Post Views: 4
По срамниот пораз од 1-5 на гостувањето кај Србија во последниот натпревар од квалификациите за Мундијалот во Бразил и катастрофалното последно место на табелата во групата А, видно е разочарувањето кај нашиот најдобар фудбалер.“Не можам повеќе да молчам и да гледам како тонеме. Ова што се случува со репрезентацијата е една голема срамота. Како капитен имам обврска да ја преземам комплетната одговорност за очајниот пласман во квалификациите кои се зад нас. Нема да барам никакво алиби. Јас, Горан Пандев, сум главниот виновник поради тоа што репрезентацијата не оди...
Post Views: 5
Кошаркарската репрезентација на Франција ја растури Литванија во финалето на 38-то издание на Европското првенство и за прв пат во историјата ја освои европската круна.
Откако им ја одземаа круната на Шпанците во полуфиналето, кошаркарите на Франција потврдија дека во моментов се најдобри во Европа со високата победа над Литванија на финалниот натпревар во салата Стожице во Љубљана.
Французите го надскокаа противникот на стартот и направија мала предност, но Литванците го имаа расположениот Клеиза кој го иницираше пресвртот и по првиот период тие водеа со 19:22.
Кошаркарите...
Post Views: 3
Поранешниот селектор на хрватската фудбалска репрезентација, Славен Билиќ, следната сезона ќе го предводи турскиот Бешикташ.
Турските медиуми јавуваат дека Билиќ со Бешикташ потпишал двегодишен договор и дека ќе заработува околу два милиони евра годишно.Клубот од Истанбул до пред неколку дена преговараше со Роберт Просинечки, но управата на Кајзери одби да го пушти.
Бешикташ сезоната ја заврши на третото место, зад најголемите конкуренти Галатасарај и Фенербахче и ќе игра во Лига Европа.Билиќ беше опција за клупата на Бешикташ и минатата сезона, но тогаш тој се одлучи...
Post Views: 15
Фудбалската репрезентација на Македонија, сосема очекувано, после двата пораза од Белгија во квалификациксиот циклус за престојното СП 2014, доживеа пад од десет позиции на најновата ФИФА ранг-листа.
Нашиот национален тим е на 83. позиција со 441 бод, најблиску до нас, кога се во прашање противниците во квалификацискиот циклус е репрезентацијата на Шкотска која е на 77. позиција.
Скок од 20. места забележа селекцијата на Велс која сега е на 49. позиција. Пад од пет позиции забележа репрезентацијата на Србија која е на 40. место, а Белгија е на одличната 16. позиција.
Најголем...
Post Views: 2
Светскиот ракометен шампион репрезентацијата на Шпанија пристигна во Скопје, а веќе утре „Црвената фурија“ ќе излезе на мегдан со репрезентацијата на Македонија во квалификацискиот натпревар за пласман на Европското првенство во Данска идната година.
Во составот на Шпанците ќе недостасуваат двајца стандардни играчи, Сармиенто и Агинагалде кои се повредени.
Денеска шпанската репрезентација ќе има прием кај шпанскиот амбасадор во земјава, а вечерва ќе го одработи и единствениот тренинг во СЦ „Борис Трајковски” каде утре од 17.45 часот е првиот од двата дуели со Македонија.
{loadposition...
Post Views: 16
УЕФА го има крајниот збор дали македонската фудбалска репрезентација на европско првенство ќе игра во старите црвено жолти дресови, откако новите дресови во бордо боја не беа прифатени од јавноста. Од ФФМ велат дека не може да кажат колкави ќе бидат финансиските загуби додека се чека на одлуката.
ФФМ ги врати старите дресови во игра за претстојното европско фудбалско првенство, откако донесе одлука да го послуша гласот на јавностa. Сега се чека на УЕФА. Реакциите за новите дресови пред се беа за изборот на нивната боја. Наместо црвена, националниот тим беше предвидено...
