Post Views: 0
Лондон го замени Њујорк како главен финансиски центар во светот, објави во најновиот број магазинот Њузвик, кој се повикувана анализа на Светскиот економски форум (СЕФ).
Во листата на 55 држави СЕФ анализирал 120 фактори како клима, размер на берзи, степен на развој на техничка инфраструктура, човечки капитал и пристап до потрошувачки и трговски кредити. И покрај економските проблеми, Велика Британија води на таа листа. Втора е Австралија, а САД се трети. Според анализата, Австралија е девет места повисоко поради висока финансиска стабилност, низок државен долг и лесен...
Post Views: 1
Нема финансиски средства за енерегетска ефикасност за Центарот за култура „Григор Прличев“. Ресорното министерство не дало зелено светло за проектите со кои центарот аплицирал за подобрување на енергетска ефикасност на објектот. Станува збор за огромен простор кој во зимскиот период тешко се загрева и брзо се лади.
„Не добивме пари. Имавме аплицирано со проект да се замени дограмата во НУ. Не беше одобрена програмата, побаравме со проект да се сменат и влезно -излезните врати, во двете сали и тој проект беше одбиен. Во тој поглед не сум задоволен , но не се откажуваме...
Post Views: 0
Националниот координативен центар гранично управување и Службата за спасување на планина потпишаа меморандум за прекугранична соработка. Планинската спасителна служба сега е подговена да делува уште побрзо и поефикасно, кажа Антонио Додевски проект менаџер на проектот Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам. Со потпишување на протоколот за соработка се овозможува 24 часовно делување на спасителната единица при што границата нема да претставува пречка и значително ќе се скрати времето за интервенција, посочува Антонио Додески проект менаџер.
„Се водиме...
Post Views: 6
Во присуство на Министрите за здравство на Македонија и Бугарија, Венко Филипче и Кирил Ананиев и првата дама во нашата земја Елизабета Георгиевска Пендаровска, денеска, во Општата болница во Охрид беше пуштен во употреба регионалниот центар за третман на деца со аутизам.
„Ова е центар којшто во себе ги содржи сите делови кои се потребни во смисла на инфраструктура, опрема но и кадар поради тоа што тука работат логопеди, дефектолози и детски психијатри коишто ќе работат со децата коишто имаат вакви проблеми. Станува збор за најсовремена опрема која ги покрива сите потреби...
Post Views: 5
До крајот на овој месец Охрид ќе добие шелтер центар за згрижување на жртвите од семејно насилство. Веќе е избран и опремен просторот за привремено сместување на жртвите од насилство, кое за жал последниве години се повеќе се зголемува. Ќе биде отворено и советувалиште во кое стручните тимови ќе работат и со жртвите, но и со насилниците. Семејното насилство е во пораст што е резултат на нетрпеливоста во семејството, но и тоа што се повеќе се охрабруваат жртвите да пријавуваат. Само годинава се регистрирани околу 150 случаи на вавкво кривично дело.
„Во...
Post Views: 0
Партиите на десниот центар убедливо победија на изборите за Европскиот парламент(ЕП) пред социјалистите и либералите, покажуваат првичните резултати по соопштени синоќа во Брисел.
Европската народна партија(ЕНП), група што ги обединува демохристијаните и народните партии, би требала според новите проценки објавени нешто пред полноќ да има меѓу 267 и 271 од вкупно 736 пратеници во ЕП. Во претходниот состав ЕНП имаше 288 од 785 пратеници.
Овој резултат е дотолку добар бидејќи е остварен без британските конзервативци, кои ја напуштија оваа група, а во која во претходниот...
Post Views: 5
15 години нуркачки центар „Амфора“. Зад овој јубилеј стојат голем број реализирани проекти, стотина обучени нуркачи кои имаат сертификат кој важи насекаде во светот, многу залагање и ентузијазам. Идејата за отворање ваков центар потекнува од 2004год., а се јавила како потреба наметната од меѓународни стандарди според кои нуркачкиот центар мора да има раководител, мора да има соодветен простор, мора да има сертифициран инструктор меѓународно признат, комплети за прва помош, нуркачка опрема која е сервисирана и да ги исполнува сите услови за едукација на нуркачи. Милутин...
Post Views: 9
Револтиран син на пациентка која била лекувана на клиниката, со огнено оружје влегол во болницата и пукал кон 39 годишниот хирург. Причина за ваквата реакција на напаѓачот било тоа што неговата мајка која била лекувана и оперирана, починала на одделението за дигестивна хирургија. Овој инцидент предизвика низа реакции кај целокупната јавност, и во реалноста и на социјалните мрежи. Први се огласија лекарите од клиничкиот центар, кои веднаш по инцидентот ги откажаа прегледите и операциите, за подоцна нивниот став да го сублимираат во барање за оставка на Министерот Тодоров.
...
Post Views: 8
Епилогот од труењето бездомни кучиња на градскиот плоштад е три затруени кучиња од кои едно угина а две се спасени со интервенција на активисти за заштита на животните. Активистите информираа дека од страна на ветеринарите кои биле повикани на местото на немилиот настан било утврдено дека животните се отруени со „Ланате“, високо токсичен отров кој го нема во слободна продажба и за чија набавка постои строга процедура. Масовното труење кучиња ја згрози охридската но и пошироката јавност во државава. Денеска, на прес конференција од ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид ги повикаа СВР...
Post Views: 5
Овој викенд охридските нуркачи од центарот „Амфора“ нуркаа на Големо Езеро Пелистер, Пелистер.
Големото езеро спаѓа во леднични езера. Во најголем водостој е долго 233 метри, широко 196 метри, а најголемата длабочина изнесува 14.5 метри. Иако видливоста беше ограничена поради планктон, под вода можеа да се забележат воени ашовчиња, гранати, рачни бомби, цевки од пушки и пастрмки кои преживуваат и во најекстремни услови кога езерото замрзнува.
Од „Амфора“ велат дека за ова нуркање е потребен специфичен профил кој го изработи Јован Секулоски SSI AI Trainer. Во одлична...
Post Views: 6
Силна експлозија одекна пред Грчката корпорација за државен имот во централниот дел на Атина, при што е нанесена сериозна материјална штета, јавија грчките медиуми. Во експлозијата нема убиени и повредени.Во инцидентот е причинета штета на соседните згради и на паркираните автомобили кои се наоѓале во близина.
Експлозивната направа била поставена во најлонска кеса и заврзана за уличен столб до влезот на зградата.
Засега никој не ја презел одговорноста за нападот.Првично беше соопштено дека пред зградата експодирал автомобил-бомба.Грчката корпорација за државен имот,...
Post Views: 3
Денес на сред бел ден пукање во Струга. Едно лице е повредено со пукање од огнено оружје во спортската обложувалница „Спортлајф“ . Дел од стружани слушнале за настанот и се згрозени, тие критикуваат дека во едно мало градче како Струга има премногу обложувалници и кладилници.
„Рекла казала, само што кажаа луѓето дека е повредено едно лице но друго што е како е не не интересира толку. Полошо од вакви напади нема ниту пак ќе има и ќе го бараме комунизмот бидејќи демократијата е ваква и полошо ќе носи. Толку казина и обложувалници во еден мал град се отворени не е на арно.
Не...