Ознака: предлог

sednica na sovet

Исцрпен дневниот ред од 39-та седница на Советот на општина Охрид

Post Views: 2 Заврши продолжението на 39тата седница на советот на општина Охрид. Дневниот ред вклучуваше девет точки меѓу кои: предлог одлуката за утврдување Нацрт Урбанистичка планска документација за вон населено место Лагадин – Пештани дел од блок 1-опфат 1 општина Охрид 2011-2016, предлог одлука за условите и начинот на одведување на урбани отпадни води, предлог одлука за давање согласност на Одлуката за задолжување на ЈП „Градски гробишта“ Охрид со долгорочен кредит, како и предлог одлуките за разрешување и именување на членови на училишен одбор во основните училишта „Кочо Рацин“...

Continue reading

sednica

Продолжението на 39- та седница на советот во понеделник

Post Views: 7 Половина успешно реализирана седница на совет. Во содржината на дневниот ред на 39-то издание на седницата на советот, доминираа предлог одлуките за усвојување извештаи од материјално-финансиското работење на основните училишта, како и предлог одлуки за усвојување на годишните програми за работата на истите. Советниците задоволни од извештаите за материјално-финансиското менаџирање со овие образовни институции, во пакет ги изгласаа предлог одлуките кои се однесуваа на тоа. Советниците брзо одлучија и во корист на предлог одлуките за давање согласност за формирање паралелки...

Continue reading

sednica sovet

Маратонско издание на 38-та седница на Советот на Општина Охрид

Post Views: 0 Маратонска и мачна 38 – ма седница на Советот на Општината. Уште на самиот нејзин старт, советниците од редовите на ВМРО народна, истата ја напуштија: Објаснување, знак на протест поради деградацијата на највисокотот тело Советот, од страна на општинската админстрација со тоа што советниците не биле информирани за ниту еден културен настан кој под нејзин патрон бил организиран, ниту за посетата на странските делегации на општината. Побараа канцеларијата на Претседателот на советот да биде нон-стоп отворена, како и отворање на канцеларија за советници. Градоначалникот...

Continue reading

Советниците и Локалната ги подржаа Охриѓани

Post Views: 0 Предлог одлуката за продолжување на работното време на угостителските објекти помина кај градските избраници, но откако беше изменета. Ова покажува дека реакциите на медиумите изминативе денови, но и апелот и петициите на жителите од стариот дел на Охрид стигнаа на вистинска адреса. Со Одлуката за продолжување на работното време на угостителските објекти, се продолжува работното време на угостителските објекти за исхрана без оглед на видот на угостителските услуги, за 2 часа во деновите 29 и 30 јули 2011 година заради одржувањето на Илинденската регата и 1и 2 август...

Continue reading

Кој кому мачка очи?

Post Views: 0 На 36-тата седница на Советот на општина Охрид закажана за утре, советниците треба да се изјаснат за Предлог-одлуката за продолжување на работното време на угостителските објекти. Во образложената Предлог-одлука за продолжено работно време, јасно е прецизирано во кои денови би се работело со продолжено работно време. Имено, од 150-тина дена до крајот на годинава, од Локалната предлагаат 76 дена да се работи со продолжено работно време, при тоа не образложувајќи по кој принцип се избрани деновите кога угостителските работници би работеле подолго од нормалното. Само...

Continue reading

Да се продолжи или не?

Post Views: 81 Продолжувањето на работното време на угостителските објекти редовно предизвикува сериозни реакции, кои се најизразени од страна на жителите на стариот дел на градот. Иако оваа летна туристичка сезона започна без најава за ваква промена и сите мислеа дека барем ова лето ќе помине без продолжено работно време на угостителските објекти, Градоначалникот Петрески реши уште некој час плус да ги држи жителите на Охрид будни во ситните саати. Дали неговиот предлог ќе добие зелено светло или не, ќе видиме на 37-та седница на Советот на општина Охрид, закажана за во четврток....

