Ознака: Македонија

avtopat

Автопатот Охрид – Кичево ќе се гради од три места

Post Views: 5 Модерното автопатско решение Охрид – Кичево, со изградба ќе започне март годинава. Охридските советници Александар Николоски и Харалампие Шокароски успеаа потребата од реализација на овој капитален проект да ја наметнат како прв приоритет на Владата на Р. Македонија за 2014 година. Шест ленти, по три од секоја страна, тунел од 2 км, 14 помали мостови, 7 големи мостови 4 поголеми вијадукти се дел од содржините на ова автопатско решение, но како новина Николоски го обелодена начинот на изградбата на автопатот Охрид – Кичево. „Во исто време ќе се стартува од три места што...

Continue reading

Dimce Janko

Почина познатиот македонски резбар Димче Јанко

Post Views: 12 На 94 годишна возраст  почина познатиот македонски  резбар Димче Јанко.  Јанко е роден во Охрид, на 21 октомври 1919 година.  Тој е еден од најплодните мајстори на полето на копаничарството во Македонија. Потекнува од повеќечлено семејство, од татко Јане и мајка Лојза. Во 1934 година ја напушта гимназијата и се запишува во Резбарското училиште во Охрид, оддел резбарство. Во 1947 година завршува мајсторски испит по резбарство во Пловдив, Бугарија. Од 1947 до 1962 година Димче Јанко работи во фондацијата на Св. Богородица (Перивлепта), потоа во ателјето за уметничка резба...

Continue reading

zavod

2013-та, година на реализирани проекти за ЈНУ „Хидробиолошки институт“ – Охрид

Post Views: 11 Година на голем број активности, реализација на национални и меѓународни проекти и постигнати значајни резултати за  ЈНУ Хидробиолошки завод – Охрид. Една од активностите кои ја одбележаа работата на овој институт во 2013 та година е  имплементацијата на регионалниот проект за заштита и одржливо искористување на биодиверзитетот на Охридското, Преспанското и Скадарското Езеро, имплементација спорведена во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија и Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ). Проф.Д-р.Сузана...

Continue reading

papandreu i obama

„То Вима“: Вашингтон предлага „Република Северна Македонија“

Post Views: 0 Атина да го преиспита својот став во однос на спорот за името со Скопје и да го разгледа предлогот „Република Северна Македонија“ како решение за проблемот, побарале американскиот претседател Барак Обама и државниот секретар Хилари Клинтон на средбите во Вашингтон со грчкиот премиер Јоргос Папандреу, пишува денеска весникот „То Вима“ Обама и Клинтон, како што се наведува, му кажале на Папандреу дека ако Грција одговори позитивно на нивното барање, Вашингтон е подготвен да го информира Советот за безбедност на ОН дека називот „ПЈРМ“ во иднина може да се замени со „Република...

Continue reading

ribari

Се затега обрачот на рибокрадците во Охридското езеро

Post Views: 4 Засилени мерки за сузбивање на рибокрадството во Охридското Езеро. Од денес за прв пат во историјата на рибарството ќе се прават заеднички контроли во Охридското Езеро и од албански и од македонска страна, со цел да се искорене рибокрадството. Тоа е во согласност со Законот за рибарство и аквакултура, а на терен ќе делуваат граничните полиции, како и инспекторатот од  Албанија и Македонија. Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Румен Стаменов, нагласи дека со оперативните зафати што ќе ги преземат во периодов што следи рибокрадците од двете страни ќе ги...

Continue reading

zemjotres

Македонија да не стравува од силни земјотреси

Post Views: 20 Градбите во Македонија се стабилни, но во случај на посилен потрес се можни оштетувања. Стручњаците стравуваат за градбите од периодот на транзицијата. Но, силни земјотреси во догледно време не се очекуваат. Градбите во Македонија, генерално, се сеизмички отпорни на потреси, иако при посилен земјотрес може да се очекуваат оштетувања, е генералната оценка на градежните и земјотресните инжинери кои ги анкетираше Дојче веле. Најголема резерва тие имаат во однос на објектите што се изградени по 1991 година, во периодот на транзиција немаше таква контрола како претходно,...