Post Views: 2
Ширум светот, синоќа се одиграа голем број пријателски натпревари, кои за фудбалските селекции се последен тест пред продолжување на квалификациите за пласман на Светското првенство. Македонската репрезентација, со фуриозна игра во првото полувреме, ја прегази Данска со 3:0. Покрај Македонија, победи во контролните натпревари забележаа и останатите пет селекции кои се натпреваруваат во А-групата. Хрватска, во Лондон, ја победи Јужна Кореја со 4:0, Србија на Кипар се радуваше со 3:1, Шкотска минимално ја победи Естонија со 1:0, додека победи од 2:1 забележаа Велс над...
Post Views: 7
Капитенот на Ливерпул и на англиската фудбалска репрезентација, Стивен Џерард, е избран за најдобар играч во Англија за 2012 година во изборот на ФА.
Фудбалската Асоцијација на Англија овој избор го организираше со гласање на стручни лица од сферата на фудбалот, но и на фановите по пат на интернет, па така овојпат гласаа преку 180.000 навивачи, најмногу по 2003 година, кога ова признание му припадна на Дејвид Бекам.
За најдобар млад фудбалер на Англија беше избран Џордан Хендерсон, исто така од Ливерпул, со што овој клуб, интересно, ги има најдобрите англиски фудбалери...
Post Views: 7
Агенцијата за млади и спорт синоќа ги прогласи стрелачката Оливера Наковска – Бикова и ракометарот Наумче Мојсоски за Спортисти на годината. На гала свеченоста во Македонската опера и балет двете спортски ѕвезди беа избрани за големите постигнувања во 2012 година.Наковска – Бикова на Параолимписките игри во Лондон освои златен медал и собори светски рекорд, додека Мојсоски со ракометната репрезентација на ЕП во Србија го освоија 5. место, а со Металург имаа сезона за паметење во Лигата на шампионите, додека во домашното првенство ја освоија титулата.За најуспешен спортист...
Post Views: 3
Македонската ватерполо репрезентација потврди дека ќе учествува на квалификацискиот турнир во Едмонтон, Канада, за место на Олимписките игри, откако доби покана по откажувањето на селекцијата на Нов Зеланд. Со ова тие се трета македонска селекција, по кошаркарите и ракометарите, кои ќе се борат за учество на претстојната Олимпијада во Лондон.На квалификацискиот олимписки турнир ќе настапат 12 селекции, а виза за Лондон обезбедуваат најдобрите четири. Турнирот ќе се одржи од 1. до 8. април, а жрепката на групите е закажана за 19 февруари во Лондон. Македонските ватерполисти...
Post Views: 2
Повеќе илјади граѓани на плоштадот „Македонија“ ги дочекаа ракометарите кои од Србија се вратија како петта европска ракометна сила. Капитенот Кире Лазаров е убеден дека историскиот успех ќе се повтори на Летните Олимписки игри во Лондон, а селекторот Шундовски кажа дека Европа сега ја смета Македонија за европска велесила.
Македонската ракометна репрезентација беше пречекана уште на граничниот премин „Табановце“,претпладнево од паркингот на спортскиот центар „Борис Трајковски“ со десетина автобуси на ЈСП Скопје заминаа на граничниот премин за да ги пречекаат ракометните...
Post Views: 5
Ветеранот во редовите на македонската ракометна репрезентација, 39-годишниот Стевче Алушовски, кој синоќа заедно со капитенот Кире Лазаров беше најдобар стрелец во редовите на „црвено-жолтоте“ со 7 постигнати голови, изрази задоволство по ремито со Шведска (26-26) и покрај пропуштените шанси за победа.
– Да се одигра нерешено со четвртопласираната репрезентација од последното Светско првенство за нас е голем успех. Одигравме добар натпревар, но направивме многу грешки со играч повеќе во нападот. Шведска е репрезентација која ја казнува и најмала грешка, па затоа...