Ознака: предлог

dup

„Табана“ и „Кеј“ сеуште не се О.К.

Post Views: 3 Предлог одлуките за утврдување на нацрт дуповите кои се однесуваат за опфатите „Табана“ и „Кеј“ познат како Ривиера, не стигнаа пред советниците. Иако, спред зборовите на началникот на Секторот за урбанизам и просторно планирање, Бранко Арнаудов, предложените Нацрт ДУП-ови се со помал процент на изграденост во споредба со веќе постоечките ДУП-ови за овие опфати, и дека се добри за урбаниот имиџ на градот, градоначалникот Петрески пред усвојување на дневниот ред истите ги повлече. Наследниците на ова земјиште одлуката на градоначалникот ја проследија со разочарување....

Continue reading

sednica

Турбулентна седница на Советот на општината

Post Views: 10 Урбанизмот, работата на јавните претпријатија и формирање на нови како и потребата од кредитното задолжување на општината, беа точките околу кои на големо дискутираа советниците на ова 27-мо издание на седницата на советот. Ги усвоија предлог одлуките за основање на три нови јавни претпријатиа,  следбеници на ЈП „Охридски Комуналец“. Станува збор за основање на ЈП за управување со градски гробишта, ЈП, за управување на пазари на гоелмо и мало и ЈП за вршење на погребни услуги.Охридските советници најмногу се исторошија околу извештаите за работењето на јавните претпријатија...

Continue reading

sednica

Утре пред советниците жешки планови

Post Views: 3 Нацрт-деталните урбанистички планови за дел од строгиот центар на Охрид ќе се најдат пред советниците на утрешната седница. Локалната ќе се обиде да протурка  5 точки за нацрт-детални урбанистички планови, кои веќе на хартија се дел од Дневниот ред за утрешната седница. Ова за ТВМ го најави претседателот на Советот Јаковчевски, а го потврди градоначалникот Петрески Посебно внимание од овие нацрт детални урбанистички планови привлекуваат два, посветени  на атрактивни локации во централното градско подрачје. Првиот предлог план се однесува на комплексите Табана и Летница,...

Continue reading

sednica

Партизани и германци

Post Views: 2 Дваесет и шестата седница на охридскиот Совет помина безболно. Предлог одлуката за изменување и дополнување на Буџетот на општина Охрид за 2010 год помина без поголеми препукувања. Јованка Дамоска од ВМРО- ДПМНЕ укажа на очигледни погрешни проценки на одредени ставки од буџетот, за што реагираа и на  минатата седница но добиле само сувопарно образложение од Комисијата за финансии и буџет. Дамоска рече дека ако добро се погледнат приходните ставки ќе се види каде лежи главниот проблем. Борис Стефаноски загрижен за делот каде тој има влијание, во Комисијата за комунална...

Continue reading

sednica

Кратко 25-то издание на седницата на градскиот Совет

Post Views: 4 Освен по кусата расправија околу предлог одлуката за отпочнување постапка за доделување концесија, за управување со отпад во Југозападниот регион, тешко дека по друго оваа седница ќе остане запаметена. Од најавените триесетина точки по дневниот ред, едвај неколку да беа изгласани. На самиот почеток од седницата советниците кренаа рачна. При утврдување на дневниот ред, советничката група на НСДП, со барање да се изземе предлог одлуката за отпочнување постапка за доделување концесија, за регионално интегрирано управување со отпад во Југозападниот регион. Имено од оваа...

Continue reading

gradinka

Градоначалникот избра В.Д. за градинката

Post Views: 2 Како што веќе ве информиравме постапката за избор на прв човек на градинката закочи уште на самиот старт. Очекувано беше градинката некое време да остане без директор, според изјавите на дел од членовите на Управниот Одбор на оваа установа. Владо Суклоски на 11 септември годинава во изјава за ТВМ како член на У.О. поточно како претставник од министерството за труд и социјална политика посочи низа прекршувања на статутот на градинката. И овој пат Суклоски, со назначувањето на Вршителот на должност на охридската градинка Марина Петроска Тодороска, смета дека градоначалникот...