Continue reading

Општина Охрид

Од локалната реагираат на обвинувањата на ОО СДСМ

Post Views: 6 Фактот што без никаква потреба, освен партиска, осум години ја пренатрупуваа општинската адмнинистрација, за Социјалдемократите не е некоја значајна појава. Градоначалникот Бакрачески ја затекна Општина Охрид со 265 вработени, во најголем број со статус на државни службеници. Голем дел од нив досега биле без работни задачи или пак незнаеле кои им се работните обврски. Дополнително, затекнати се уште 160 вработени со договори за дело, од кои преку половината со заобиколување на Агенцијата за вработување. За над 90 % од овие времени вработувања нема евиденција дека се...

Continue reading

zgradi

Откриени проблеми во социјалната зграда – можно е некој да остане без станарското право

Post Views: 2 Будно се следи состојбата во социјалната зграда на ул „Карпош Војвода“. Таму постојат проблеми од различна природа, за која треба да се ангажираат сите релевантни служби почнувајќи од МВР на Р. Македонија, Центарот за социјални работи, па и Агенцијата за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, вели првиот човек на Агенцијата, Цветко Грозданов.  Алармот за примена на радикални мерки е вклучен додава тој. „Мислам дека имаме тенденција на изнаоѓање на два или три такви станови кои што сметам дека во периодот кој што следи ќе бидат раскинати договорите на...

Continue reading

Од утре Македонија ќе почне со преговори со сите свои соседи за протокот на туристи за летната сезона

Post Views: 2 Туристичките работници и агенциите бараат владата  да направи сите кои сакаат да дојдат во земјава оваа сезона да се чувствуваат безбедни а за оние кои ќе сакаат да патуваат надвор да се постигнат договори со земјите кои се најпосетувани. Министерот за економија Крешник Бектеши најави дека од утре Македонија ќе започне со преговорите со сите свои соседи за протокот на туристи за време на летната сезона и меѓусебното признавање на ковид пасошите. Условите биле исполнети со започнувањето на масовната имунизација денеска во Македонија иако бројката на вакцинирани до почеток...

Continue reading

alijansa

Алијанса за позитивна Македонија: „Развојот на туризмот во Охрид да биде државен приоритет“

Post Views: 2 Туризам во текот на целата година, осовременување на хотелите, инвестиции во туризмот, развој на конгресен, саемски туризам. Ова се само дел од плановите за економски развој на Охрид од програмата на новата политичка опција „Алијанса за позитивна Македонија“. Претседателот на оваа партија, Љупчо Зиков, сопственикот на економскиот магазин, „Капитал“ смета дека во Охрид, во изминатите 60 години се води погрешна туристичка политика. Според него, Охрид треба да биде врвен приоритет за државата. „Државата треба да го прогласи овој проект за државен проект. Секоја влада во...

Continue reading

robot vozilo

Охрид доби најсовремена опрема за мониторинг на водите

Post Views: 5 Мониторинг на водите во Македонија со најсовремена техника. Денеска во водите на Охридското Езеро беше извршена презентација на опремата која во иднина ќе врши мониторинг на на квалитетот на водите. Зоран Спиркоски од Хидробиолошкиот завод во Охрид нагласува дека новата опрема ќе биде во функција на јавното здравје и ќе овозможи поквалитетна и подетална анализа на водата. „Онаа опрема која што овде се демонстрира е единствена во светот која што постои од таков ранг, и ние сме среќни што ја имаме, што значи дека не само Охрид туку сите води во Македонија ќе бидат на еден...

Continue reading

konferencija

Организираниот криминал-закана за земјите од ЈЕИ

Post Views: 3 МВР ефикасно се справува со организираниот криминал преку имплементација на концептот за координираност на сите институционални облици со надлежност во оваа сфера, истакна директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР на Република Македонија, Митко Чавков на отварањето на Меѓународната конференција посветена на „Превенција и сузбивање на транснационалниот организиран криминал во Југоисточна Европа“. Тој додаде дека и Владата на Република Македонија активно работи на оваа проблематика па со таа цел се стреми кон воспоставување на Национална криминалистичко разузнавачка...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top