Ознака: страна

saso alce

Се е лага

Post Views: 2   ВМРО ДПМНЕ на своите пресс конференции континуирано ги лаже граѓаните. Нема да дозволиме охриѓани да помислат дека овие лаги се вистина, рече директорот на ЈП „Охридски комуналец“, Сашо Алче како реакција на обвинувањата упатени кон ова ЈП од страна на ВМРО ДПМНЕ, а во врска со најновите вработувања. Пред околу еден месец ја обвинија Локалната дека не аплицирала на владиниот проект за вработување на лица постари од 50 год. или нискоквалификувани кадри, а сега не обвинуваат за новите вработувања, вели Алче. 21 лице кои се нововработени се реална потреба за обавување...

Continue reading

lekovi

Матичните лекари со нов режим за препишување лекови од 2013

Post Views: 0 Новини во договорите кои Фондот за здравствено осигурување на Македонија ги потпишува со матичните лекари. Овие договори кои се потпишуваат секоја година, од почетокот на 2013 година ќе имаат повеќе измени меѓу кои и нов режим на издавање на лекови од страна на матичните лекари. Склучувањето на договорите е во тек, а веќе од почетокот на новата година, тие договори ќе стапат и на сила. „Има режим на препишување на лекови во кој режим на препишување, е строго дефинирано од страна на еминентни стручњаци, кажано е кој лек-кој го препишува, кој лек-како се дава, како се...

Continue reading

gimnazija

Безбедни училишта

Post Views: 0 Ќе се подигнува нивото на безбедност во охридските образовни институции. Оваа најава доаѓа од раководителот на одделението за образование при локалната, Серафим Наумоски. Тој нагласи дека дека во тек е постапката за избор на Агенција за обезбедување, чии што ангажман ќе биде платен со буџетски средства на општината предвидени за тоа. Наумоски потенцира како во моментов е организирано обезбедувањето од нивна страна во училиштата. „Одреден број на училишта имаат обезбедување односно видео надзор, кај одредени училишта немаме, меѓутоа општината чинеше напори во текот на...

Continue reading

sednica sovet Ohrid

Каде се парите за јавна чистота?

Post Views: 3   Советничката група на ВМРО ДПМНЕ прашува каде се средствата собрани од наплатата на давачката за  јавна чистота која граѓаните веќе една година му ја плаќаат на ЈП Охридски Комуналец. Тие тврдат дека при анализа на приходната страна на буџетот на Општина Охрид увиделе дека овие средства не се прикажани. Објаснуваат дека како што се прикажани средствата кои ЕВН ги прибира од граѓаните по основ јавно осветлување исто така во приходната страна од буџетот треба да ги има и овие средства. За советниците од ВМРО ДПМНЕ не е јасно зошто Локалната во посебна расходна програма...

Continue reading

akcija MVR

МВР спроведе вежба за прекуграничен криминал

Post Views: 13 МВР откри и спечи меѓународен канал за прекуграничен криминал. Во рамки на вежбата крималците беа фатени од страна на специјалните единици при примопредавањето на робата, поточно размена за пари.  Оваа вежба која е дел од проектот ИЛЕКУС 2, денеска ја изведе специјалната единица на МВР пред  раководител на проектот ИЛЕКУС 2 од сојузната криминалистичка полиција на Австрија, пред полициски службеници, обвинители од  Македонија, Косово и Албанија, новинари.Целта на вежбата беше пронаоѓање на сторителите на криминалните активности и нивно лишување од слобода во рамки на...

Continue reading

drilon

Испуштениот фосфор во близина на Поградец не е еколошки инцидент, велат од албанската страна

Post Views: 0  Еколошко згадување со испуштање фосфор се случи викендов на албанската страна на Охридското Езеро, кај селото Дрилон, 3 и пол километри  до граничниот премин „Св. Наум“. Првичните информации  укажуваат дека се работи за загадување на Охридското Езеро со фосфор, мошне опасна материја која го забрзува процесот на стареење на езерото. Аријан Мероли од Билатералниот Секретаријат за заштита на Охридското Езеро од Албанска страна негира дека станува збор за еколошки инцидент. Објаснува дека е вообичаен процес на третирање на отпадните води и дека во моментот тоа може да се...

