцини се во интерес на граѓаните.
Зголемениот интерес на граѓаните за вакцинирање се должи на зголемувањето на нивната свест колку тоа е добро за заштита на нивното здравје, вели Михаилов. Вакцинирањето е најбезбеден,, најлесен и наефтин начин на заштита од грип. Вакцината чини 400 ден., а доколку граѓаните заболат од грип ќе ги чини многу повеќе...
Post Views: 12
Обилните дождови кои наврнаа деновиве во Охрид за среќа немаа големо влијание на квалитетот на водата за пиење. Од Центарот за јавно здравје велат дека постојано се вршат контроли како граѓаните не би се довеле во некаква опасност од зарази порадо слаб квалитет на водата. Атанаско Михаилов, директорот на центарот објаснува дека обилните врнежи најмногу влијаат на намалувањето на квалитетот на водата во Билјанините извори.
Вообичаените анализи на водата од градскиот водовод се прават секој понеделник. Мостри се земаат од 24 мерни места во градов. Се мери количината на...