Граѓаните се спасија од поскапа струја

Поскапувањето на електричната енергија е одложено за три месеци, реши Регулаторната комисија за енергетика(РКЕ).

 |  Маја Савиќ  | 
strujomeri
струјомери

smetki za strujaПоскапувањето на електричната енергија е одложено за три месеци, реши Регулаторната комисија за енергетика(РКЕ). Регулаторното тело што претходно предложи електричната енергија да поскапи за 6,36 проценти сега ретерираше од оваа предлог-одлука, која, пак, во досегашната практика се покажуваше како конечна. Комисијата тврди дека одлуката за одложување на поскапувањето не е донесена под нечија сугестија.

Од Комисијата велат дека единствената причина било да се почека донесувањето на новиот Закон за енергетика, кој предвидува нова методологија за пресметка на електричната енергија и давал најреална слика за трошоците на компаниите. Од друга страна, пак, претседателот на Комисијата посочи дека и по завршувањето на првиот квратал в година не очекуваат да има поголеми отстапки од предлогот цената на електричната енергија да биде повисока за повеќе од шест проценти, што одолжувањето го прави нејасно.

Од ЕВН велат дека одолжувањето ќе им се одрази негативно на работењето. – ЕВН Македонија ќе биде принудена да ги ревидира веќе планираните инвестиции и доколку новата одлука не се донесе до март 2011 година, инвестициската програма ќе биде намалена соодветно и тоа ќе има негативен одраз на целото работење на компанијата – изјави Ленче Карпузовска, портпаролката на ЕВН Македонија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top