Post Views: 8
Што и се случи вчера на Македонија? Дали она што синоќа целокупната македонска јавност го гледаше во етерот, а се случуваше пред вратите на објектот во кој е сместена А1 телевизија, значи морален крах – и на националниот медиум и на државата.Многу прашања останаа да лебдат во воздух, за кои најверојатно никогаш нема ни да ги слушнеме вистинските одговори. Дали навистина Управата за јавни приходи не можела 16 месеци да допре до финансовата евиденција на фирмите на Рамковски, па морала да побара асистенција од Министерството за внатрешни работи за да дојде до нив?...
Post Views: 4
Со сеуште свежи сеќавања од посетата на Кина, од пред околу 5 години, градоначалникот на Охрид Александар Петрески, ја најави посетата на високата делегација од градот Далиан. Придружуван од тогашниот претседател на Советот на општината Владо Чинго и Венко Шапкар, Петрески со воодушевување ги пренесе своите импресии за ова специфично место. Но и во оваа пригода не испушти да ја искритикува актуелната власт на ВМРО – ДПМНЕ, која не го поканила минатата година, при посетата во Кина.
Постојат реални изгледи збратимувањето со кинескиот град Далиан да резултира со...
Post Views: 1
Потсетување на реализираните хуманитарни акции и поттикнување на интерес за нови. Ова беше главната цел на денешниот прес на охридските лајонисти од клубот „Охрид“. Тие потсетија дека хуманитарните дела во денешно време се повеќе од потребни.
„Лајонизмот делува јавно, тоа треба да се знае“. Охриѓани не се доволно информирани за бројните активности на лајонистите од Охрид, кои што се спроведени во периодот од 4 години, вели портпаролот на Лајонс клубот „Охрид“, Ѓоко Апостолов. Тој кажа дека нивниот клуб се издвојува од останатите, не само по тоа што се првоформирани...
Post Views: 1
Една милијарда и дваесет милиони. Толку многу луѓе во светот страдаат од хронична неухранетост. Во Охрид гладуваат повеќе од 800 семејства. Црвениот крст од Охрид спроведува кампања за помош на оние кои се најпогодени од оваа екстремна форма на сирмаштија. Кампањата е поделена на неколку активности со кои отаму, се надеваат дека барем малку ќе им помогнат на оние на кои помошта им е најпотребна. Охриѓани, се борат со немаштијата. Некои повеќе, некои помалку свесни за големиот број на нивни сожители кои за жал, гладуваат.
Предвидени се голем број активности кои ќе бидат...
Post Views: 9
Во Охрид и Струга се одбележа меѓународниот Ден на мирот, 21–ви септември. Сојузот на борците и нивните почитувачи одржаа марш под мотото „Ветераните чекорат за мир“. Во Охрид маршот започна во 11 часот од пред Сојузот на борците за да пристигнат на градскиот плоштад. Точно на пладне на сите паднати жртви за мирот им беше оддадена почит со едно минутно молчење. На собирот на ветераните имаше и основци кои дојдоа да го одбележат заедно Меѓународниот ден. Претседателот на Сојузот на борци Гоце Георгиески истакна дека трета година се чествува меѓународниот ден на мирот ...