Македонски ресторан прогласен за најдобар во Берлин

Ресторанот „Македонија“ е најдобар семеен ресторан за 2010 година во германската метропола Берлин.

 |  Маја Савиќ  | 
piperki
пиперки

Ресторанот „Македонија“ е најдобар семеен ресторан за 2010 година во германската метропола Берлин.
Изборот и прогласувањето го изврши тиражниот дневен весник „Тагсшпигел “(„Дневно огледало“). Сопственик на ресторанот е мариовецот Живко Пејовски, заедно со сопругата Нада. Тие двајцата со синовите Александар и Горан, но и со најмалиот, 13-годишниот Дејан, како и со уште шестмина вработени, успеваат гостите да ги задоволат со македонски специјалитети, јадења, салати, слатки, а сето тоа да го залеат со македонска мастика, жолта ракија и со богат избор на десертни црвени и бели вина од македонските виногради.

restoranКомисијата на ’Тагсшпигел‘, која ги оценува семејните ресторани во Берлин, без претходна најава дошла во ресторанот ’Македонија‘. Комисијата ги прегледала сите простории – од чувањето на зеленчукот, овошјето, месото и на другите артикли, неопходни за подготовка на храната, кујната, магацинот и ресторанската сала, каде што посебен впечаток им направила декорацијата во македонски стил. На крајот од посетата  вкусиле неколку менија.

Оцените што ги добило семејството Пејовски по сите критериуми биле високи и без конкуренција го освоиле првото место.

makedonska kujna

Самото име говори дека во ресторанот можат да се вкусат јадења на прочуената македонска кујна, со многу македонски специјалитети, неизбежното тавче гравче, сарми, пити, салати, пинџури, ајвар, повеќе видови тави и друго.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top