Post Views: 9
Гостите од хотел Дрим, во првиот ден од Новата 2011 год. ручаа со лебедите. На присутните, менаџерскиот ти на хотелот им понуди традиционална македонска храна. Гостите позитивно изненадени и задоволни од специјалитетите, амбиентот но и уникатната идеја.
Традиционална македонска храна, топла ракија, топло вино, ѓомлезе… е дел од трпезата која им беше поставена на гостите од хотелот Дрим. Присутните и покрај студеното време, сепак презадоволни од идејата, храната и уникатната идеја на хотелскиот менаџерски тим.„Ручек со лебедите“, нова понуда, која за своите гости...
Post Views: 4
Во својот прв настап на Светските првенства, ватерполо репрезентацијата на Македонија вечерва во Рим доживеа пораз од селекцијата на Романија со резултат 6:4.
Нашите репрезентативци добро го започнаа натпреварот од групата Д и беа рамноправни со Романците во првите две четвртини. По 1:1 во првиот и 2:2 во вториот период на полувремето се отиде со 3:3. Клучната разлика Романија ја направи во третата четвртина кога постигна три, а не прими ниту еден гол и во последниот период влезе со 6:3. Последните осум минути Македонија ги доби со 1:0 и успеа само да го ублажи поразот.
Слабата...
Post Views: 0
Одбележани 66 години од формирањето на првата македонска народно ослободителна ударна бригада во Локов.
На свеченоста присуствуваа министерот за одбрана Зоран Коњаноски, како и претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски.
„Да не се заборави, но никогаш да не се повтори“, беа зборовите со кои генералот во пенззија Тодор Атанасоски се потсети на НОБ. Пред 66 години на 8 јуни 1944 година, во ова село на истурениот височински, но живописен дел на планината Караорман беше формирана Првата Македонска народноослободителна ударна бригада. Генерал Атанасовски пред присутните се...
Post Views: 4
Нов селектор на македонската фудбалска репрезентација е Мирсад Јонуз, одлучи попладнево Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).
Јонуз, кој досега ја предводеше репрезентацијата до 21 година, доби доверба од Управниот одбор (УО) на ФФМ да го предводи националниот тим до крајот на квалификацискиот циклус за СП 2010г.
УО ги прифати неговите услови, 5 илјади евра годишна плата и избор на свои соработници, соопшти ФФМ.
Јонуз ќе дебитира на селекторското место на квалификацискиот дуел против Норвешка,што ќе се одигра на 6 јуни во Скопје.
Во конкуренција за нов селектор...
Post Views: 13
Во организација на Австралискиот огранок на Обединета Македонска Дијаспора во Перт, Австралија за првпат се одржа фествивал на македонска храна и пијалоци.
Еднодневниот фестивал беше посетен од неколку илјади студенти и како граѓани на Западна Австралија кои имаа можност да вкусат македонско вино, како и македонски кулинарски специјалитети.
Во присуство на високи претставници на австралиската влада како и дипломатски претставници на повеќе странски држави, фестивалот свечено беше отворен од страна на парламентарецот и претседавачот на Западноавстралиско-Македонската...
Post Views: 7
Охридската пошта кубури со поштари и шалтерски работници. Дека има потреба од нови вработувања потврдува и директорот на Македонска пошта подружница Охрид, Сејфула Хани. Во моментов околу 20 работни места се празни и потребно е нивно потполнување. Првиот човек на охридската подружница додава дека прават напори за брзо време да се надмине овој горлив проблем и веќе од Министерството за финансии чекаат согласност за нови вработувања.
„Според законот имаме монопол за поштенски услуги, посебно за работата што ја вршат поштарите за доставувањето и мислам дека тука имаме...
Post Views: 7
Ресторанот „Македонија“ е најдобар семеен ресторан за 2010 година во германската метропола Берлин. Изборот и прогласувањето го изврши тиражниот дневен весник „Тагсшпигел “(„Дневно огледало“). Сопственик на ресторанот е мариовецот Живко Пејовски, заедно со сопругата Нада. Тие двајцата со синовите Александар и Горан, но и со најмалиот, 13-годишниот Дејан, како и со уште шестмина вработени, успеваат гостите да ги задоволат со македонски специјалитети, јадења, салати, слатки, а сето тоа да го залеат со македонска мастика, жолта ракија и со богат избор на десертни црвени...
Post Views: 1
Јавното претпријатие „Нискоградба“, денес започна со поставување на фекална канализација на улицата „Прва македонска ударна бригада“.
Претходно фекалиите од оваа улица се пренасочуваа кон споредните улици „Трајче Дојчиноски“ и „Александар Гушо“, па поради тоа доаѓаше до преоптоварување на канализацијата што резултираше со застои и излевање на фекалии.
По апелите од жителите кои живеат на овие улици, за решавање на проблемот, со ново предвидената фекална канализација, која е со профил ф300 и со должина од 150м и за која се предвидени шест ревизиони шахти, овај долгогодишен...
Post Views: 10
Холандската водителка Лаила Абид веќе со години гласи за една од најубавите жени во својата работа.Таа е водителката на вести на холандската телевизија “NOS”
По последните вести што ги водела Лаила станала вистинска ѕвезда. Имено, под црното сако, Лаила облекла секси чипкан градник кој го истакнал целиот раскош на нејзините гради.
Сега замислете ја како води вести на некоја македонска телевизија. „Инфлација, инвестиции, Груевски, Црвенковски…што? Ма што е важно. Жено дај едно пиво да уживам во дневников!“
{hwdvideoshare}id=1509|width=300|height=225{/hwdvideoshare}
{loadposition...
Post Views: 2
Во организација на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ од Охрид и „Фото сојуз на Македонија“, во сабота, по пауза од пет години повторно во Охрид изложба – „Денови на македонска фотографија“.– „Фото сојуз на Македонија“ е најстарата и најмасовна организација во областа на фотографијата. Оваа година го слави 75 годишното постоење како неодминлив дел на македонската култура и историја. Во изминативе 59 години Фото сојуз на Македонија ја организира манифестацијата „Денови на македонска фотографија“, која претставува резиме на македонското фотографско творештво во тековната...
Post Views: 1
Албанската страна од Охридското Езеро конечно пред вратите на УНЕСКО. Ова треба да се постигне со реализацијата на проектот за интегрално управување со целокупниот регион на Охридското Езеро со кој треба да се подготви номинацијата на Албанија за статус на заштита на културното и природното наследство, но воедно и рекапитулација на листата на природни и културни вредности од македонска страна. Воедно во рамките на проектот ќе се изготвува и стратегија за развој на туризмот во регионот, односно т.н софт туризам насочен кон максимално искористување на културните и природни...
Post Views: 8
Деветнаесет американски конгресмени вчера со писмо побараа од претседателот Барак Обама да ги поттикне сојузниците на САД во НАТО да и понудат на Македонија формална покана за членство во Алијансата на претстојниот Самит во Лисабон, информира Обединетата македонска дијаспора.Сигурноста и стабилноста на југоисточна Европа, веќе не треба да бидат под негативно влијание од билатерланото прашање со Грција. Македонија ги исполни сите критериуми за членство во НАТО и прашањето за името не спаѓа во критериумите за членство, се посочува во писмото од конгресмените до Обама.Ние...