Партизани и германци

Советот на општина Охрид ја одржа 26-тата седница. Главните актери кои најчесто доминираат на седниците и денес присутни на сцена.

 |  Билјана Николовска  | 
sednica
седница на Совет

sednicaДваесет и шестата седница на охридскиот Совет помина безболно. Предлог одлуката за изменување и дополнување на Буџетот на општина Охрид за 2010 год помина без поголеми препукувања. Јованка Дамоска од ВМРО- ДПМНЕ укажа на очигледни погрешни проценки на одредени ставки од буџетот, за што реагираа и на  минатата седница но добиле само сувопарно образложение од Комисијата за финансии и буџет. Дамоска рече дека ако добро се погледнат приходните ставки ќе се види каде лежи главниот проблем.

Борис Стефаноски загрижен за делот каде тој има влијание, во Комисијата за комунална дејност. Стефаноски тука увидел многу отстапувања.

„Постојат субјективни и објективни фактори кои можат да делуваат врз средствата на буџетот и во приходниот и во расходниот дел“, рече Ахмет Патељ од Комисијата за финансии и буџет. Игра на партизани и германци.

Вака советникот Томислав Тунтев ја оцени дискусијата по предлог одлуката за изменување и дополнување на Буџетот на општина Охрид за 2010. Тунтев рече дека мора една страна да бара мани а другата да се брани, но како и да е целата работа поминува. Тој рече дека се јавил за збор за да не остави целата  дискусија горчлив вкус на усните. Тунтев рече дека знаеле добро да направат и испланираат буџет.

На оваа седница се усвои и точката на дневен ред, Предлог решение за избор на претседател на Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување награди и признанија. Нов претседател на оваа Комисија е советничката од редовите не СДСМ Виолета Мицкоска.

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top