Ознака: овој

Ohridsko leto

Успешно 51 –то издание на Фестивалот Охридско лето

Post Views: 2 На ден пред затварањето на 51 –то издание на Охридско лето,  директорот и двајцата селектори на прогрмата се задоволни од квалитетот на прикажаното  во текот на 40 –те фестивалски дена. Директорот на Фестивалот, Илија Мојсоски истакна дека со понудената богата музичка и театарска програма овој фестивал го зацврсти своето високо реноме. „Беа реализирани 25 музички концерти, 10 драмски престави на 5 различни простори, 6 зиложби и една филмска проекција. Според податоците фестивалот го посетиле 20.000 гледачи со што е постигната и  рекордна постеност“, истакна Мојсоски. Моја...

Continue reading

Ohrid jazz festival

Денови на Oхридскиот џез фестивал

Post Views: 1 Вечерва во „Куба либре“ ќе настапи еден од најдобрите грчки џез музичари Костас Теодороу со постава која доживува голем успех низ Европа преку нивните концерти и многубројни албуми. Ќе ги изведат најдобрите композиции од  нивните последни албуми, претежно во етно-џез стил. На 21 Август во џез клубот “ Џез ин”  некаде околу полноќ ќе настапат Летечки пекинезери од Скопје, а во овој клуб на 25 Август ќе има уште една џем-сешн свирка. Имињата на изведувачите сеуште не се познати, а можно е оваа вечер да настапат повеќе групи со свои импровизации, велат организаторите. На...

Continue reading

zaobikolnica

Заборавената заобиколница

Post Views: 12 За само 900 метри пат се чека државата да одобри пари за да се асфалтира Источната трансверзала. По три изминати години сеуште не  дозавршена и пуштена  во сообраќај  заобиколницата или Источната трансверзала која води од патниот правец Битола – Св Наум. Каде се закочени работите одговор побаравме од  преставниците на Фондот за комунален развој при Локалната самоуправа и од Агенцијата за државни патишта. Зоран Шикалоски од Фонд за комунален развој  при Локалната самоуправа вели дека уште пред три години добиле ветувањa дека ќе биде завршена трансверзалата, но...

Continue reading

proakva

МЈП Проаква се издава под концесија

Post Views: 0 Комисијата за спроведување на постапка за концесија по овластување на градоначалниците на Охрид и Струга денеска го објави меѓународен повик во дневниот печат. овој повик се куваше скоро една година, откако Советите на општина Охрид и Струга донесоа одлука за отпочнување на постапка за издавање на МЈП Проаква под концесија, поточно на дејноста на ова МЈП под концесија или јавно приватно партнерство.  Врз основа на одлуките кои ги донесоа двата совети управниот одбор на МЈП одлучи да ја започне постапката, а градоначалниците донесоа решение со кое беше формирана комисија...

Continue reading

kadmo

Хуманитарен концерт на плажата Кадмо

Post Views: 7 Вечерва, хуманитарен концерт за собирање средства за Искра Донева која боледува од церебрална парализа и треба да и се направи операција во Русија. Концертот ќе се одржи на плажата Кадмо со почеток во 23 часот. На него ќе настапат Влатко Лозаноски, Ѓоко Танески, Александар Белов, Ивица Велковски, Денис Мурат и други. Овој хуманитарен настан е поддржан од Црвениот крст од Охрид. {loadposition content9}

Continue reading

poplava

Додека се бараат надлежностите, трпат граѓаните

Post Views: 4 Зграда на улица Сатеска во населбата Далјан веќе втор ден поплавена со вода. Станарите овој проблем го заблежале уште вчераутро, по што веднаш ги известиле службите од јавните претпријатија Проаква и Нискоградба. Дури после неколку повици на местото пристигнале службите од Проаква кои само констатирале дека шиберот кој може да ја сопре водата не функционира и дека мора да биде заменет. Но проблемот на овие станари не запира тука, бидејќи вистинскиот проблем лежи во надлежноста за решавање на ваквиот дефект. Сепак додека се префрла топката од една на друга страна, во...

