Post Views: 5
„Каменот и железото“ е насловот на најновата изложба на Трајко Дурчовски. Академскиот сликар Славко Упевче ќе ја претстави најновата поставка на скулптури на Дурчовски утревечер во Центарот за култура. Ова е 10-та изложба на авторот кој пред охридските љубители на уметноста е препознатлив по скулптурите изработени од железо.„ Со железото се претставив неколку пати , а со каменот за прв пат. Каменот е украс за на ѕид , се буши со бургија и се украсува со бакар и со калај“, појаснува Дурчовски.
Трајко Дурчовски овој пат ќе се претстави со 30 -тина скулптури. Секоја...
Post Views: 1
Драмата „Многу врева за ништо“ е вечерашната претстава на актерите од НУ „Театар Комедија“. Шекспировата комедија напишана во 1598 година се однесува и на времето денес. Станува збор за претстава која бара силна физичка и психичка подготовка на актерите, брза игра и менување на жанровите, кажува режисерот Дејан Пројкоски.
Благодарение на оваа прекрасна екипа успеавме да созададеме една храбра и радикална Шекспирова претстава која се поигрува со жанровите. Започнува со една гротеска, интересна комедија, за потоа да влеземе во трагедија, па пак преку гротеска која...
Post Views: 6
Изминува половина од предвиденото време во кое охриѓани ќе можат да уживаат во градското лизгалиште, новата забавна содржина на градскиот плоштад.
Уште од неговото поставување на 24ти Декември, во јавноста провејуваа различни мислења, од тоа дали е потребно, потоа дали е одбрана вистинската локација до тоа дека лизгалиштето е вистински погодок и атракција и за домашните, и за туристите. Екипата на ТВМ излезе на лице место па ги запраша што за него мислат оние кои лизгалиштето го користат единствено за тоа…за лизгање. Еве што ни кажаа децата кои ги затекнавме таму.
„Тука...
Post Views: 0
Историчарот, Проф.д-р Павле Митрески, една година ја чека ветената финансиска помош од Локалната самоуправа да биде испечатена Монографијата за Охридската гимназија. На подготовката на книгата која има 290 страници, Проф. д-р Митрески, вели дека макотрпно работел 4 години. Тој низ архивите прибирал огромна документација и фотографирал над 2000 документи. Професор Митрески во Монографијата го опфатил развојот на гимназиското образование во Охрид, почнувајќи од периодот на 19 и 20 век. Печатењето на Монографијата би чинело околу 60.000 денари.
„Многу сум разочаран,...
Post Views: 1
Наградени, со нов Управен одбор, нова техничка опрема, ново товарно возило, и веќе во подготовки за јубилејното 50 годишно издание на фестивалот.
Емоции и квалитет, карактеристики за претстојната 50 годишнина на Охридско лето. Активностите на овој фестивал не престануваат со неговото завршување на 20 август. Во просториите на фестивалот напорно се работи на подготовките за јубилејното 50 то. Во тек е изработката на монографијата, за што веќе се создава тимот кој ќе ја работи вели првиот човек на фестивалот Тони Симоноски. Тој, се пофали со наградата на министерството...
Post Views: 5
Огромен е интересот за купување билети за свеченото отварање на 49-то издание на фестивалот Охридско лето и настапот на маестро Енио Мориконе.
Влезниците се продаваат по цена од 30, 40 и 50 евра, а веќе се резервирани и 50 посто од местата на античкиот театар вели директорот на Фестивалот Охридско лето, Тони Симоноски. Резервации за влезници има и од соседните држави.Светски познатиот композитор и диригент Енио Мориконе кој во Охрид доаѓа со неговата филхармонија, ќе изведува композиции во траење од 1 час и 15 минути.
Проектот на настапот е насловен како „Беше еднаш...
Post Views: 6
Од лидерската средба во понеделник не треба да се очекува премногу, таа може да биде само добар вовед за она што допрва ни претстои, изјави Министерот за надворешни работи на РМ, Антонио Милошоски.
„Во секој случај позитивно ја оценувам средбата и што премиерот ја свика. Оваа средба може да биде добар вовед во она што допрва ни претстои. Од како евентуално ќе имаме нов предлог за името, тогаш ќе треба со сета сериозност и одговорност, сите политички чинители, повторно да завземат конечен став кој на најдобар начин ќе ги застапува македонските интереси“ , рече министерот...