Ознака: ученици

Yahya Kemal

Деветти натпревар за добивање стипендија за англиски јазик во „Јахја Кемал“

Post Views: 57 По деветти пат и годинава, приватното средно училите „Јахја Кемал“организира натпревар за стипендија за изучување англиски јазик. Натпреварот се организира за ученици од деветто оделение за сите училишта од регионот. Инаку досега за учество на годинешниот натпревар пријавени се 220 ученици. {loadposition content9}

Continue reading

св.Климент

Денес е Св.Климент Охридски Чудотворец

Post Views: 0 Македонската православна црква со посебно внимание но и со гордост го празнува споменот на на својот патрон Свети Климент Охридски Чудотворец. Првиот македонски архиепископ, во исто време и творец на далеку познатата Охридска книжевна школа, исто така е најзначајниот средновековен писател и педагог. Со својата активност и со своето дело на повеќе полиња, црковно,просветно, книжевно и.т.н. тој стана заслужен не само за македонскиот народ туку и за целиот христијански свет. Свети Климент заедно со Свети Наум Охридски се најистакнатите ученици на Светите браќа Кирил и...

Continue reading

rakotvorbi

ОУ „Св. Климент Охридски” – Охрид го одбележа – Меѓународниот ден на лица со инвалидност

Post Views: 1 Учениците од посебните паралелки, нивните другарчиња од редовните паралелки, наставниците- дефектолози, наставниците од одделенска и предметна настава и стручните соработници беа учесници во работилницата на која заеднички изработуваа накит. Изработките ќе бидат презентирани на продажната изложба што ќе се организира во чест на Патрониот празник на ова училиште на 04. 12. 2014 во 18,00 часот во НУ Дом на култура ,,Григор Прличев” Охрид, пред отпочнување на свечената приредба. Во ова училиште од 1968 година се реализира настава за лица со пречки во развојот, односно...

Continue reading

saem

Невработени охриѓани, студенти и ученици денеска го посетија првиот Саем за вработување

Post Views: 2 Голем број невработени охриѓани, студенти и ученици денеска го посетија првиот Саем за вработување кој одржа во Спортскиот центар „Билјанини Извори“ со надеж дека ќе најдат вработување или ќе остварат контакт со некој потенцијален работодавач. Саемот се одржа  во организација на  Агенцијата за вработување на Република Македонија. Караванот Саеми за вработување има за цел да ги доближи понудата и побарувачката на труд, со што се влијае како на информираноста на граѓаните за можностите за кариера, така и за увидот кој компаниите го прават на пазарот на труд.   Се надеваме...

Continue reading

ohrid

Охрид заедно со Пловдив ќе развива образовен туризам

Post Views: 7 Охрид заедно со Пловдив ќе развива образовен туризам. Овие два града веќе работат на создавање пакет аранжмани за учениците, студентите и професорите кои ќе можат да патуваат во Македонија и Бугарија и да се запознаат каков е образовниот систем во овие две земји. Идејата ни е сите училишта кои го носат името на Св. Климент Охридски заедно со универзитетот во Софија да можат да испратат ученици и професори во Охрид во посета на училиштата кои тука се викаат Св. Климент Охридски. На овај начин нашите ученици ќе ги видат убавините на Охрид , а вашите ученици на Пловдив...

Continue reading

opstina ohrid

Краен рок за талентираните ученици да аплицираат за стипендии

Post Views: 1 Денеска истекува последниот рок за аплицирање на конкурсот кој го објави општина Охрид за доделување стипендии на талентирани ученици од охридските основни и средни училишта за учебната 2014/2015 година. Според планираното ќе бидат доделени 15 стипендии за талентираните ученици од VIII и IХ одделение од општинските основни училишта и 20 стипендии за талентирани ученици  од II, III и IV година во средните училишта на подрачјето на општина Охрид. Висината на стипендијата ќе изнесува 1.500 денари месечно за девет месеци во текот на  учебната година. Исто така денес истекува...

