Post Views: 4
Охридските советници едногласно ја усвоија предлог одлуката за начинот и постапката за регулирање на паркирање во рамките на градежните парцели. Со оваа одлука општината ќе го спречува урбаниот хаос при паркирањето на возилата на улиците и тротоарите. Индивидуалните инвеститорите во проектите досега планираа систем на дигалки на кат за да обезбедат доволен број на паркинг места за возилата во зградите, а во пракса тоа го злоупотребуваа. Така на пример, за 40 паркинг места тие обезбедуваат 20 паркинг места и прикажува на проектите дека ќе стават дигалки на кат, но во...
Post Views: 0
Со одлука на Управниот суд , пет хектари на манастирот „Св. Наум“ се одземат од владение на МПЦ и се даваат на располагање на државата, објави телевизија „Телма“.
Одлуката за експропријација е без образложение за каква намена ќе се употреубва земјиштето и дали интересот е јавен како што предвдува законот. Напротив пред судот воопшто не е наведена употребата, иако ова земјиште и претходно беше наменето за проектот во Љубаништа што требаше да го гради индискиот инвеститор Субрата Рој.Синодот на МПЦ на вчерашната седница изрази жалење од оваа одлука. Сметаат дека негативно...
Post Views: 9
Со едногласна одлука на охридските советници, општината ќе го плати долгот на ОУ Григор Прличев кон ЕВН. Со тоа Локалната самоуправа ја презема обврската на Основното училиште „ Григор Прличев“ за исплаќање на долгот кон ЕВН во висина од 813.000 денари за потрошена електрична енергија. Градоначалникот Никола Бакрачески се заблагодари на советниците за донесената одлука во интерес на 1100 основци да посетуваат настава во нормални услови.
„ Јавно им се заблагодарувам на високата општествена свест и на опозаицијата и на владеачкото мнозинство за конструктивната одлука...
Post Views: 2
На вонредната, 32 седница, Советот ќе расправа единствено по предложената одлука за исплаќање на долгот на ОУ ,,Григор Прличев” кон ЕВН за потрошена електрична енергија.
{loadposition content9}
Post Views: 3
Градските избраници ќе носат одлуки за иднината на три капитални проекти за градов . На утрешната 33та седница на градскиот совет ќе се најдат предлог Одлуката за оттуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија за изградба на катна гаража, предлог одлуката за оттуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија за изградба на автобуска станица и предлог одлуката за оттуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија за изградба на дом за стари лица. Што се однесува до проектот за современата автобуска станица од Локалната...
Post Views: 2
Поскапувањето на електричната енергија е одложено за три месеци, реши Регулаторната комисија за енергетика(РКЕ). Регулаторното тело што претходно предложи електричната енергија да поскапи за 6,36 проценти сега ретерираше од оваа предлог-одлука, која, пак, во досегашната практика се покажуваше како конечна. Комисијата тврди дека одлуката за одложување на поскапувањето не е донесена под нечија сугестија.
Од Комисијата велат дека единствената причина било да се почека донесувањето на новиот Закон за енергетика, кој предвидува нова методологија за пресметка на електричната...
Post Views: 0
Централната влада во Мадрид побарала од судот референдумот во Каталонија да се прогласи за неуставен, бидијќи го крши уставот на Шпанија. Иако на уставниот суд ќе му требаат години за да ја донесе конечната одлука, референдумот е суспендиран со самата одлука судот да го прифати овој предмет. Портпаролката на судот рекла дека 12 судии донеле одлука по едночасовен итен состанок.
На историскиот плоштад Sant Jaume, во центарот на Барселона, каде се наоѓа канцеларијата на градоначалникот и регионалната влада, огромна штоперица од саботата го одбројува времето до 9 ноември,...
Post Views: 8
62ца здравствени работници и тоа доктори, медицински сестри, фармацевти, акушери, лаборанти се пријавиле за групните советувања во Советувалиштето за откажување од пушење кое летово започна да функционира во рамките на Центарот за јавно здравје од Охрид. Од крајот на јуни, досега, во охридското советувалиштето биле одржани девет обуки со што истото го држи првото место според проценките на Институтот за јавно здравје. На поканата на Советувалиштето за учество во групните советувања се одзвале неколку приватни и скоро сите јавни здравствени установи од градов, со исклучок...
Post Views: 11
Во моментот не постојат никакви објективни причини и оправданост за прекинување на доверениот четиригодишен мандат од страна на граѓаните за остварување на ветените проекти во програмата.
Ваква одлука ноќеска донесе Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ по долгата седницата, на која по темелната дискусија и анализа е донесен став да не се распишат предвремени избори.
Иако највисокото партиско раководство оценило дека доколку сега бидат распишани предвремени избори ВМРО-ДПМНЕ би имал двојна предност пред СДСМ, сепак било оценето дека нема причина за распишување на избори.
„За...
Post Views: 6
Популарната актерка Дерил Хана која се прослави со улогите во филмовите “Сплеш“ и “Волстрит“, била уапсена меѓу неколку десетици демонстранти кои протестирале пред Белата куќа.
Протестот бил одржан поради одлуката на американскиот претседател Барак Обама компанијата “ТрансКанада“ да изгради 2700 км долг гасовод. Протестантите сметале дека овој проект ќе и наруши на животната средина.
“Сопрете ја изградбата на гасоводот “Кејстон“. Кажете му не на гасоводот“, викала Хана заедно со другите протестанти, додека специјалците и ставале лисици на раце.
Стејт департментот донел...
Post Views: 7
Охриѓани во неизвесност дали дел од паркинзите во Зона Б кои со летниот режим на сообраќај беа префрлени во поскапата Зона А ќе бидат вратени во првобитната или ќе останат во моменталната зона. Летниот режим на сообраќај заврши на 1ви Септември, но на овие паркинзи и натаму се наплаќа по ценовникот за паркинзи од Зона А, односно по 30 денари за час. Граѓаните се прашуваат кога паркинзите ќе се вратат повторно во Зона Б, каде за час паркирање се наплаќа по 20 денари.
Од претпријатието велат дека постои можност зоните на паркирање да се вратат по старите цени, но исто...
Post Views: 4
Maси и столици на тротоарите, а пешаците на коловозот. Сеуште ваква е сликата на улицата “Коста Абраш“, пред рестораните „Александрија“ и „Чун“. На Овој потег од улицата според одлука на Совет во текот на летниот период од 05 до 20 часот е сообраќајница. На ова место има и огромна фрекфенција на пешаци кои се приморани да се движат по коловозот затоа што тротоарите се пренаменети во тераси на угостителските објекти. Твм пред извесно време на барање на граѓаните пишуваше за овој проблем. Тогаш од Локалната се изјаснија дека опремата е поставена согласно програмата што...