Continue reading

soobrakaj

Остра дискусија за сообраќајната студија

Post Views: 2 Во Охрид владее сообраќаен хаос и во лето и во зима, велат дел од советниците. Тие бараат под итно да се изработи сообраќајна студија за територијата на град Охрид за динамичен и статичен сообраќај. „Ако не ја донесеме предлог одлуката и чекаме изработка на студија ќе треба да чекаме да помине цела година  за нешто да направиме, а тоа не ние во интерес“ истакна советникот од ВМРО НП Јоне Станкоски. Советникот од СДСМ и експерт по сообраќај Томислав Тунтев образложи дека режимот на сообраќај кој го предлага локалната самоуправа во однос на стручните служби е истиот само...

Continue reading

opshtina

Прекината 24-тата седница на Совет

Post Views: 2 Работен ден за советот на општина Охрид. На 24тата седница на Совет, поради неспоивост на функции, од советник беше разрешен Владо Цветкоски, кој од пред неколку денови, со потпис на градоначалникот е назначен за генерален директор на ЈП „Нискоградба“. На негово место седнува Величе Маркоски, кој пред советниците даде свечена заклетва. Градоначалникот, од име на сите советници, на Маркоски му честиташе за новата функција и од него побара да се изјасни на која страна од советот ќе припаѓа. Новиот советник пак, на ова барање, одговори сосема кратко, дека доаѓа од независна...

Continue reading

Opshtina

Конечно изгласани управните одбори и планските документации

Post Views: 2 Заврши 21-та седница на Совет. Може да се каже дека истата помина во знакот на бело и црно, или позиција и опозиција. Советниците започнаа вербални препукувања, најпрво по однос на точките кои се однесуваа на предлог одлуките за именување на членови во упрвани и надзорни одбори на новите Јавни претпријатија. „Слушајќи ги имињата и презимињата на предложените не можам да не забележам дека предложените се партиски војници и блиски на раководните структури во Јавните претпријатија. Ова само по себе кажува дека одборите ќе работат по налог на директорите на ЈП, а тоа не...

Continue reading

sednica

Локалната сака да го регулира пловниот сообраќај во Охридското езеро

Post Views: 8 На продолжението од 21-та седница, изгласан предлог заклучок со кој се бараат измени  и дополнувања на Законот за внатрешна пловидба. Станува збор за преземање на ингеренциите од Министерството за транспорт и врски, од страна на Локалната самоуправа. Овие ингеренции во најголема мера се однесуваат на регулирање на водениот сообраќај во крајбрежниот појас. Општината сака да ја конторилира и внатрешната пловидба по Охридското езеро. На денешното продолжение на 21-та седница на советот, изгласан предлог заклучок со кој се бараат измени  и дополнувања на Законот за внатрешна...

Continue reading

Предлог одлука за бродска несреќа

Post Views: 0 Советниците одлучија – Ќе се формира одбор за организирање настани и активности за бродската несреќа. Овој одбор ќе биде во координација со општините од Бугарија од каде се жртвите, но и со здружението „Охрид 5 ти септември“. Советниците на денешната 7 седница едногласно ја прифатија предлог одлуката за формирање одбор за организирање настани и активности за бродската несреќа. „Убеден сум дека е добро да се формира ваков одбор. Предлагам, во него да има претставници од сите советнички групи“, истакна градоначалникот Александар Петрески. „Овој одбор ќе има задача,...

Continue reading

opstina Ohrid

Преамбициозни планови или реално зацртани цели

Post Views: 1 Охридската Локална самоуправа деновиве ќе го обелодени предлог буџетот за 2009. Дел од јавноста смета дека повторно станува збор за преамбициозни  планови. Во понеделник советниците ќе расправаат по предлог буџетот за 2009 година чија висина е над 8 милиони евра. Најголемиот дел од средствата и годинава е предвидено да бидат потрошени за инфраструктура и туристичка промоција на градот. Дел од јавноста коментира дека и годинешниот предлог буџет содржи преамбициозни бројки. Ова со оглед на фактот дека во последните две години процентот на искористеност на буџетските средства...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top