Continue reading

школо

Помал број првачиња во Охрид, родителите емигрираат во странство

Post Views: 1 Продолжува  намалувањето на  првачиња кои треба да се запишат во некое од 8-те  основни училишта во Охрид и околните селски населби. 660 деца кои се родени во 2008 година  во оваа учебна година треба да стартуваат во прво одделение, информираат од подрачната единица на министерството за образование.  Но, овој број  не се совпаѓа со бројот запишани првоодделенци во охридските училишта. Од општинското одделение за образование  потврдуваат  дека во моментов се запишани  511 првачиња. Состојбата е можно да претрпи мали измени затоа што во месец агуст ќе следува и вториот...

Continue reading

osnvci gen 1948/49

Учениците од генерацијата 1948/49 со почит возвраќаат на училиштето Григор Прличев

Post Views: 2 Со донација од поранешни ученици, во ОУ Григор Печичев  ќе се доопремат санитарните јазли во старата зграда. Трисеттина ученици од генерацијата 1948/49 собраа парични средства во висина од околу 1500 долари за да го поправат осветлувањето во училишните тоалети. Александар Сталески кој живее во Индијана, САД,  вели дека тој и неговите соученици  се вклучиле во акцијата секој  колку што може. Ние имаме должност кон училиштето кое засекогаш е во нашите спомени,  да бидеме општествено одговорни и да ги подобриме условите во училиштето, во кое сега учат нашите внуци.„ Мене...

Continue reading

екстерно

Започнаа уписите во среднообразовните училишни центри

Post Views: 2 Во гимназијата Св. „Климент Охридски“ со завршено основно училиште ќе се запишат 272 ученици во осум паралелки. Новина е што годинава  економското училиште и медицинската паралелка се одделуваат од гимназизското. Па така во средното општинско стручно училиште „Св. Кирил и Методиј“ односно во економското училиште ќе имаат можност да се запишат вкупно 170 ученици. Од нив 136 во економско-правната и трговската струка, а 34 ученици во здравствената струка. Уписите се спроведуваат денес и на 25 јуни. Ланската година паралелките броеја околу 25-27 ученици па се очекува тој...

Continue reading

eksterno

Каде во средно

Post Views: 5 Заврши учебната година. Со тоа завршуваат и маките на учениците, но оние кои треба да го продолжат образованието во средните училишта ги чека уште еден напор. Пред да го направат изборот треба добро да размислат што ќе е најдобро за нив и каква ќе биде нивната професионална иднина. Во нашиот град има три среднообразовни центри. Секој од нив со свои специфичности и понуда. Во гимназијата Св. „Климент Охридски“ вообичаено се запишуваат околу 400 ученици. И годинава остануваат истите паралелки, осум гимназиско образование, четири економска струка и една медицинска паралелка....

Continue reading

МП

Гала концерт во чест на 5 децении постоење на ОМУ Методи Патчев

Post Views: 1 Одржан гала концерт во чест на 5 децении постоење на ОМУ Методи Патчев.  Околу 50тина учесници  во орекстарот и хорот во катедралната црква Св Софија исполнаа музички нумери достојни за одбележување на еден ваков значаен јубилеј. Директорката на училиштето Нина Момироска  упати благодарност до голем број нејзини поранешни колеги кои во изминативе години оставиле дел во мозаикот на музичкото училиште Методи Патчев.  За гала концеротот директорката Момиорска рече дека идејата била во програмата да  земат учество сите кои биле дел од ова музичко училиште.„ Поддршка добив...

Continue reading

eksterno

Започна екстерното тестирање

Post Views: 4 Основците и средношколците од охридските училишта денеска го полагаа првиот екстерен предмет. Учениците за денешниот екстерен тест, како и за вториот имаа на увид 60 илјади прашања. Бројот на прашања кои се на тестот зависи од тоа колку предметот е застапен неделно во наставата. Има некои прашања кои не сме ги учеле на часови значи има други лекции, а тие ни поставуваат други прашања, велат некои од учениците кои ги анкетиравме. Други додаваат дека прашањата не биле исти како оние кои беа објавени на сајтот на Министерството за образование. Во електромашинскиот образовен...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top