Post Views: 8
Министерството за животна средина и просторно организира Јавна расправа за Нацрт-планот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион 2019-2028г. Ќе биде разгледан и Нацрт-извештајот за стратегиска оцена на животната средина за планот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион 2019-2028г.
Јавни расправи ќе се одржат во Клубот на пратеници во Скопје на 11 ноември, со почеток во 12 часот. Во Охрид и Струга настанот ќе се одржи на 12 ноември во НУЦК “Григор Прличев“ со почеток во 12 часот и во салата на Советот на...
Post Views: 1
Во рамките на проектот „Охрид во духот на традицијата“ што го реализира Здружението на граѓани „Нова Порта“ од Охрид, денеска се одржа етно-работилница во ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ во Охрид.
Најмладите кои престојуваат во оваа детска градинка изработуваа предмети со етно-материјали., а ја цртаа и традиционалната охридска куќа преку која се запознаа со старата градска архитектура во Охрид.
Целта на работилницата беше децата како идни продолжувачи на традицијата да се запознаат со богатото охридско културно наследство преку етнолошките и етнографските елементи и да научат...
Post Views: 8
Општина Охрид го имплементира проектот “Интер-регионално управување со културното наследство, Е –систем” (Inter-regional Cultural Heritage Management e – System ), од програмата “Interreg Balkan – Mediterranean 2014-2020”, на Европската Унија.
Главна цел на проектот е дигитализација и промоција на културното наследство, развој на културниот туризам и едукација на младите и туристите за значењето на културното наследство. Проектните активности опфаќаат дигитализација на културното наследство на општините Охрид, Ѓирокастро, Самос и Крф сите места...
Post Views: 6
Ревизијата на проектот за пругата кон Албанија и автопатот Струга Ќафасан, проект стар 20 год и чија реализација е напуштена,,напуштањето на проектот за експресниот правец Охрид Св Наум, формирање на ЈП Колекторски систем, елаборатот за отценка на влијание врз животната средина на Заливот на коските кој покажал дека нема штетно влијание и бил прифатен од советофавните тела на УНЕСКО, со цел подобро управување со нивото на езерото компанијата ЕЛЕМ предвидела 240 илјади американски долари за систем на електронска регулација на водостојот, регулација на сообраќајот во...
Post Views: 10
Нема дилема дека Охрид ќе се најде на листата на загрозено светско наследство. Кога ќе се даде таква препорака таа понатаму и се усвојува од Комитетот на УНЕСКО и во овие околности таквата одлука е праведна, сметаат од Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко свест“. Тоа праќа порака дека како држава сме потфрлиле, не сме направиле доволно да си го заштитиме единственото УНЕСКО подрачје кое е едно од ретките не само културни туку и природни заштитени богатства, вели вели Ана Чоловиќ Лешоска од Еко свест.
„Доколку го изгубиме статусот односно...
Post Views: 0
На 137 редовна седница, Владата на Република Северна Македонија го утврди Предлог-законот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион и донесе одлука тој да биде доставен на усвојување во Собранието на РСМ.
Во Предлогот на законот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион се имплементирани обврските што произлегуваат од Конвенцијата за заштита на светското културно и природно наследство на Организацијата на обединетите нации за образование, наука и култура, и се создаваат формално-правни предуслови, преку интегрирано...
Post Views: 2
После вчерашната информација објавена од голем број македонски медиуми дека УНЕСКО предложи Охрид да се стави на Листата на загрозено светско наследство, од Владата излегоа со официјален став дека Охридскиот регион долги години бил лошо управуван и дека постапува со внимание и сериозност по сите одлуки и препораки на УНЕСКО.
-„Владата на Република Северна Македонија пристапува со внимание и сериозност кон комплексните состојби со кои се соочува светското природно и културно наследство во Охридскиот регион години наназад. Долгогодишното лошо управување со регионот и мегаломанските...
Post Views: 3
Попис на сите културни и природни богатства кои ги има регионот на Охридското Езеро и во македонскиот и во албанскиот дел. Вака треба да започне проектот на УНЕСКО за интегрирана заштита на културното и природното наследство во регионот на Охридското Езеро. Овој проект цели кон разрешување и отстранување на сите закани кон природните и културните вредности на овој регион и нивна интегрирана заштита и во Македонија, и во Албанија.
„Интегрираната заштита на целокупниот охридски регион значи всушност еден нов квалитет, најмногу во областите на заедничка грижа за квалитетот...
Post Views: 1
Научната вечер ќе се оддржи утре во Домот на културата во Вевчани со почеток од 20 часот а ќе говорат Доц. д-р Даворин Трпевски од Институтот за етнологија и антропологија при Природно математичкиот факултет- Универзитет Св Кирил и Методиј- Скопје, м-р Ивона Опетческа Татарчевска етнокореолог од Управата за заштита на културното наследство, м-р Велика Стојкова Серафимовска етномузиколог и претседател на Националниот Комитет за Македонија. Инаку годинешново издание на Фестивалот ќе измине без најавените фолклорни содржини и концертот на групата Љубојна. Од КУД Дримкол-...
Post Views: 0
НУ Музејот д-р Никола Незлобински подготвува интересна музејска поставка во Враништа, струшко. Целокупната археолошка материја од локалитетите во Враништа што се откриени изминативе 50 години ќе бидат презентирани пред научната и стручна јавност, како и пред сите љубителите на културното наследство. Директорот проф. Д-р Сашо Цветкоски, вели дека овој битен проект е дел од теренската програма која музејот треба да ја реализира до средината на оваа година.
„Значи тоа ќе го изложиме и ќе го презентираме во една интересна збирка која ќе опфати период од праисторија до среден...
Post Views: 10
НУ Завод и Музеј од Охрид со низа проекти ќе продолжи во заштита на културното наследство. Се подготвуваат проекти со кои ќе аплицира до ресорното министерство. Меѓу бројните проекти акцент е ставен на три значајни проекти. Од нив два објекти се прогласени со Решение за културно добро во опасност, а станува збор за Св. Богородица Челница и Римската бања на Плаошник. Ќе се работи и на започнатиот проект за ревиталзиација на Самоиловата тврдина, информира Елеонора Новаковска, директор на НУ Завод и Музеј.
„ Ќе добиеме средства од Министерството за култура за да го реализираме...
Post Views: 7
Археолози од Сај Арк на македонските колеги и архитекти им ги презентираа методите и технологиите кои ги користат при дигитализирање на културното наследство. Дигиталното документирање ќе почне на катедралната црква Св. Софија во Охрид. Археолозите од Сај Арк со својата работа ќе им помогнат на луѓето кои работат со управување и зачувување на културното наследство во обезбедување на инжинерски цртежи и детални мапи кои ќе помогнат во активното управување со локалитетите. Експертите од Сај Арк, непрофитна организација од САД, ќе користат различни технологии, дронови ,...