Ознака: училиште

evroparlamentarci

Охридските гимназијалци повторно во улога на европарламентарци

Post Views: 0 Учениците од  ОСУ,,Св.Климент Охридски“, Јана Василеска, Ивана Мирчевска и Адриан Димитријески, под менторство на професорката по англиски јазик, Даниела Спироска, учествуваа на четвртата национална симулацијата МЕП (Модел Европски Парламент), која се одржа во организација на средното училиште НОВА во Скопје, на крајот на овој месец.     Охридските ученици ја претставуваа Португалија како земја членка на ЕУ.Во оваа тридневна симулација учениците имаа можност да ги покажат своите способности за дебатирање, тимска работа ,но и своите предзнаења за ЕУ, нејзините институции...

Continue reading

медијатека

ОУ„Григор Прличев“ доби компјутерска база на паодатоци

Post Views: 2 Во ОУ„Григор Прличев“ во рамките на училишната библиотека, се опреми просторија која ќе функционира како база на податоци. Со ова училиштето оди чекор напред во искористување на технологијата се со цел на едно место да се достапни за сите, податоците поврзани со работата на училиштето.   Во тек е внесувањето на целата училишна документација од учебната 2013/2014 година од страна на професорката по информатика, Марина Џ. Танасоска и професорот по македонски јазик, Кире Стојаноски, а воедно  овие податоци се внесуваат на веб-страната на нашето училиште, која е во завршна...

Continue reading

donacija

Со донација до нови инструменти

Post Views: 3 Основното музичко училиште „Методи Патче“ доби донација во висина од 5 300 американски долари, со кои ќе се набават инструменти за училишето. Средствата ги подари oрганизацијата „Македонија 2025“ која во Охрид го организира Глобалниот инвестициски самит. Парите беа собрани од концертот што оваа организација го организира во октомври минатата година во црквата „Света Софија“ за учесниците на самитот. Донацијата ја врачи Зоран Мартиновски, член на Бордот на директори на „Македонија 2025“. Тој рече дека оваа организација и во иднина ќе инвестира во културата во Македонија....

Continue reading

otvoren cas

Во училиштето „Григор Прличев“ денес за прв пат се одржа отворен час

Post Views: 2 По повод патрониот празник во училиштето „Григор Прличев“ денес за прв пат се одржа отворен час. Родителите, учениците и останатите заинтересирани имаа можност да присуствуваат на овој час и да видат што практично учат нивните деца. Отворен час се одржа по повеќе предмети. Роботиката која е дел од предметот технички науки предизвика голем интерес кај учениците. Секцијата по роботика постои веќе четири години. Ја посетуваат ученици од шесто до осмо одделение. Тука можат да ја покажат својата креативност. Денес оние од повисоките одделенија им беа ментори на помалите,...

Continue reading

logo

Решен проблемот во подрачното училиште во село Рача

Post Views: 8 Проблемот со недостиг на одделенски наставник во подрачното училиште “Григор Прличев“ во село Рача е надминат и решен согласно сите законски прописи и норми. Од 1-ви февруари годинава по претходно добиена согласност од Министерството за образование, со работа почна одделенски  наставник за учениците од прво одделение. Со тоа се надмина потребата од комбинирана паралелка во ова подрачно училиште. Проблемот  беше создаден во учебната 2012/2013 година, кога е формирана една паралелка повеќе, без притоа да се запазат законските норми и принципите за функционирање на образовниот...

Continue reading

greenje

Прекината наставата во струшкото ОУ „Јосип Броз Тито“, нема нафта за греење

Post Views: 0 Денес прекината наставата во ОУ „Јосип Броз Тито“. Учениците и нивните наставници останаа без греење. Нафта за греење нема од средата, но заради поволните временски услови децата доаѓале на училиште, но утрово, со падот на температурата децата не дојдоа в училиште. Претседателот на Советот на родители од ова уличиште Крсте Бунчески напоменува дека ситуацијата со набавка на нафта за греење е тешка. Според него е недозволиво во 21 век среде зима  децата да останат без греење. Смета дека 5те тони нафта кои училиштето досега ги добило за централното и двете подрачни училишта ...

