Post Views: 1
Охриѓани и овојпат во огромен број ја покажаа својата хуманост и желба да се спажи нечиј живот.Свои активности денеска одржа и здружението за борба против хепатит.
„Наш свет, ваш потег“,е мотото на Хепенингот и крводарителска акција која денеска се одржа на платото помеѓу Амамот и спортската обложувалница Премиер. Одзивот на крводарителите уште од раните утрински часови поголем и од очекуваното.
„Со овој настан финишираат активностите на одбележувањето на неделата на црвениот крст“, вели претседателот на ОО на Црвениот крст.
Утре во Струга ќе се одржи донаторска конференција,...
Post Views: 1
Покрај природните убавини на нашиот град, во него голем акцент е ставен и на црквите. „Охрид има што да им понуди на нашите туристи“ вели продуцентот на документарниот филм.
Преку 20 минутен документарен филм, Јапонците ќе се запознаат со убавините и црквите во Охрид. Четири члена екипа на националната јапонска телевизија којa работи на циклусот емисии „Начин на живеење на Европјаните“, неколку дена престојуваа во нашиот град и ги снимаа убавините на Охрид.Снимањето заврши денеска, а филмот ќе се емитува следниот месец. „Со тоа очекуваме многу позитивни реакции за Охрид,...
Post Views: 0
Утрово Анита Танеска , беше убиена со три убоди од нож, пред домот на најзините родители. СВР Охрид трага по единствениот осомничен, нејзиниот сопруг.
Жителите на ул. Лазо Трпоски осамнаа во шок. Утрово нивната сосетка 24 годишната Анита Танеска, беше грозоморно убиена пред вратата на нејзините родители.Убиството се случило околу 3 часот и 45 минути од засега непознат сторител. Убиството е извршено со нож при што на жртвата и се нанесени повеке убоди во пределот на главата, градите и стомакот, велат од СВР. Во текот на денешниот ден, врз сега починатата ќе биде извршена...
Post Views: 7
Веб порталот „Духот на Охрид“ кој беше интегрален дел од проектот вреден над 160.000 евра не функционира поради неплатени обврски не поголеми од 50 евра.
Проектот „Духот на Охрид“ кој што беше реализиран со средства од претпристапните фондови на ЕУ со посредство на Европската агенција за реконструкција веќе не функционира. Висината на средствата за реализацијата на овој проект со кој учествуваше Европската комисија изнесуваше 162.534 евра. Договорот беше потпишан на 29/08 2007 година со период за имплементација во траење од 13 месеци. Целта на проектот беше
Сега,...
Post Views: 2
Градоначалникот Петрески денеска преку допис го покани Премирот во Охрид да разговараат за проекти кои би биле во интерес на сите.
Тој вели, овој град и неговите неисцрпни можности за инвестиции можат најмногу да придонесат во Македонија.
„Во Охрид, може да има најмногу странски инвестиции кои би придонесла светската криза скоро да не се почувствува во државава“, вели Петрески.
За одлуката на владата да ги замрзне сите инвестиции на поголеми проекти поради светската економска криза, Петрески со коментар
„Кризата постоеше и пред изборите кога владата ги најавуваше...
Post Views: 3
„Темата на денешната прес-конференција е долгот во кој што, буквално, се дави Општина Охрид, но и начините на негово разрешување“, рече кандидатот за градоначалник на на ВМРО ДПМНЕ.
„Сите знаеме дека Општина Охрид е прездолжена, нејзиното функционирање е отежнато, најголем дел од плаќањата одат преку цесии и компензации, а за жал за нормално функционирање на општината се користат и сметките на „Комуналец“, „Проаква“ . Јас, заедно со голем тим на експерти од економските и правните науки утврдивме предлог програма за решавање на овој проблем“, рече Трендафилов.
„Втората...
Post Views: 4
Економската криза чука и на портите од охридските фирми. Кризата во последниот месец и пол ги погоди работниците од ЕМО, АМАК СП, од малите приватни текстилни погони, од трговијата, градежништвото и агроиндустријата.
Од агенцијата за вработување велат дека рецесијата во моментов во охридското стопанство не е изразена. Има отпуштања од работниците, но не во голем број.
И додека бројката на отпуштени работници за агенцијата за вработување е незначителна за синдикатот е алармантна.
Драган Цветаноски пре.на регионален синдикат вели се намалуваат работните места, се...
Post Views: 2
Најмоќната еколошка организација „Гринпис“ во Охрид – најавува коалицијата на екологистите од независната советничка листа број 10.
Носителот на независната советничка листа Коалиција на еколошки граѓански организации број 10, Борис Стојаноски, истакна дека во изминатите 18 години успеале да алармираат за еколошките проблеми во градот и околината и да покренат иницијативи за нивно решавање. Во изминативе 20 дена тие воделе кампања со скромни можности, финансирана од самите членови – екологисти и се задоволни од нејзиниот тек.
Кандидатот од оваа советничка...
Post Views: 2
„Ќе се поставувал камен темелник за железничка. Јас најмногу сакам да се асфалтира оваа улица , но најискрено ме плаши дека сево ова е во функција на изборите“, рече кандидатот за градоначалник од СДСМ Александар Петрески.
Тој на граѓаните им порача да земаат се што им дава ВМРО ДПМНЕ, затоа што се е купено со народни пари.
На неколку дена пред изборите упатуваме апел до сите учесници во Изборниот процес за фер и демократски избори, бидејки ова е последен и најголем меѓународен тест на Р Македонија, рече портпаролот на ОО на СДСМ Лидија Апостолоска.
Разликата помеѓу...
Post Views: 9
Советничката листа на група избирачи со реден бр. 13, пред новинарите образложија дел од својата програма посветена на „Здравствената заштита на луѓето“. Како советници ќе се залагаат за изградба на нов совреман, модерен здравствен дом, но и за современ здравстевн дом во населбата Воска.
„Здравствената заштита на луѓето“,тема на денешната пресс конференција на советничката листа на група избирачи со реден бр. 13.
„Основната здравстена заштита е една од најважните надлежности на локлната самоуправа, но и на целото општество, рече кандидатот за советник примариус д-р....
Post Views: 3
Високи претсваници на локалните самоуправи на Риека и Охрид, денс се сретнаа во општина Охрид.
Разговараа за состојбата на Хрватското Малцинство во Р Македонија но и за функционирањето на локланата самоуправа во Македонија.
Претставници од општина Риека заедно со Македонското здружение од овој Хрватски град, денеска беа во посета на општина Охрид. „Причината за нашата посета е Македонците да ги запознеме со тоа како Хрватска го има решено прашањето со националните заедници, рече шефот на кабинетот на градоначалникот на Риека, Ксенија Линич.
Линиќ како дополнителен податок...
Post Views: 6
Хармоникашот Даниеле Инџози и пијанистот Џовани Вале, вечерва пред охридските љубители на класичната музика ќе одржат концерт.
Музичката вечер ќе ја посветат на аргентинскиот композитор Астор Пјацола, а ќе свират и композиции на познат италијански композитор. Италијанските музичари и уметничкиот директор , Емилија Маринова се договориле за овој настап на музички фестивал во Рим. Инџози и Вале воопшто не се двоумеле да ја прифатат понудата и за прв пат да гостуваат во Охрид . Младите италијански музичари не го кријат задоволството од идејата за музичка соработка помеѓу...