Ознака: Охрид

Ljube Boshkoski

Љубе Бошкоски одржа митинг во Охрид

Post Views: 6 Сакам Македонија да биде просперитетна и надежна земја, им се обрати Бошкоски на охриѓани. Мојата желба е Македонија да биде просперитетна и надежна земја, им се обрати на охриѓани Љубе Бошкоски на вчерашниот митинг во Центарот за култура.   Сакам младите да останат во својата земја и да не чекаат со денови пред странските амбасади со цел да заминат. Ќе направиме напори иселените да се вратат и и помогнат на Македонија во овие историски моменти, рече Бошкоски.Одлучив да се вратам и кандидирам за претседател затоа што вие тоа го баравте од мене. За да бидам со својот...

Continue reading

Aco Poposki

Индустриска зона во Охрид, императив

Post Views: 9 Индустриската зона ќе се гради според европските стандарди со комплетна патна, канализациона и  водоводна мрежа. Покрај стандардните производствени капацитети, се предвидува во нејзин склоп да работат и обијекти од трговски и угостителски карактер.   Со изградбата на новата индустриска зона се предвидува да се привлечат голем број компании од европските земји. Ацо Попсоки најавува дека, сите нови компании кои ќе инвестираат во Охрид ќе имаат бенифиции во зависност од висината на инвестициите и бројот на вработените.Бројката на невработени е голема. Но решението на проблемот...

Continue reading

Kiril Тrendafilov

ВМРО ДПМНЕ и коалиционите партнери ја започнаа кампањата од Охрид

Post Views: 5 Околу 25 до 30 илјади охриѓани и гости, вечерва ги слушнаа програмите и плановите на кандидатите за градоначалник на Охрид  и претседател на Р.Македонија. Пред присутните се обратија Кенан Хасипи-претставник на Демократската партија на Турците, Амди Бајрам- претставник на Сојузот на ромите, Иван Стоиљковиќ-претставник на демократската партија на Србите на Македонија, Лилјана Поповска-претставник на ДОМ, Љубисав Иванов Ѕинго-претставник на Социјалистичката партија. Кандидатот за градоначалник на Охрид, Кирил Трендафилов Нанче во своето излагање пред присутните се осврна...

Continue reading

Kiril Trendafilov

Охрид ќе биде Е-општина

Post Views: 8  „Желба ми е да направам Е – општина,мала ефикасна и достапна за секого“,- рече кандидатот за градоначалник  Кирил Трендафилов Нанче. Тој денеска ги слушна проблемите на пазарџиите и  стопанствениците. Од оваа партија денес излегоа и со низа прашања до градоначалникот Александар Петрески „Доколку бидам избран за градоначалник ќе направам се да профункционира општинската администрација, затоа што таа е во служба на граѓаните“, рече кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ Кирил Трендафилов Нанче. Генерално моја интенција е да направам електонска  општина, која...

Continue reading

listi

Поднесени советничките листи за Охрид и Дебрца

Post Views: 31 Општинската изборна комисија го ждребува редоследот на кандидатите на гласачките ливчиња за градоначалници и носители на советнички листи. Општинската изборна комисија го изврши  ждребувањето на редоследот на кандидатите на гласачките ливчиња за градоначалници и носители на советнички листи во присуство на овластените преставници од партиите. Во трката за градоначалничката функција на престојните локални избори од шесте кандидати прв на листата за гласање е Васви Доко од  Партијата Нова Демократија: Втор по редослед е кандидатот за градоначалник Боро Павлоски од ЛДП,...

Continue reading

Tose Proevski

„Најтешкото“ во Охрид

Post Views: 0 Филмот за момчето кое со својот глас го освои Балканот, Европа па и Светот од понеделник во кино салата на Центарот за култура „Григор Прличев“. Во документарецот посветен на легендата-Тоше Проески е опишан патот по кој тој стигна до ѕвездите како и спотовите за најновите песни кои ги сними пред трагичниот настан кој се случи пред повеќе од една година. Документарниот филм посветен на нашата музичка ѕвезда, Тоше Проески од понеделник и во кино салата на Центарот за култура Григор Прличев. Филмот е приказна за момчето кое со својот глас го освои Балканот, Европа па и...

