Post Views: 2
На потегот кон Велестово е фотографиран граѓанин како од возилото вади отпад и го остава покрај патот. Случајниот минувач кој го регитрирал несовесното однесување ги објавил фотографиите на социјалната мрежа фејсбук на кои се гледаат регистарските таблички на возилото. Отпадот од локацијата уште истиот ден го подигнале од еколошкото здружение Еко Фап. Од ЈП Охридки Комуналец велат дека сликите за овој случај пристигнале и до нив и ги доставиле до Општинскиот комунален инспекторат.Портпаролот на локалната, пак, за овој случај негира дека до општинските служби пристигнала...
Post Views: 8
По 49 сексуални напади и силувања во норвешката престолнина Осло досега годинава, норвешкиот министер за правосудство, Кнут Сторбергет, ги повика надлежните полициски органи на кризен состанок.
Бројот на сексуални напади во Осло е далеку поголем во споредба со другите главни градови во Скандинавија.
Само изминатиот викенд во полицијата биле пријавени шест нови случаи, пишува норвешкиот весник „Верденс ганг“ на својот веб-сајт.
Шведскиот истражувач на насилства, Петер Гил, смета дека засилениот бран на силувања во Норвешка би можел да има директна врска со терористичките...
Post Views: 0
Мирен простест на членовите на Здружението на музичари „Охридски музички еснаф“. Испратија барање до Министерот за здравство и Комисијата за заразни болести да пронајдат начин музичарите да ја работат својата работа како и останатите дејности. Игор Бежаноски, претседател на Здружението, кажа дека бараат музичарите да бидат вклопени во системот на работа во вонредна здравствена состојба.
„Да се изменат членовите во Законот со кој се забранува организирање на жива музика во угостителските објекти. Сигурни сме дека со донесените протоколи за работа на угоститеските објекти...
Post Views: 1
Во населбата Исток која се наоѓа над х.Гранит се гради куќа која го попречува видикот на Охридското Езеро на три семејни куќи, реагираа на прес конференција Алан Роу, англиски државјанин и Данчо Аврамоски од Охрид. Тие упатија обвинување за урбан хаос, со кој надлежните институции дозволиле без правосилно и конечно решение пред нивните домови да се гради објект со висина од 13,5 метри. Во мај минатата година, жителите чии имоти се загрозени од нелегалната градба, вложиле приговори на решението за реконструкција и доградба издадено од секторот за урбанизам. Се жалеле...
Post Views: 8
Нови пожари опустошија површини во близина на Хидробиолошкиот институт, населбата Св. Стефан и во Подмоље. По пожарите во Андон Дуков и на струшкото крајбрежје, каде што подолго време се пали трска, сега горат површини со нискостеблести растенија и на охридскиот дел. Охридските екологисти ги осудуваат ваквите опожарувања со кои се уништува природата. Борис Џајкоски, член на претседателсвото на ЕД Грашница и Еколошкото движење на Македонија, од името на екологистите повикува на совест кај граѓаните,но и на совесно работење на институциите за кои се надлежни. Џајкоски...
Post Views: 23
Стружанец одгледува кучиња во непосредна близина на О.У.„Јосип Броз Тито“. Раководните структури на училиштето реагираат, а воедно упатуваат апел до надлежните институции, до кои биле испратени дописи за состојбата со која се соочуваат и да преземат мерки за безбедноста на учениците. Револтирани се и родителите на децата кои посетуваат настава во ова училиште. Денеска забележавме како голем дел од родителите ги чекаат своите деца, загрижени за нивната безбедност.Пошироката јавност и надлежните институции мора да бидат запознати со проблемот со кој се соочуваме околу...
Post Views: 3
Кризниот штаб на општина Охрид заседаваше по силниот ветар кој викендов го зафати нашиот град. Јужниот ветер кој дуваше со над 90 км на час предизвика повеќе штети посебно на потегот од Канео да градскиот плоштад. За справување со последиците биле договорени конкретни активности на надлежните служби како и нивна координација, информираше Томе Наневски претседателот на Кризниот Штаб. Екипи на Локалната самоуправа и градоначалникот ги посетиле речиси сите места каде што југот ги покоси сите импровизирани платформи, додава Наневски.
„На состанокот беше договорено да се...
Post Views: 13
Проблемот со каменоломите во струшко Лабуништа наместо да се реши, дополнително се комплицира. Денес народните избраници од оваа месност на 41 та седница на струшкиот совет реагираа до надлежните, да ги преиспитаат уште еднаш нивните барања во врска издавањето на плус 3 нови концесии за каменоломи. Абдула Ќазимоски советникот на Нова демократија од Лабуништа, вели дека извештаите од инспекторите кои направиле увид биле лажни.
„Инспекторите од Министерството за екологија дојдоа ми дадоа записник и лично се потпишав на записникот каде беа констатирани неправбилности во...
Post Views: 7
За хигиената, односно нехигиената во Струга, граѓаните можат да напишат томови на книги. Секоја уличка и сокак крие по некој проблем, поврзан со комуналната негрижа на оние кои се надлежни за тоа. Имено вчера, додека нашата екипа беше на терен, ни пристапија видно револтирани граѓани од централното градско подрачје, за да ни кажат што се случува пред влезот на нивната куќа, поточно веднаш позади хотелот „Београд“. Тие велат дека многу инвестирале за куќата, направиле и дуќани за издавање под кирија, но неможат да ги издадат точно поради сметот кој секоја вечер им се...
Post Views: 2
Здравјето пред профитот. 10 илјади жители на Лабуништа секојдневно голтаат прашина од каменоломите во атарот на ова струшко село. Мештаните стравуваат од последиците по нивното здравје. Велат дека надлежните се оглушиле на нивните барања, молби и апели за изнаоѓање решение за проблемот. „Во Лабуништа имаме страшен проблем со каменоломите. Прво овде никој не е дојден ниту од Министерството за животна средина да види како живее ова село 10 000 жители и имаме 3 каменоломи. Нека дојдат од министерството да видат како живееме ние во Лабуништа и да се преземат мерки. Ние ќе...
Post Views: 1
Не стивнуваат реакциите околу реконструкцијата на Али пашината џамија. Иако градежните активности започнаа пред нешто повеќе од еден месец, деновиве на локацијата работите се одвиваат со зголемен интензитет. Директорката на НУ Завод за заштита на спомениците и Музеј-Охрид, Тања Паскали Бунташеска изјави неодамна дека во моментов се изведувале конзерваторски работи а до наесен кога ќе започнела реконструкцијата и изградбата на минарето охридското муфтиство треба да го добие и потребнато одобрение за градба. Но граѓаните со недоверба го следат она што се случува на самото...
Post Views: 7
Ади Жута од Велешта, живее шест месеци во неизвесност. Откако до темел му изгоре краварската фарма во струшкото село Добовјани, со што претрпел штета од 210 000 илјади евра, тој чека помош од државата. Досега во пресрет му излегла Локалната од Струга, со кој гест тој е задоволен.
„Од државата после два три дена од трагедијата што се случи на фармата, ми ветија дека ќе ми помогнат и од Министерството и Владата и сега чекам реализација. Инаку од општина Струга она што Советот го изгласа да ми помогнат со 300 000 илјади денари пола ми дадоа, но секој ден чекам да рестартирам...