Паркинзите под лупа на општината и СВР

Дел од охридските таксисти се жалат на монопол на паркингот кај градскиот плоштад.

 |  Николоска Биљана  | 
taxi
такси

Охридските таксисти се соочуваат со еден голем проблем. Тие не сакаа јавно да зборуваат пред камерата на ТВМ, но укажаа дека неколку месеци се неми сведоци на според нив невиден монопол од стрна на закупецот на паркинзите на градскиот плоштад. Додека возилата од неколку охридкси такси компании построени чекаат клиенти пред поштата, местото определено за нив, само една такси компанија  го собира медот. Станува збор за такси компанијата Сузуки, чии што сопственик воедно е 5 годишен концесионер во тој дел на централното градско јадро, согласно договор склучен помеѓу ЈП Билјанини Извори на почетокот на месец јули годинава. taksistiТаксистите на оваа компанија иако согласно режимот на сообраќај на општина Охрид не смеат да паркираат на кружниот тек на плоштадот, не само што паркираат, туку на готово ги земаат бројните гости, нагласија таксистите кои се засегнати од овој проблем, а на кои само за влез им се наплатува по 50 денари, ускратувајќи им го правото на 15 минутно бесплатно задржување во таа зона како што е предвидено согласно одлуката на Совет.

Од компанијата Сузуки каде што побаравме став за ваквите обвинувања од дел од охридските таксисти, кратко ни кажаа дека паркингот на градскиот плоштад е во нивно владение и нормално е нивните возила да бидат на некој начин привилегирани, а ги отфрлија обвинувањата за  монопололски однос.

Раковоодителот  на секторот за сообраќај и комунален развој Зоран Шикалоски, вели дека како Локална не треба да стојат на страна од овој проблем, бидејќи очигледно е дека последниве два месеци се работи надвор од сите законски нормативи.

taksisti„Договор е склучен помеѓу ЈП и закупецот само по однос на паркинг местата. Нема никаков договор за движењето на возила на тој дел од градот и движењето на возилата треба да биде неограничено. По однос на таксистите на градскиот плоштад согласно одлуките на Советот на општина Охрид не постои такси станица и надлежните органи треба да преземат мерки против сите прекршители кои го реметат режимот на сообраќај на тој дел од градот значи тоа важи за сите тие таксисти кои влегуваат таму без или со одобрение со наплата или без напалта значи на било кој начин работаат спротивно на законските одредби“.-вели Шикалоски.

Од СВР Охрид информираат дека точна е констатацијата не само на дел од таксистите туку и од останатите учесници во сообраќајот во тој дел, дека постои монопол од страна на закупецот на паркингот во тој дел и веќе имаат преземено мерки. На разговор бил повикан концесионерот на паркингот кој негирал дека постои таква слика на градскиот плоштад, но според увидената состојба од страна на полициските службеници факт е дека тоа се случува. Исто така од СВР брифираат дека до општина Охрид додтавено е барање за отстранување на рампите, железните и бетонските препреки, бидејќи не биле во функција на наивната намена.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top