Continue reading

sednica sovet Ohrid

Ребалансот на буџетот ги размрда советниците

Post Views: 5 54-тата седница на Советот на Општина Охрид невообичаено кратака. На дневен ред беа ставени само четири точки и уште една дополнителна  која беше додадена на барање на Комисијата за финансии и буџет. Советниците на првите три точки беа прилично комотни. Но, атмосферата се загреа кога на ред дојде четвртата точка- Одлуката за изменување и дополнување на Буџетот на единицата на Локална самоуправа Охрид за 2012 година. За опозицијата нема никаква оправданост да се прави ребаланс на буџетот бидејќи како што потенцираа тие уште при неговото донесување укажувале дека проекцијата...

Continue reading

sud

Одложен судскиот претрес против двајцата обвинети за педофилија

Post Views: 10 Одложен повторениот претрес за преметот на педофилија кој се случи минатата година во Охрид. Причина, неизготвеното вештачење од релевантниот институт во Скопје како и поради неприсуство на прво обвинетиот кој се наоѓа на неуропсихијатрискo набљудување. После изречената првостепена пресуда од страна на Основниот суд во Охрид,10 години затвор за кумановчанецот Далибор Јакимовски и 3 год и 6 месеци за струмичанецот Горанчо Ѓорѓиев, на барање на бранителите на обвинетите, предметот беше обжален. Како што ТВМ минатата година информираше, прво овинетиот Далибор се терети...

Continue reading

taxi

Паркинзите под лупа на општината и СВР

Post Views: 6 Охридските таксисти се соочуваат со еден голем проблем. Тие не сакаа јавно да зборуваат пред камерата на ТВМ, но укажаа дека неколку месеци се неми сведоци на според нив невиден монопол од стрна на закупецот на паркинзите на градскиот плоштад. Додека возилата од неколку охридкси такси компании построени чекаат клиенти пред поштата, местото определено за нив, само една такси компанија  го собира медот. Станува збор за такси компанијата Сузуки, чии што сопственик воедно е 5 годишен концесионер во тој дел на централното градско јадро, согласно договор склучен помеѓу ЈП...

Continue reading

konsultacii vmro

Консултативна средба на ВМРО- ДПМНЕ

Post Views: 3 Консултативни средби помеѓу охридските советници и пратеници на ВМРО – ДПМНЕ. Оваа средба е во насока да се зацврсти добро проверената пракса, координирано делување на локално и централно ниво околу бранењето на интересите на Охрид, вели координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ Дејан Паноски. Тој додава дека интересот на Охрид е сериозно нарушен од узурпираното мнозинство во Советот бидејќи одлуките кои се носат во Советот не се во интерес на граѓаните туку се бранат личните интереси на поединци. „Тие одлуки допрва штетно ќе се чуствуваат во Охрид. Ние сакаме...

Continue reading

drva za ogrev

Пензионерите сеуште ги чекаат дрвата за огрев

Post Views: 2 Нова сезона – стари маки. Иако се подготвуваме за зима, пензионерите сеуште не ги добиле огревните дрвата за кои одамна плаќаат рати. Тие стравуваат дека доколку не се забрза постапката годинава ќе смрзнуваат. Од здружението на пензионери велат дека и покрај тоа што години наназад имале проблеми со доставата на дрва до нивните членови, потенцираат дека оваа појава годинава е посебно изразена. „Иако пензионерите уредно  си ги плаќаат ратите за дрвата, тие сеуште не им се испорачани, поради што нашите членови бараат да им ги вратиме парите“, вели претседателот на здружението...

Continue reading

dileri

Кој и како лови во матно?

Post Views: 3   Велосипед агенции. Ова е терминот кој охриѓани масовно го користат, а се однесува на мобилните посредници помеѓу приватните станоиздавачи и гостите. Ваквите дилери многу често се среќаваа по охридските улици и ова лето. Дeл од станоиздавачите со кои контактиравме а кои сакаа да останат анонимни велат дека им нанесуваат голема штета затоа што тие всушност ја дикрираат цената за сместување. Само за пример, ако по кревет станоиздавачите бараат 300 ден., посредниците бараат 350 од кои 50 денари се провизија за нив. Оваа појава им е добро позната на општинските инспектори.Раководителот...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top