Continue reading

Хорор настан кој ја згрози земјата

Post Views: 1 Учителка избодена со нож, од мајка на една од ученичките, е настанот кој ја згрози цела Франција, и францускиот претседател Francoisa Holland, а се случил пред целото одделение во училиште во градот Albi во Франција. 34 годишната учителка, Fabienne Calmes од добиените повреди починала пред очите на учениците кои имале само 5 до 6 години. Мајката убиец, чиј идентитет не е откриен, упаднала во училницата во моментот кога ѕвончето означило крај на часот. Другите наставници во училиштето ги слушнале криците на шокираните деца, но кога дошле во училницата, несреќната учителка...

Continue reading

deca

Децата не ги заборавија највозрасните

Post Views: 3   Најмладите и највозрасните денес се дружеа преку песна и рецитал. Дечињата од четврто одделение кои се ученици во Основното училиште „Христо Узунов“ го посетија геријатриското одделение при општата болница во Охрид и на неговите пациенти им поделија пакетчиња со овошје и сокови, но им приредија и убава програма од која на старите лица им навреа солзи во очите. Тие беа воодушевени затоа што во нивното секојдневно сивило блесна зрак кој го донесоа децата. Идејата за оваа посета дојде од тоа што оваа недела е светска недела на стари и изнемоштени лица, а нашето училиште...

Continue reading

logo

Училиште од кое се раѓаат таленти

Post Views: 1 Четвртата  генерација  од приватното средно училиште  „Јахја Кемал“, си заминуваат со  успеси и награди. „Во овие 4 години, научивме да се почитуваме меѓусебно и да ги цениме другите“, велат тројцата најдобри ученици од оваа генерација. Александра Дејкоска, Жарко Данаилоски и Ѓоко Костојчиноски, се најдобрите ученици од четвртата генерација на приватното средно училиште „Јахја Кемал“. Дејкоска и Данаилоски   како ученици во ова училиште, последниот успех го постигнаа со освојувањето на средбрен медал на натпреварот во Америка, каде настапија со свој проект за лековитото...

Continue reading

sirma vojvoda

„Сирма Војвода“ се дави во кал

Post Views: 4 Со гумени чизми, најлонски кеси на нозете, испокршени коли, зимно време кал и вирови, летно време прашина, вака години наназад  живеат жителите на дел од улицата Сирма Војвада. Тие велат  дека по ваква улица цела со дупки минуваат секојдневно одејќи на работа, училиште и до болница. Бараат општината да се нафати и да ја асфалтира улицата и потесните улички кои водат до нивните домови. Цветан Андоновски крајно е револтиран од според него неодговорниот однос на надлежните институции за асфалтирање на патиштата. Тој е повратник од Германија и нагласи дека за 40 години колку...

Continue reading

sovet

Домаќински или недомаќински се трошат парите на охриѓани

Post Views: 7 Измените на Програмата за детска заштита за 2013 год., за култура, за образование за социјална заштита и за спорт ги разбрануваа страстите кај советниците. Советникот од ВМРО НП, Јоне Станкоски рече дека работењето на новата локална власт очигледно е недомаќинско бидејќи средствата кои беа наменети за реализација на овие програми сега се планира да се намалат дури за 600 000 евра. Со тоа многу важни ставки од овие програми ќе бидат избришани, додаде Станкоски. Станува збор за лоша проценка, односно планирање на буџетот. Во јуни беше донесена нова програма во која еден...

Continue reading

rabotilnica

Есента-сликар со волшебни бои

Post Views: 12 Есента со сите нејзини бои и убавини прикажана во изработки од пластелин, лисја, овошје, зеленчук и што ли уште не. Дечињата од прво и трето одделение од основното училиште „Григор Прличев“ денес своите ремек дела ги изложија во училишните хоници. Тие преку нив ја покажаа својата креативност и фантазија. Идејата за ваквата изложба потекнала од вработените. Тие биле иницијатори првачињата да направат сликовници на тема есен. Наставничките заедно со учениците собирале суви лисја, шишарки и плодови од кои ги направиле несекојдневните изработки. Ваквата изложба која во...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top