Continue reading

sednica

Советот на град Охрид ја одржа 35-тата седница

Post Views: 6 Летниот режим на сообраќај доби зелено светло од страна на Охридските избраници. Советниците и покрај тоа што го изгласаа, сепак дадоа и предлози што треба да се направи во иднина за трајно решавање на проблемот со статичкиот и динамичкиот сообраќај. „ Во однос на сообраќајниот режим би сакал посебно внимание да се осврни на улицата „Асном“ викана „110“ или „Писта“ каде навечер се случуваат страшни работи поради брзо возење со мотори автомобили имавме несреќен случај пред неколку дена и не би сакале да се повтори тоа. Најмалку би сакале да свикуваме сред лето комеративни...

Continue reading

grobishta Ohrid

ЈП „Погребни Услуги“ – зголеми дел од цените на своите услугите

Post Views: 6 ЈП „Погребални услуги“ доби амин од советниците дека можe да ги зголеми  цените на дел од своите услуги. „ Добивме предлог со кој ЈП бара зголемување на цените за погребални услуги, па се запрашуваме зошто. Со поделбата на ЈП се соочуваат со реални проблеми од финансиска и кадровска политика, не сакам да верувам дека со зголемување на цените преку грбот на граѓаните се трудат да ги наплатат“, вели “,советникот Дејан Паноски. „ Сметаме дека не постои никаква економска оправданот за подигање на цената на овие услуги нити објаснување зошто се погигаат овие услуги и зошто...

Continue reading

opshtina

„Мирен сон“ со апел до советниците

Post Views: 4 Операторот за погребални услуги „Мирен сон“ реагира на утрешната точка на општинскиот Совет која ќе се најде пред охридските советници. Тие треба да се изјаснат по предлог Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за утврдување на надоместокот на услугите што ги врши ЈП „ Градски гробишта“. Со најновата одлука се предвидува да се  наметне  нова давачка за граѓаните во висина  од 1000 денари по погреб, за пристап и користење на комуналната инфраструктура на гробиштата. Во реакцијата на „Мирен сон“ стои дека граѓаните преку операторите за погребални услиги веќе...

Continue reading

sednica na Sovet

Седница на советот како увертира на предвремените избори

Post Views: 5 Бурно издание на Седницата на советот на Општна Охрид. Оваа нејзина трисет и трета епизода, помина во знакот на извештаите за сработеното во комуналната сфера, барањата на такси превозниците и утврдувањето на локацијата за одржување на предизборните промотивни активности на партиите. Она за што нејзиниот дневен ред наизглед ветуваше мирно издание, прерасна во една турбулентна седница. Така уште со првата точка со која беше надополнат дневниот ред, а се однесуваше на Локацијата за одржување на политичките митинзи, почнаа политичките препукување помеѓу советниците. Ништо...

Continue reading

Dragan Cvetansoki

Се размрда синдикатoт

Post Views: 1 Сојузот на синдикатите на Македонија, на кој припаѓа и охридскиот, со доаѓањето на пролетта се  размрда. Она што повеќе години било пропуштено во синдикалната заштита на  работниците ќе го решаваат  пролетва. Македонските работници заедно со Србите, Црногорците и Косовците со години  работат според   незагарантирана најниска цена на трудот. Единствено Хрватите се пред нас на овој план. Од синдикатот се оптимисти дека ќе најдат решение за ова прашање иако скоро една деценија работодавачите и владата немаат слух за утврдување на висината на  најниската цена на трудот. ...

Continue reading

carshija

Нов трговски, чиста шпекулација?!

Post Views: 4 Не стивнуваат гласините, кои зборуваат дека во старата чаршија треба да никне нов габаритен трговски објект. Од Секторот за урбанизам, децидни. Ниту еден од објетите зацртани во предлог планот не е поголем од П+2. Нацрт планот пак за овој опфат моментално се наоѓа во Скопје во Министерството за животна средина. Деновиве низ градов се позачестени се гласините дека извесен стопанственик ќе гради голем трговски објект во старата чаршија. Имено станува збор за објект кој наводно треба да никне на дел од просторот на планскиот опфат во Нацрт- ДУП кој пак е во границите...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top