Ознака: Охридско

Претставата „Само глас“ вечерва на „Охридско лето“

Post Views: 7 Драмската програма на фестивалот „Охридско лето“ продолжува вечерва со театарската претстава „Само глас“ на Македонскиот народен театар. Се работи за комуникациска современа музичка драма од Нина Плавањац во режија на Марјан Нечак кој е и сценограф и композитор на музиката во претставата.  Во неа играат Звездана Ангеловска, Никола Ристановски и Мирослав Митрашиновиќ. „Само глас“ е приказна за позната актерка која ја губи сопствената доверба и е напуштена од многу помладиот партнер балетан на кого му помогнала да ја создаде кариерата. Останува осамена и затворена во својот...

Continue reading

Охридско-струшката ривиера има потреба од елитни хотели

Post Views: 0 Туристичките работници од Охридско- струшкиот регион сакаат развивање на елитниот туризам. Но, за таа категорија на туристи ривиерата нема соодветна хотелска понуда. Во моментов ривиерата располага со 7300 хотелски легла од 3 , 4 и 5 ѕвезди, а  се потребни поголем број на легла во хотели со  5 и 4 ѕвезди. Во таа насока во туристичката стратегија на регионот хотелиерите предлагаат што поскоро да се  подигне нивото на сместувачките  капацитети на луксузни хотели од 5 и 4 ѕведички.„ Во нашите  предлози не бараме масовен туризам  тоа не значи  10.000 легла масовен туризам ...

Continue reading

Увоз на работна сила ќе бараат хотелиерите и угостителите од охридско – струшкиот регион

Post Views: 1 На охридско- струшката ривиера во угостителските и хотелските објекти недостасува стручен  кадар. Нема квалифицирана работна сила за работа во кујна, менаџери за управување со објектите,  кувари и  келнери, како и специфичен кадар за работа во СПА центрите. Хотелиерите и организацијата на работодавачи предлагаат увоз на одредени профили за да се задоволат потребите во оваа бизнис сфера. Тие ги бараа причините и решенијата за унапредување на бизнис климата во регионот. Претседтелот на Здружението на хотелиери, Крсте Блажески вели дека работодавачите од оваа сфера проблемот...

Continue reading

Чешка вечер на „Охридско лето“ со гудачки квартет

Post Views: 3 Традиционалната Чешка вечер на фестивалот „Охридско лето“  ќе донесе концерт на квартетот „Вихан“. Во црквата „Света Софија“ вечерва со почеток во 21 часот ќе настапат членовите на овој состав виолинистите Леош Цепицки и Јан Шулмајстер, Јакуб Чепицки на виола и виолончелистот Михал Канка. Во 2015 година, квартетот „Вихан“ прослави 30 години постоење и низ годините стана еден од најпризнатите гудачки квартети чија специјалност е изведбата на дела од чешката музичка ризница, како и на дела од класичниот, романтичниот и модерниот репертоар за квартет. Нивното аудио издание...

Continue reading

Дали Охридско-струшкиот регион е подложен на феноменот водена бомба

Post Views: 1 Охридско-струшкиот регион според својата географска поставеност не е подложен на појава на феноменот водена бомба. Но за да има поточни податоци околу тоа, треба да се направат детални истражувања во кои ќе бидат опфатени сите фактори кои придонесуваат за да дојде до овој природен феномен кој се случи пред еден месец во околината на Скопје, кога настанаа големите поплави кои завршија со жртви. Стив Мек Нолти, професор од САД и претставник на Американските шумски служби кој веќе триесет години се занимава со научно истражувачка работа во оваа област, вели дека природните...

Continue reading

„Охридско лето“ го одбележа 61-от роденден

Post Views: 5 Со роденденска торта што свечено ја пресече министерката за култура на Македонија, Ирена Стефоска, НУ „Охридско лето“ го одбележа 61-от роденден. Директорката на фестивалот „Охридско лето“ Наташа Поповиќ на прес-конференција рече дека богатата историја на фестивалот е доказ за влогот на многу генерации и нивните напори да се исткае успешната приказна на врвната културна сцена. Секоја година 40- те фестивалски денови се празник на уметноста. „Охридско лето“ носи околу 1000 уметници, актери, театарски работници, солисти, хористи, музичари… од сите земји во светот....

