Си оди ли Пандев од Фудбалската репрезентација на Македонија?

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, во интервју за весникот “Македонски Спорт”, најави повлекување од националниот тим.

 |  Голабовски Крсте  | 
Goran Pandev
Горан Пандев

По срамниот пораз од 1-5 на гостувањето кај Србија во последниот натпревар од квалификациите за Мундијалот во Бразил и катастрофалното последно место на табелата во групата А, видно е разочарувањето кај нашиот најдобар фудбалер.
“Не можам повеќе да молчам и да гледам како тонеме. Ова што се случува со репрезентацијата е една голема срамота. Како капитен имам обврска да ја преземам комплетната одговорност за очајниот пласман во квалификациите кои се зад нас. Нема да барам никакво алиби. Јас, Горан Пандев, сум главниот виновник поради тоа што репрезентацијата не оди на СП во Бразил и е последна во групата”, изјави Пандев за “Македонски Спорт” и додаде:

Goran Pandev“Како резултат на сето ова се повлекувам од понатамошните настапи во дресот со државниот грб. Слободно за сите проблеми, не само во репрезентацијата туку и во комплетниот фудбал во Македонија, може да ме обвините мене и само мене. Може да ме пцуете, навредувате, критикувате… Да зборувате дека сум најголемо “дрво”. За сe сте во право само ако тоа ве прави среќни и само ако јас сум виновникот за очајните резултати. Одлучив гласно да коментирам затоа што јавноста треба сe да знае за случувањата во и околу националниот тим”.

Фудбалерот на Наполи смета дека и луѓето од Фудбалската Федерација на Македонија треба да се повлечат.Што ќе се случува во иднина останува да видиме, но едно е јасно, потребни се темелни промени, не само во репрезентацијата, туку во фудбалот во нашата држава воопшто и веќе еднаш сериозно да се зафатиме со работа и истата да ја сработиме професионално до крај, бидејќи фудбалот е сепак најважната споредна работа на светот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top