Денови на Oхридскиот џез фестивал

Вечерва во „Куба либре“ ќе настапи еден од најдобрите грчки џез музичари Костас Теодороу со постава која доживува голем успех низ Европа.

 |   | 
Ohrid jazz festival
Ohrid jazz festival

Оскар салас/Костас Теодору

Вечерва во „Куба либре“ ќе настапи еден од најдобрите грчки џез музичари Костас Теодороу со постава која доживува голем успех низ Европа преку нивните концерти и многубројни албуми. Ќе ги изведат најдобрите композиции од  нивните последни албуми, претежно во етно-џез стил.

Letecki pekinezeriНа 21 Август во џез клубот “ Џез ин”  некаде околу полноќ ќе настапат Летечки пекинезери од Скопје, а во овој клуб на 25 Август ќе има уште една џем-сешн свирка. Имињата на изведувачите сеуште не се познати, а можно е оваа вечер да настапат повеќе групи со свои импровизации, велат организаторите.

На 24 август во „Куба либре“  најавено е гостувањето на еден од најдобрите перкусионисти на сите времиња, кубанско-американската ѕвезда Оскар Салас, познат како член на бендовите на Дејвид Брн, Џако Пасториус, Артуро Сандовал, Алекс Акуна, Брекер Брадрс и многу други. Добитник е на наградите „Роберт Шер“, „Меморијал“, „Чаос амигос“ за оригинално достигнување на полето на џез-компонирањето. Тој ќе настапи со триото на нашиот џез-гитарист Китановски. До година на овој фестивал, се планира да настапат познати изведувачи од повеќе странски држави.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top