Ознака: Македонија

tvorba

ОУ „Христо Узунов“ и „Кочо Рацин“ успешни на конкурсот „Македонија – земја на цвеќето, земја на розите“

Post Views: 2 Во рамки на акцијата „Македонија – земја на цвеќето, земја на розите“ која се одржа во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање, а поддржана од Влада на Република Македонија, општина Охрид зеде активно учество и успешно ја спроведе акцијата преку нејзино организирање и спроведување на креативни активности во основните училишта. По тој повод основните училишта зедоа учество на Конкурсот за изработка на креативни предмети и творби на тема „Македонија земја на цвеќето – земја на розите“. Меѓу најуспешните на конкурсот беа ОУ „Христо...

Continue reading

arhiv

Државниот архив-ризница која го чува сето културно пишано наследство

Post Views: 3 Се зголемува културната и општествената свест кај луѓето за Државниот архив, смета Никола Митровиќ, историчар и инспектор архивист при Државниот архив на Република Македонија. Вели дека 1ви Април  луѓето веќе не го препознаваат само како Денот на шегата, туку и како Денот на државниот архив. Овој значаен датум за сите архивисти од земјава, Митровиќ вели дека се одбележува на еден поинаков начин, најчесто со издавање на зборници, прикажување на историски изложби. Според него, Државниот архив на Македонија е една институција која има огромно значење не само за граѓаните...

Continue reading

logo

Поднесени конечните кандидатски листи за пратеници за предвремените парламентарни избори

Post Views: 2 И ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ од Охрид имаат по тројца кандидати. Од ВМРО-Народна како и од Граѓанската опција за Македонија имаме и носители на листа во петтата изборна единица. Од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, од Охрид, дури тројца кандидати. Највиско на листата во петта изборна единица, на четвртото место, е Д-р. Сашо Василески, додека на деветто место е Александар Николовски пратеник во последниот собраниски состав. Актуелниот директор на Општата болница од Охрид, Љубен Арнаудов се наоѓа на шеснаесеттата позиција. Слична состојбата на кандидатската листа од најголемата опозициона...

Continue reading

miting vmro dpmne

Со чист образ по втор пат ја барам довербата од граѓаните, порача од Охрид Ѓорге Иванов

Post Views: 0 Кандидатот за претседател на Република Македонија од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За Подобра Македонија“, на митингот кој синоќа се одржа во Охрид рече дека не случајно кампањата започнува од тука бидејќи Охрид е најсилен светилник на вербата и победата. Тој подвлече дека никој не и ја подари незавиосноста на Македонија туку дека самите се изборивме за неа. Иванов потенцираше дека довербата на граѓаните се добива со реализација на ветените проекти затоа рече дека е горд што ветената програма од 2009 во целост ја реализирал. Притоа остварил и 450 средби со  претседатели...

Continue reading

митинг велгошти

ВМРО ДПМНЕ ја започна претседателската кампања од Велгошти

Post Views: 10 ВМРО ДПМНЕ ја започна претседателската кампања од Велгошти. Денешниот ден беше посочен како денот кога во Велгошти и Охрид пред една година била извојувана најголемата победа на ВМРО ДПМНЕ. Таа симболика ќе биде водилка и на овие претседателски избори, а Велгошти како место од каде започнале многу револуционерни походи ќе ја детерминира нашата иднина, рече Градоначалникот Никола Бакрачески пред многубројните присутни во салата Тодор Александров. –И денес од овде ќе испратам силна порака дека кај нас нема наши и нивни. Ние секогаш сме биле тоа што сме и никогаш...

Continue reading

alijansa

Алијансата за позитивна Македонија отвора канцеларии во Охрид и Струга

Post Views: 1 Официјална промоција на подрачните канцеларии на Алијансата за позитивна Македонија во Охрид и Струга. Претседателот на охридскиот огранок на партијата, Ѓорѓи Стрезоски вели дека сите граѓани се добредојдени да ги посетат нивните простории, да ја слушнат и прочитаат програмата, но и да предложат свои идеи. Стрезоски додава дека Охрид, како град зазема посебно место во целокупната програма на партијата. „И во самата агенда и во самата програма на Алијансата за позитивна Македонија е прво на луѓето да им се понудат нови работни места, тоа е најглавната цел, со помош на...

