Post Views: 2
Охридските советници утре со полни раце работа. Ќе ги спротиставуваат ставовите околу 37 точки колку што ги има на дневниот ред 58та седница на Советот на општина Охрид. Особен интерес и пожестока расправа се очекува за предлог-одлуката за утврдување на касовиот максимум во општинската благајна, точка која секогаш нуди интересни коментари и дискусии од страна на советниците. Освен оваа интересна точка, во останатиот дел од седницата ќе доминираат предлог-одлуките од урбанистичката сфера.
Ќе се утврдуваат нацрт-урбанистички планови вон населените места и тоа во Долно...
Post Views: 0
Советниците се спречкаа уште на правата точка, предложена од страна на градоначалникот и тоа Согласно член 25 од законот за просторно уредување, градоначалникот даде предлог одлука за урбанистички план за изградба на хотел вон населено место за Коњско дел од туристички комплекс св Стефан. На овој предлог оштро се спротиставија советниците од ВМРО ДПМНЕ. Јованка Дамоска Секуловска вели дека ставот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ е урабистичките промени да им се доставуваат навремено, а не пред самата седница. „Незнам што е брзањето и немаме детали за истиот планшто...
Post Views: 6
Предлог Одлуките за усвојување на Извештаите за работата на јавните претпријатија за периодот од 01.04. до 30.06.2012 година, пред охридските избраници. Советнокот од ВМРО ДПМНЕ Величе Маркоски реагира на приложениот извештај од ЈП Билјанини извори. „Финансискиот извештај на приходи и расходи е толку оскудно даден што неможам да го прифатам како извештај“, вели соетникот од ВМРО ДПМНЕ Маркоски.
„Извештајот е даден комплетно, и текстуално и со графинони. Имаме воведен дел финансиски извештај и пишува за секоај стапка пооделно. пишува од што се направени приходите“,...
Post Views: 15
Дали општината ќе ги субвенционира комуналните давачки за ранливите категории? Ова прашање уште на минатата седница на Советот на општина Охрид беше покренато како иницијатива од страна на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, а веќе утре може да биде и конкретно реализирана. Општината оваа предлог одлука ја стави на дневниот ред на утрешната седница, а доколку е комплетна, од советничката група на ДПМНЕ велат дека ќе ја подржат.
„Поведени бевме од таа иницијатива пред се како одговор на одлуките на мнозинството на Советот и на Управните одбори на јавните претпријатија...
Post Views: 1
Педесет и втората седница на советот на општина Охрид според својот дневен ред набилдан со 39 точки, многу ветуваше, но малку понуди. Новинарите, а и јавноста очекуваа да дознаат дали ќе се одлучи конечно да отпочне постапката за изградба на долгоочекуваната катна гаража или не, но до оваа точка советниците не стигнаа. Десетина точки кои беа најинтересни меѓу кои и договор за Јавно приватно партнерство за изградба на катна гаража како и договорот за Јавно приватно партнерство за изградба на автобуска станица во општина Охрид не дочекаа по нив да се дискутира бидејќи...
Post Views: 1
„Идејата за субвенциите во туризмот не е ништо ново“, изјави актуелниот градоначалник Александар Петрески како одговор на пратеникот Шокароски, кој на денешниот прес кажа како плански се решаваат проблемите во туризмот. Но според Петрески главен проблем посебно за туризмот во Охрид, е како туристите да дојдат.
„Треба подобрување на патната инфраструктура од Гостивар – Охрид и Битола – Охрид. И секако авионскиот превоз. Времениот туризам подразбира брзо пристигање до целта ние не можеме да разговараме за современ туризам доколку потенцијалните туристи би патувале...
Post Views: 4
Обидот на ВМРО ДПМНЕ, преку советничката Јованка Дамоска Секулоска да им олесни на охриѓани и гостите не помина кај градските избраници. Имено по долга расправа и по низа навреди упатени и од опозицијата и од позицијата во советот, сепак, на крај пет советници гласаа ЗА, осум против и еден остана воздржан, со што предлог одлуката за измени на одлуката за организирање на режим на сообраќај, односно иницијативата на советничката од ВМРО- ДПМНЕ, Јованка Дамовска- Секулоска, за укинување на наплатата за паркинг на улицата „Партизанска“, не се усвои.„Главната цел за нашиот...
Post Views: 5
Изминатава година Охрид особено се истакнува со бројот на млади талентирани деца во најразлични области кои постигнуваат големи успеси. Од научници, одлични стрелачи, кајакари, велосипедисти преку талентирани пејачи и млади уметници. Ова го забележаа од О.О на ЛДП од Охрид кои на прес конференција јавно им се заблагодарија и им изразија подршка на сите млади таленти кои се закитија со награди и кои одлично го промовираа Охрид. Но искажаа и доза на загриженост.
„ЛДП сака да ја поздрави големата ангажираност на младите во невладините организации и волонтерска работа. Истовремено...
Post Views: 6
Пет до седум илјади евра казна за моберите. Ова го предвидува предлог-законот за заштита од мобинг кој го подготви Сојузот на синдикати на Македонија.Овој предлог закон во наредниот период ќе биде предаден на економско-социјалниот совет и до Владата на Македонија за да биде ставен во процедура. Потребата од едена ваков закон се јави затоа што се поголем е бројот на работниците врз кои се врши мобинг. Според податоците добиени од последната анкета спроведена од Сојузот на синдикати на Македонија 40 отсто од испитаните работници во Македонија, се незадоволни од она што...
Post Views: 5
ТВМ Телевизија неофицијално дознава дека само една фирма од Охрид, била понудувач на јавниот конкурс за давање на концесија за вршење стопански риболов на рибите од риболовното подрачје на Охридското езеро. Имено станува збор за фирмата „Пастрмка 2012“.
После отварањето на понудите и завршувањето на електорнската аукција сега на потег е Комисијата за доделување на концесии за најповолните понуди која се очекува да достави предлог до владата на РМ, која пак треба да ја донесе конечната одлука кој ќе биде концесионер на езерото.
Инаку идниот концесионер требa да изготви...
Post Views: 2
Првиот човек на заводот за заштита на спомениците на културата Тања Паскали Бунташеска вели дека програмата е добра и дека заводот нема забебелешки по однос на истата. „По она што е нацртано сметаме дека е во ред и дека се е вклопено според законот на Охрид. Го нема панаѓурот специфицен за минатите години. Се што е планирано е нормално и изводливо доколку се спроведе како што е зацртано нема да има никаков проблем“, вели директорот на завод и музеј, Тања Паскали Бунташеска.
Според програмата Фрижидери за сладолед е предвидено да се постават строго по приобалниот...
Post Views: 0
Само што тргна, работата застана. Се израдувавме што денешната седница на Советот на општина Охрид после еден час доцнење конечно почна, но радоста не ни траеше долго. Советниците се сопнаа уште на првата точка од дневниот ред. Предлог Одлуката за усвојување на Извештајот за реализација на финансискиот план за 2011 година на Центарот за развој на Југозападниот плански регион им ги разгоре страстите. Советничката од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Јованка Дамоска Секулоска рече дека во овој извештај не виделе ништо ново. Таа потенцираше дека аплицирањето со проекти до фондовите...