Македонија во НАТО – барање на 19 Конгресмени од САД

Деветнаесет американски конгресмени вчера со писмо побараа од претседателот Барак Обама да ги поттикне сојузниците на САД во НАТО да и понудат на Македонија формална покана за членство во Алијансата на претстојниот Самит во Лисабон, информира Обединетата македонска дијаспора.

 |  Маја Савиќ  | 
нато
нато

натоДеветнаесет американски конгресмени вчера со писмо побараа од претседателот Барак Обама да ги поттикне сојузниците на САД во НАТО да и понудат на Македонија формална покана за членство во Алијансата на претстојниот Самит во Лисабон, информира Обединетата македонска дијаспора.
Сигурноста и стабилноста на југоисточна Европа, веќе не треба да бидат под негативно влијание од билатерланото прашање со Грција. Македонија ги исполни сите критериуми за членство во НАТО и прашањето за името не спаѓа во критериумите за членство, се посочува во писмото од конгресмените до Обама.
Ние разбираме дека разговорите меѓу Македонија и Грција за прашањето за името ќе продолжат, но веруваме дека членството во НАТО не треба да се поврзува со конечниот исход од овие разговори, му пишуваат конгресмените на претседателот Обама.
Во писмото, што е испратено и до потпретседателот Џо Бајден, државниот секретар Хилари Клинтон и секретарот за одбрана Роберт Гејтс, се потсетува на посветеноста на Македонија во меѓународните мисии во Ирак и Авганистан предводени од САД и НАТО и за логистичката поддршка за интервенција на НАТО во Косово во 1999 година и приемот на 360 илјади бегалци. Исто така, се истакнува и придонесот на земјава во мировните мисии во Либан и во Босна и Херцеговина, како и фактот дека во Авганистан, Македонија е меѓу првите четири најголеми учесници по бројот на население и оти 255-те македонски војници го обезбедуваат главниот штаб на ИСАФ во Кабул.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top