Post Views: 4
Независната угостителска комора (НУК) смета дека новите протоколи од Комисијата за заразни болести поврзани со организирањето на прослави, веселби и свадби наместо позитивно да влијаат, ќе предизвикаат хаос во работењето на угостителските објекти.Да не се чудиме ако од утре во сите угостителски објекти имаме секој ден пладневни и вечерни свадби се со цел да овозможиме присуство на музичари и постанеме држава во која ќе има и по илјада свадби на ден поготово преку викенди, велат од НУК.
– Комисијата за заразни болести и понатаму не се одвикнува од правилата за предлагање...
Post Views: 1
Од четврток угостителските објекти ќе работат до 21 часот, информира денес Министерот за здравство Венко Филипче.
„Денеска на седница на Влада, усвоивме предлог, од 21.01 работното време на угостителските објекти да биде до 21 часот. Следната недела откако ќе ја анализираме епидемиолошката состојба во земјата, можно е дополнително олабавување на мерките, односно работното време на угостителските објекти да биде до 23 часот“ напиша на својот фејсбук профил Министерот за здравство Венко Филипче.
Post Views: 10
Кризниот штаб од Вевчани одржа он лине состанок на барање на вработените во Здравствениот дом „Д-р Светозар Чочороски“ и дел од угостителите. Во општината има неповолен развој на корона пандемијата и расте бројот на инфицирани од вирусот, информира градоначалникот Сашо Јанкоски. На состанокот се разгледаа сите опции како да се сопре пандемијата. Се упати апел до вевчанци да ги почитуваат строго сите мерки од Комисијата за заразни болести. Исто така, угостителите да ги затворат угостителските објекти на една недела, вели градоначалникот Јанкоски.
„Таму има најмногу дружење,...
Post Views: 0
Со цел доследно спроведување на хигиенско-безбедносните протоколи за работа на кафетериите и угостителските објекти за исхрана во Охрид и поголема заштита од вирусот Ковид 19, денеска СВР Охрид одржа работен состанок со претставници на угостителските објекти и надлежниот пазарен инспекторат. На угостителските работници им била нагласена неопходната примена и строго придржување до сите одредби на владата и комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, со цел спречување на внесување и ширење на заразниот вирус, придржување до работното време и до другите...
Post Views: 13
Угостителските објекти на плажите од Далјан до Пештани под лупа на Државниот пазарен инспекторат и УЈП. Инспекторите од ДПИ изрекле опомена на објектите кои биле затекнати да работат на плажите каде се истечени договорите за закуп и им дале рок да затворат до крајов на месецов. Ова доаѓа откако Владата со Уредбата за враќање на плажите во првобитна состојба ги овласти ДПИ и УЈП да вршат контрола на работата на угостителската дејност на економските оператори на крајбрежјето на Охридското Езеро и да затвора објекти.
„Веќе Државниот пазарен инспекторат излезе на терен...
Post Views: 6
Владата на Македонија на редовната 115-та седница, согласно моменталната епидемиолошка состојба во државата, на предлог на Комисијата за заразни болести ги донесе следните заклучоци:
– Се дозволува организирање и одржување на семинари, обуки, курсеви, состаноци, работилници, конференции и слично, во затворениот дел на објектите до 50% исполнетост од капацитетот на просторот.
– Се дозволува работа на барови и ноќни клубови – дискотеки, како и на угостителските објекти кои се регистрирани за прослави (веселби, свадби, родендени, крштевки и слично) во...
Post Views: 6
Вообичаено посетеноста на гости за време на Велигденските и првомајските празници во охридско- струшкиот регион беа репер каква ќе биде претстојната летна сезона. Но, моменталната ситуација со коронавирусот во светот повеќе е од јасна дека ќе има негативни последици врз домашниот туристички сектор, вели Цветко Андреески декан на охридскиот Факултет за туризам и угостителство. Туризмот е во потешка ситуација во споредба со угостителството без разлика колку ќе трае оваа ситуација. Колку подолго ќе трае пандемијата толку ќе биде се потешко, напоменува деканот.
„Според истражувањата...
Post Views: 1
Во Охрид затворени 90 угостителски објекти. Градот функционира во согласност со мерките за превенција од Корона вирусот, препорачани од националната комисија формирана за превенција и заштита од Ковид 19. Пазарната инспекција заедно со полицијата контролира дали се почитуваат препораките.
Ние од четвртокот сме постојано на терен деноноќно и цело време ги следиме мерките кои ги носи Владата. Од кога се донесе мерката за целосна забрана за работа на угостителските објекти секојдневно ги контролираме заедно со полицијата, објаснува Цветко Ристески- пазарна инспекција.
Од...
Post Views: 3
Владата на денешната редовна 113-та седница, меѓу другото, согласно моменталната епидемиолошка состојба во државата, усвои измени и дополнувања на ковид протоколите за работата на угостителските објекти (кафетерии и објекти за исхрана). Со овие измени и дополнувања се укинува ограничувањето на максимално дозволениот број на лица на една маса во кафетериите, рестораните и во рестораните на хотелите, како во отворените така и во затворените делови на овие угостителски објекти.
Дополнително е усвоена и измена на ограничувањето на исполнетоста на капацитетите на овие угостителски...
Post Views: 1
Угостителите кои имаат објекти со платформи во езерото денеска на нивна иницијатива беа на средба со градоначалн икот Константин Георгиески и претставник од Министерството за транспорт и врски. Каква ќе биде судбината на платформите, дали тие ќе се рушат зависи од одлуките кои ќе бидат донесени на седницата на градскиот Совет во четврток кога на дневен ред е акцискиот план за препораките од унеско. Засегнатите угостители велат дека се зависи од тоа како акцискиот план ќе биде презентиран пред советниците а нивниот став по истиот ќе биде клучен со каква визија ќе се...
Post Views: 2
Угостителските објекти ќе работат уште еден час подолго. Советот на општина Охрид на денешната седница ја прифати предложената одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти. За 1 час ќе биде продолжено времето овој месец и тоа во деновите:20,21,26,27 и 28ми јули.
Во август угостителите ќе работат еден час подолго 13 дена ( 02,03,04,10,11,13,17,18,24,25, 26,28 и 31.08.2018 година) , во септември 3 дена и тоа 01,07 и 08ми септември, исто така и на 11ти октомври и на 07,08, и 09 декември годинава.
Советниците за 2 часа го продолжија работното време...
Post Views: 1
Нема клуч на врата за ниту еден угостителски објект во Охрид и Струга, покажале вонредните контроли направени од инспекторите од Агенцијата за храна и ветеринарство. Тимот на ветеринари и инспектори за храна во контролираните објекти пронашле прекршувања од типот на неажурирани записници според ХАСАП системот, нечитливи декларации на производите, неуреден санитарен преглед на вработените или фрижидери со неисправни термостати. Со вонредни испекциски контроли во туристичките места инспекторите ги контролирале хотелите, детските одморалишта, сендвичарите, слаткарниците,...