Continue reading

nivo na ezero

Македонија и Албанија да се договорат за регулација на нивото на езерската вода

Post Views: 1 Намален водостојот на Охидскот Езеро. Нивото на езерото деновиве е на 17 сантиметри над дозволената кота. Според  Дејан Паноски од Билатералниот секретаријат ваквата појава за овој период од годината била вообичаена. Но сепак Паноски смета дека нивото на езерото најмногу варира како последица на искористувањето на водите од сливот на Езерото за потребите  од електрична енергија на двете држави, Македонија и Албанија. „Секако дека во наредниот период ќе треба да внимаваме и на човековите активности бидејќи Охридското Езеро во најголем дел се третира за жал како акомулација...

Continue reading

den na proletta

О.У. „Григор Прличев“ го одбележа денот на пролетта

Post Views: 2 Денот на пролетта, денот на екологијата, децата од О.У. „Григор Прчичев“ го одбележаа со еко хепенинг во дворот на училиштето. Децата, покрај садењето, изведоа приредба, со пригодни песнички и рецитали за пролетта. Садењето на дрвца и цвеќиња, ликовните работилници на отворен простор и еко хепенинзите веќе прераснаа во традиција, вели Анастасија Настеска, психологот во ова основно училиште. Додава дека денешните  активности се во рамките на Еколошката кампања „Македонија земја на цвеќето – земја на розите“, на Министерството за животна средина. Настеска нагласи дека...

Continue reading

logo

Лагадин и Елшани денес без струја

Post Views: 1 Од ЕВН Македонија инфромираат дека денес 21-ви март, во периодот од 09:30 до 16:00 часот ќе дојде до прекин во снабдувањето со електрична енергија во дел од населбата Лагадин и селото Елшани. Од ЕВН со објаснување дека причина за прекините во снабдувањето со електрична енергија е реализација на инвестиционите зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија на корисниците во овој регион. {loadposition content9}

Continue reading

opstina Ohrid

Нов долг на товар на општина Охрид

Post Views: 1 Долгот на општина Охрид од денес порасна. Милион и пол илјади евра или 93 милиони 339.953 денари нов долг на товар на МЈП Проаква, вака гласи најновата правосилна пресуда на Врховниот Суд на Република Македонија. Од локалната самоуправа денес рекоа дека и покрај огромните напори на новото општинско раководство, не можат да формираат одбранбен механизам за заздравување на општината од наталожените долгови. Според портпаролот на општина Охрид, Томе Џамтоски, ова е само уште една епизода од бескрајниот серијал на неодговорното работење на претходната локална самоуправа...

Continue reading

logo

Охридските земјоделци ќе учат како се произведува органска храна

Post Views: 0 Секторот за туризам и ЛЕР и Канцеларијата за стручна поддршка на развојот на земјоделството на Општина Охрид, во рамките на своите активности и зацртани проекти, а со цел за запознавање на можностите, развојот и унапредувањето на органската храна во Република Македонија – организира едукативна работилница на ден 25.03.2014 година (Вторник), во Големата сала на Општина Охрид, со почеток во 18,00 часот. Органското производство во Македонија станува се подостапно за граѓаните и се повеќе е барано и присутно во исхраната и како систем ги зема предвид еколошките, економските...

Continue reading

narodna

Наместо тунел во Скопје, да се изградат регионални депонии – ВМРО – НП

Post Views: 5 На Македонија не и треба тунел и панорамско тркало во престолнината и треба изградба на регонални депонии, велат од ВМРО – НП Охрид. Претседателот на народна Ванчо Костоски, смета дека 100 те милиони евра кои Владата ги предвидела за изградба на два километри тунел од центарот на Скопје до Железничка станица, дел од тие средства да ги пренаменат за изградба на регионални депонии. А наместо панорамскто тркало за кое Владата планира да потроши 18 милиони евра да се направат 25 претоварни станици, со кои според ВМРО – НП ќе се намалат трошоците, а ќе се зголеми профитот...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top