Советот на општината утре го гласа касовиот максимум на општинската благајна

Покрај оваа точка, доминираат точките од областа на урбанизмот.

 |  Мишел Наумоски  | 
sednica
седница

Охридските советници утре со полни раце работа. Ќе ги спротиставуваат ставовите околу 37 точки колку што ги има на дневниот ред 58та седница на Советот на општина Охрид. Особен интерес и пожестока расправа се очекува за предлог-одлуката за утврдување на касовиот максимум во општинската благајна, точка која секогаш нуди интересни коментари и дискусии од страна на советниците. Освен оваа интересна точка, во останатиот дел од седницата ќе доминираат предлог-одлуките од урбанистичката сфера.

Sednica sovetЌе се утврдуваат нацрт-урбанистички планови вон населените места и тоа во Долно Лакочереј и во Елшани, населба Лагадин. Покрај тоа, ќе се гласа и за вкупно единаесет предлог-одлуки со кои ќе се утврдува потребата од измена на урбанистичко-планската документација, заради усогласување на намените на земјиштето и трасите на сообраќајната инфраструктура. Осум од овие единаесет кориснички парцели се наоѓаат во Охрид, а по една се наоѓаат во Рамне, Велестово и Коњско. На дневниот ред на утрешната седница се и  8 предлог-одлуки за утврдување на потребата од донесување урбанистичко-планска документација за вклопување на бесправни објекти изградени на парцели во Охрид, Велгошти, Лескоец, Опеница и Долно Лакочереј. Ќе се утврдува и потребата од измени на урбанистичко-планската документација заради усогласување на намените на земјиштето на кое се изградени бесправните објекти, и тоа во Охрид и Коњско.

Од сферата на урбанизмот ќе се гласа уште за предлог одлуката за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за изработка на урбанистички план за село, како и за усогласување на намената на земјиштето предвидено со важечкиот генерален урбанистички план за строго заштитената зона Студенчишта, и заштитено зеленило. Советниците ќе го усвојуваат и извештајот за состојбата во областа на јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата од 1ви Јули до 31 Декември 2012 година, како и извештајот за слободен пристап до информации од јавен карактер за истата година. Ќе се гласа и за предлог-одлуката за пренесување на правото на сопственост од општина Охрид на ЈП Охридски комуналец.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top