Continue reading

uzurpacija

Оградата симната, конструкцијата сеуште стои

Post Views: 0 Станарите на зградата ламела, Б-1 на улицата Даме Груев го добија своето дворно место. Тие веќе подолго време истото не можеа да го користат, бидејќи беше узурпирано од еден од нивните соседи. ТВМ еднаш веќе информираше за овој проблем, во кој добивме ветување од органите на СВР дека во најкраток можен рок ќе постапат по овој случај. Токму од СВР не информираа дека нивните служби веќе стапиле во контакт со лицето што ја извршило узурпацијата на дворното место. Тие на пријавениот му побарале документација за поставената метална ограда, но таква документација, тој не...

Continue reading

bazen

Сите на базен

Post Views: 0 Голем ден за Охрид. Свечено ставен во употреба реконструираниот базен „Атина Бојаџи“, кој ќе функционира како дел од СРЦ. Инвестцијата на Локалната самоупра вредна сто и педесет илјади евра, е обид да заживее пливањето во нашиот град, спорт по чии успеси некогаш бевме надалеку познати. Градоначалникот Александар Петрески го пушти базенот во употреба и кажа дека станува збор за објект кој е целосно реконструиран и најсовремено направен со користење на најсовремена технологија.  Петрески додаде дека нешто што имаме треба да се надоградува постојано и да биде поубаво и...

Continue reading

uzurpirano mesto

Узурпиран двор од зграда

Post Views: 4 Жителите од зградата – ламела Б – 1,  во населбата Даме Груев се жалат на узурпација на дворното место. Член од куќниот совет вели дека сопственикот на подрум го прекршува законот за домување со тоа што подрумскиот дел го издава за станување. Покрај ова, истиот го има узурпирано и дворното место од зградата. Проблем повеќе е што во заградениот дел остана и трансформаторот за струја“, вели членот од куќен совет Горан Мицковски. „За узурпацијата ги имаме известено сите надлежни институции. Според моите сознанија градежниот инспекторат има изготвено соодветни пријави,...

Continue reading

Duke Bojadziev

Дуке Бојаџиев и „Love is the way“

Post Views: 7 Еден од  најзначајните македонски композитори и пијанисти Дуке Бојаџиев, вечерва на „Охридско лето“. После неговиот спектакуларен настап во Карнеги Хол во Њујорк, сега и македонската публика ќе може да ужива во проширеното издание на овој негов концерт. Камерниот состав на Македонската филхармонија, под дирегентската палка на Саша Николоски – Ѓумар, како и голем број уметници гости, со своето учество ќе го збогатат ова несекојдневно музичко доживување. Проектот „Love is the way“,кој својата премиера ја имаше во њујоршкиот „Карнеги хол“ на 16-ти април, сега и пред македонската...

Continue reading

maraton

Заврши Малиот Илинденски маратон

Post Views: 1 Малиот Илинденски маратон ја доби својата завршница. Мирните води на Охридското езеро им помогнаа на пливачите во остварување на својата цел. Без особен напор, трката за учесници постари од 16 години заврши за околу половина час од својот старт, и доби старо-нови победници, додека нешто подоцна заврши и трката за пливачите од категоријата помлади од 16 години. По завршувањето и на втората трка сите учесници добија признанија за учество во Малиот Илинденски маратон, додека првите три места во двете конкуренции добија и медали за постигнатиот успех. За првите двајца пливачи...

Continue reading

Stefanoski

Невообичаен музички деликатес вечер пред охридската пубилка

Post Views: 0 Стефановски обајснува дека основа на вечерашниов концерт е балканската, македонска музика, но секако и класичните дела, како на пример на Ерик Сатија, Дебиси, Моцарт и Дворжак, кои во себе имаат фолклорни елементи и се слични со традиционалната или етно музиката. Стефан Миленковиќ вели дека она што е несекојдневното за овој музички настан, е фактот на едно место ќе видите еден врвен гитарист и еден врвен виолинист, кои заедно чинат еден неверојатен спој.„ Мислам дека секој од нас е доволно индивидуален и креативен па така комбинацијата веднаш создава нешто ново. И тоа...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top