Post Views: 3
Доцни изградбата на ботаничката градина на ФТУ. Уште пролетта беше најавено дека овој комплексен проект треба да биде завршен за 15 месеци, а постапката за распишување на тендер требаше да започне веднаш после изборите кои се одржаа во април. Ботаничката градина е дел од проектот во кој учествуваат четири партнери, Општина Охрид, Општина Воден, ФТУ од Охрид и ФТУ од Солун. Вкупната сума која е одобрена од ИПА фондовите е 600 000 евра од кои ФТУ добил околу 60 000 евра. Од нив 27 000 евра ќе бидат употребени за набавка на софистицирани апарати за опремување на кујната,...
Post Views: 2
Директорот на Меѓуопштинскиот Центар за социјална работа, Екрем Каљоши во посета на туристичката населба Пештани, за да ги слушне проблемите на луѓето кои се под социјален ризик. Одзивот на мештаните беше слаб, но сепак и оние малку присутни, го поздравија Владиниот проект „отворени социјални денови“ во руралните средини и го изнесоа нивното мислење во врска со средбите од ваков карактер. Тие бараат поголема вклученост на институциите не само на Центарот туку и на Локалната самоуправа на Охрид.
„Имам болно дете од аутизам и задоволна сум од услугите од Центарот, но...
Post Views: 1
Mанифестацијата „Охридска Софра“ која требаше утре да се одржи , во селото Скребатно, се одложува. Неофицијално причина за одложувањето е вчерашниот немил настан, убиството на двајцата охриѓани од кои едниот по потеко бил од Скребатно. Организаторите на манифестацијата за новиот датум на одржување на Охридска софра дополнително ќе ја информираат јавноста.
„Охридска софра“ која оваа година треба да се одржи по втор пат е под покровителство на Министерството за култура на Република Македонија како дел од проектот „Топол културен бран“.Во склоп на оваа манифестација се...
Post Views: 1
Полициски службеници и граѓани синоќа патролираа низ Охрид. Заменик градоначалникот Ангел Јанев, претставници од секторот за образование во локалната самоуправа, претставници од урбаните заедници, од училишните одбори, од советот на родители, наставници, репрезенти од советодавните групи на граѓани и други заинтересирани институции, синоќа посетија повеќе угостителски објекти и места каде во изминатиов период се случиле кривични дела и прекршоци. Овие заеднички патроли се дел од проектот „Соседска патрола“ кој го спроведува МВР.
–Сите што беа поканети на синоќешната...
Post Views: 0
Зафатите за поставување на долгоочекуваната фекална канализација во Лескоец се влезени во втората и третата фаза од проектот. Со оглед на честите проблеми со канализационата мрежа кои се случуваат во Охрид, жителите на Лескоец загрижени дaли големината на канализационите цевки се соодветни на бројот на жители на ова населено место кое од година во година постојано расте. Од локалната, која се јавува како изработувач на проектната документација, уверуваат дека цевките за фекална канализација во Лескоец се според стандардите кои се налагаат за ваков вид на канализација.
Воедно...
Post Views: 2
Вчера во Кортона, Италија беше спуштена завесата на годинашното издание на фестивалот „Тосканско сонце“ што се одржа под мотото „Уметноста на живеењето“.
Огромно внимание предизвика премиерата на проектот „Заведување, чад и музика: љубовната приказна на Шопен и Жорж Санд“ од Џејмс Мело, во режија на Доналд Т. Сендерс, а во чија изведба ликот на музичарот Шопен зад пијаното го интерпретираше нашиот прославен пијанист Симон Трпчески, додека човекот и љубовникот Шопен на сцената го донесе легендарниот британски актер, оскаровецот Џереми Ајронс.
Интересен момент се случи...
Post Views: 1
Црвениот крст од Охрид ќе мора на мускули да го реализира проектот „Родителите се наша грижа“. Основна цел на овој проект е грижа за повозрасните и осамени лица кои немаат кој да се грижи за нив. Наместо специјално ангажирани за тоа лица, како што првично имале замислено од Црвениот крст, велат дека проектот ќе го спроведуваат нивните волонтери и лекари кои ги имаат во рамките на нивната организација. За реализацијата на проектот тие аплицирале и им биле одобрени средства од локалната самоуправа, но велат дека тие средства ни од далеку не се доволни за спроведување на...
Post Views: 2
Илко Димитриески од Охрид, подари 100-тина книги во Центарот за социјални работи. Со оваа акција Димитриески го поддржува проектот Подари книга. Донираните книги се наменети за оние граѓани кои не можат да си дозволат да ги купат. Подарил книги кои му биле оставени во аманет од хрватско-македонското друштво „Езерки“ од Хрватска, 30 примероци книги на кои е автор, Аксиј и Патешествие, како и книги од сопствената библиотека, истакна Димитриески. „ Ова е племенита, хумана акција , патот до книгата мора да го најде секој човек. Таа убавина е за мене воолшебство, ...
Post Views: 6
Се возобновува фестивалот на сирење и вино. После петгодишна пауза оваа дегустаторско-продажна манифестација повторно ќе се одржи и тоа во средината на август, најавуваат од Локалната. Овојпат тој ќе има регионален карактер па учество ќе земат производители на вино и сирење и од другите општини од Македонија како и од Корча , Албанија. Виното и сирењето не се карактеристични за ова поднебје но организаторот смета дека на фестивалот охридски шмек ќе му даде плашицата.
–На истата оваа манифестација ќе биде промовирана и плашицата бидејќи е еден препознатлив бренд...
Post Views: 6
Се бара инвеститор кој ќе изгради скијачки центар на планината Галичица. Компанијата која ќе инвестира во развојот и изградбата ќе стопанисува со ски центарот и одмаралиштето „Галичица“. Ски центарот на „Галичица“ ќе биде планинско-езерско одмаралиште за четири сезони. На љубителите на зимските спортови ќе им се овозможи алпско скијање. Во летните месеци ќе има разни рекреативни активности. На едно место ќе се спојат сите туристички вредности во едно планинско одморалиште сместено во национален парк. За ваков долго посакуван центар од охриѓани и туристичките работници,...
Post Views: 4
Волонтеризмот одлична алатка за подлабоко спознавање со аутизмот и кршење на предрасудите кај луѓето во однос на оваа и на неа сличните состојби. Денес, 36 волонтери од шест различни земји кои работат на проектот кој носи сличен наслов „Волонтеризмот во служба на аутизмот“ ја посетија нашата општина и ги споделуваа своите искуства, односно искуствата на нивните држави во справувањето со проблемот со аутизмот, но и слабата информираност кај луѓето за каква состојба всушност станува збор.
Според Ѓоко Вукановски од Волонтерскиот центар од Скопје кои се дел од проектот,...
Post Views: 2
На Плаошник сепак нема да се градат 16 -те објекти кои се планираа, туку само 6. Објеките исто така ќе претрпат измени и ќе бидат пониски за еден кат. Ова се измените на планот кои вчера од Охрид ги најави Министерката за култура Елизабета Канческа Милеска, а кои се однесуваат на возобновувањето на Светиклиментовиот универзитет на Плаошник.
„Во препораките кои и ние претходно ги спомнавме, а и тие ги дадоа како препораки од нивна страна, беше напоменато дека е добро висината на овие објекти да се намали за една катна висина. И ние тоа го разгледувавме , паралелно,...