Угостителските објекти во Охрид почитуваат вонредни мерки

Во Охрид затворени 90 угостителски објекти. Градот функционира во согласност со мерките за превенција од Корона вирусот. Од Пазарната инспекција велат дека до овај момент се ппочитуваат мерките. Доколку има прекршувања веднаш ќе се пристапи кон санкционирање и казнување.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Во Охрид затворени 90 угостителски објекти. Градот функционира во согласност со мерките за превенција од Корона вирусот, препорачани од националната комисија формирана за превенција и заштита од Ковид 19. Пазарната инспекција заедно со полицијата контролира дали се почитуваат препораките.

Ние од четвртокот сме постојано на терен деноноќно и цело време ги следиме мерките кои ги носи Владата. Од кога се донесе мерката за целосна забрана за работа на угостителските објекти секојдневно ги контролираме заедно со полицијата, објаснува Цветко Ристески- пазарна инспекција.

Од пазарната инспекција во Охрид ангажирани се шест инспектори и засега се доволно за да ги вршат редовните контроли, кажува Ристески. Од Еснафот на угостители на Охрид ги прифаќаат и во целост ќе ги почитува препораките на Владата за заштита од корона вирусот, но се надеваат дека ваквата состојба ќе се надмине, посочувајќи дека неминовно ќе претрпат штети од новонастанатата ситуација.

До овај момент се придржуваат на мерките. Доколку има прекршувања веднаш ќе се пристапи кон санкционирање, казнување и тн., објаснува Ристески.

Инаку, покрај забраната на работата на кафетериите, рестораните и останатите угостителски објекти, во градов се почитува и забраната за секакви јавни и приватни собири, кино проекции, театри, спортски натпревари, обложувалници и казина.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top