Continue reading

Се спушта знамето на фестивалот Охридско лето

Post Views: 6 Вечерва се спушта знамето на фестивалот Охридско лето. После 40 дена исполнети со културни доживувања, концерти, перформанси, драмски премиери, изложби и филмски проекции, завршува 36тото издание на фестивалот. Директорот Оливер Арсовски кажа дека за него ова е прво издание на фестивалот од кога тој е директор и ќе биде големо искуство, но и причина за размислување дали и што треба да се менува за фестивалот да добие една посовремена димензија при тоа не излегувајќи од неговите концептуални рамки. Мое мислење е дека имавме уште едно успешно издание на Фестивалот Охридско...

Continue reading

„На светов убавина“ за крај на годинешното „Охридско лето“

Post Views: 3 Со концертот на песни од театарски претстави на Македонскиот народен театар од 2003та до 2013та година насловена како „На светов убавина“, завршува театарската програма и годинешното издание на фестивалот „Охридско лето“. Ако театарската музика е некогаш како звучна сценографија, а друг пат невидлив звучен партнер на актерот, тогаш песната во една театарска претстава не е ништо помалку од монолог на отворена сцена. Последната фестивалска вечер на 56-то издание на фестивалот „Охридско лето“ завршува со концертот на песни од театарски претстави од 2003та до 2013та година...

Continue reading

Роденденска торта и концерт на „Синтезис“ за 61-от роденден на „Охридско лето“

Post Views: 3 Со роденденска торта што свечено ја пресече министерката за култура на Република Северна Македонија, Ирена Стефоска, НУ „Охридско лето“ денеска го одбележа 61-от роденден. Директорката на фестивалот „Охридско лето“ Наташа Поповиќ  на денешната прес-конференција рече дека богатата историја на фестивалот  е доказ за влогот на многу генерации и нивните напори  да се исткае успешната приказна на врвната културна сцена. „Секоја година 40- те фестивалски денови се празник на уметноста. „Охридско лето“ носи околу 1000 уметници, актери, театарски работници, солисти, хористи,...

Continue reading

Квартетот Хеншел вечерва на Охридско лето

Post Views: 5   Квартетот Хеншел вечерва на Охридско лето. Ова е еден од најпознатите и најквалитетните гудачки квартети на денешнината кој има настапувано насекаде во светот. Вечерашниот концерт е во рамките на традиционалната вечер на ЕУ и годинава фестивалот слави еден мал јубилеј а тоа се десет години од соработката со канцеларијата на ЕУ во Македонија. Во изминатите десет години голем број на познати музичари биле гости токму на оваа вечер и дале особен придонес во квалитетот на фестивалската програма. Овој концерт ќе биде и хуманитарен па средствата од билетите ќе се наменат...

Continue reading

Босиљчиќ: „Охридско лето“ е мојата голема младешка љубов

Post Views: 8 Со стихови од најголемите светски автори, со поезија од српски поети, но и од македонските великани Блаже Конески и Анте Поповски проследени со познати мелодии, големиот српски актер Иван Босиљчиќ вчеравечер на „Охридско лето“ го донесе драмскиот проект „Наша вечер во Охрид“. Поезијата интерпретирана од Босиљчиќ на сцената „Долни Сарај“ претставуваше едночасовна исповед на љубовта кон животот, жената, детето, кон Бог. Со проектот „Наша вечер во Охрид“ тој потврди дека уметноста е бесмртна и буди благородни чувства. Ваквите проекти се извонредно прифатени од страна на...

Continue reading

Патникот промовиран на Охридско лето

Post Views: 10 Патникот промовиран на Охридско лето. Оваа книшка на авторот Борче Грозданов Пандур која ја пропатувала речиси целата држава на задоволство на охриѓани беше преставена синоќа како едно дело од стотина страници на кои се забележани многу настани, средби, анегдоти, сериозни препукувања дури и караници помеѓу авторот и неговиот најголем пријател и сопатник, актерот Васил Шишков. Се работи за 14 раскази кои се базирани на мои блиски средби со мојот компањон со кој знаевме и длабоко да се искараме  но и искрено да се радуваме на сите позитивни работи кои се случуваа во културата....

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top