Домаќински или недомаќински се трошат парите на охриѓани

Намалувањето на средствата за реализација на програмите во повеќе области, за едните резултат на недомаќинско работење на локалната, а за другите пак обратно.

 |  Јаковлева Лионела  | 
sovet
совет

Измените на Програмата за детска заштита за 2013 год., за култура, за образование за социјална заштита и за спорт ги разбрануваа страстите кај советниците. Советникот од ВМРО НП, Јоне Станкоски рече дека работењето на новата локална власт очигледно е недомаќинско бидејќи средствата кои беа наменети за реализација на овие програми сега се планира да се намалат дури за 600 000 евра. Со тоа многу важни ставки од овие програми ќе бидат избришани, додаде Станкоски.совет

Станува збор за лоша проценка, односно планирање на буџетот. Во јуни беше донесена нова програма во која еден од капиталните проекти беше и изградба на спортска сала во средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“. Денес се брише таа ставка, како и ставката за осовременување на проектот за физичка култура, проект кој се реализираше и во кој беа вклучени стручни лица во наставата по физичко образование во основните училишта и градинките, поради откриените деформитети кај децата, вели советникот Јоне Станкоски

Координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, Сашо Донев рече дека напротив овие измени на програмите се поради домаќинското работење на локалната. Тој рече дека измените се последица на помалите приходи во буџетот поради враќањето на дел од наследениот долг на општината и дека измените не значат дека програмите во иднина нема да се реализираат.

За проектот во училиштата- едно е да се реализира проект, но за тоа треба средства. Сите тие кои беа претходно ангажирани и ден денес ги бараат своите надоместоци за ангажманот. Така не се реализираат проекти, изјави Донев

Донев конкретно за проектот со кој се планира изградба на спортската сала во средното угостителско училиште Ванчо Питошевски рече дека веќе е започната постапката во Минстерството за труд и социјална политика и истиот ќе биде реализиран.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top