Од лидерската средба во понеделник не треба премногу да се очекува

Во врска со вчера изнесениот став на СДСМ за името, Милошоски истакна дека недостаток е што оваа партија секое полугодие има различен став.

 |  Тања Кувенџиска  | 
Antonio Milisoski
Antonio Milosoki

Од лидерската средба во понеделник не треба да се очекува премногу, таа може да биде само добар вовед за она што допрва ни претстои, изјави Министерот за надворешни работи на РМ, Антонио Милошоски.

„Во секој случај позитивно ја оценувам средбата и што премиерот ја свика. Оваа средба може да биде добар вовед во она што допрва ни претстои. Од како евентуално ќе имаме нов  предлог за името, тогаш ќе треба со сета сериозност и одговорност, сите политички чинители, повторно да завземат конечен став кој на најдобар начин ќе ги застапува македонските интереси“ , рече министерот Милошоски.

Во врска со вчера изнесеното на СДСМ за името, Милошоски, истакна дека добро е се има став, но недостаток е што во текот на изминатата година и пол, СДСМ секое полугодие има различен став и секој следен бил полабав од претходниот. Ценам дека тоа не е позитивно за преговарачкиот процес“ , рече Милошоски.

EU zname„Заев треба да направи разлика што значи претставување став во јавноста во моменти кога земјата е во интензивна преговарачка динамика. Дали тоа е продуктивно или не, оставам тој и јавноста сами да проценат“, рече шефот на македонската дипломатија.

Околу македонско- грчкиот спор со името зборуваше и Ален Тереноар, претседател на Меѓународната Паневропска унија.

„Овде сум во Македонија, друго има не знам. Кога доаѓам од Париз велам- одам во Македонија. Кога се враќам- велам доаѓам од Македонија. И во Грција – велам доаѓам од Македонија чиј главен град е Скопје“, рече Тереноар.   

За тоа, дали повторно се враќа во игра двојната формула за името, Милошоски одговори дека на политичките чинители треба да им е јасно дека не е толку лесно, одредена позиција која се градела со години, да се напушти без соодветна аргументација.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top