Continue reading

dnevnik slovenski

Земјите членки на Европската унија ќе читаат за убавините на Охрид

Post Views: 6 Во специјалната едиција на весникот ДНЕВНИК од Љубљана, неколку страници се посветени на нашиот град. „Сметаме дека ваквото претставување ќе приднесе за популаризација на Охрид како туристичка дестинација“, -велат од Локалната самоуправа. Со овој артикал и земјите членки на Европската унија ќе читаат за убавините на Охрид. Во последното издание на весникот, на неколку страници има статија за Охрид и Македонија. Едицијата е посветена на земјите од Југоисточна Европа, а е испечатена во тираж од 105.000 примероци, од кои 75.000 на словенечки јазик, а 30.000 на германски...

Continue reading

sveki

И во Охрид, се слави Божик

Post Views: 0 Денеска православните христијани го слават Божик, храмовите се полнат со верници, секој со различни желби и очекувања. Божик е Православен празник и се празнува во спомен на раѓањето на Господ Исус Христос. Овој празник е матица на сите други црковни празници, бидејќи со Христовото раѓање се смета и почетокот на новата ера. На Божик, рано утрото почнува Богослужба во црквите. Причесната следува по службата кога искараните треба да се помират и да се поканат меѓу себе на гости.Денеска е неработен ден па повејќето продавници и државни институции се затворени. Македонскиот...

Continue reading

logo

Денес се одржа 61- та седница на советот на општина Охрид

Post Views: 9 На денешната 61- ва по ред седница на советот на општината, од страна на советниците беше усвоен буџетот за 2009. Советниците позитивно се изјаснаа и за предлогот на градоначалникот Петрески, за 50% да се намалат давачките на граѓаните кон општината. Меѓу нив: стапката на данок на имот, како и стапката на данокот на наследство и подарок. На самиот почеток на седницата беа повлечени од дневен ред предлог- одлуките за донесување на Деталниот урбанистички план за 1 Урбана заедница и предлог- одлуката за утврдување на ДУП за 6 урбана заедница. Објаснувањето на градоначалникот...

Continue reading

logo

Пензионерите од Охрид и Дебрца денеска седнаа на заедничка маса

Post Views: 9 Пензионерите од Охрид и Дебрца денеска  ја одржува  шестата редовна седница. На дневен ред беа измените и дополнувањата на Статутот, а  се расправаше и за сработените обврски на телата на здружението. Пензионерите дискутираа и околу Одлуката за предвремено финансирање во првиот квартал од идната година. На ова седница неминовно се проговори и за понатамошниот начин на собирање на средствата од солидарниот фонд. Охридското здружение конечно ја прифати одлуката овие средства да бидат прибирани преку фондот на ПИОМ, вели претседателот Ѓорѓи Трпчевски. Тој објаснува дека...

Continue reading

Centar za kultura Ohrid

Дали Охрид ќе има професионален театар

Post Views: 9 Крајно време е некој да се интересира за тоа што се случува во Охрид преку целата година. А не само во оној период од годината кога тој е нај атрактивен. На градот Охрид му е потребен театар кој ќе функционира преку целата година. За конечно да може да се каже дека Охрид е центар на туризмот и културата, став е на сите граѓани. Минатата недела беше објавена програмата за буџетот на градот за наредната 2009-та година. Во самата програма, предвидена е сума од 6.500 000 денари за културата во Охрид и за театарски претстави во организација на „Охридскиот театар“. Во изминативе...

Continue reading

плостад

Охрид во новогодишно руво

Post Views: 2 Деновиве интензивно се работи на новогодишно украсување на градов.Се користат старите реквизити, но ќе има и нови. Изгледот на новогодишната елка се чува во тајност. Градот полека но сигурно се облекува во новогодишно руво. Откога се украсија поголемиот дел улици со различни светлечки реквизити на ред дојде и централното градско подрачје. На градскиот плоштад може да се видат дел од ланските новогодишни украси а деновиве ќе бидат ставени и некои нови. Општината не се расфрла со пари. И годинава за оваа намена од буџетот се издвоени 600 000 ден. На украсувањето работи...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top