• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Поднесени конечните кандидатски листи за пратеници за предвремените парламентарни избори

Поднесени конечните кандидатски листи за пратеници за предвремените парламентарни избори

И ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ од Охрид имаат по тројца кандидати. Од ВМРО-Народна како и од Граѓанската опција за Македонија имаме и носители на листа во петтата изборна единица.

 |  Голабовски Крсте  | 
logo
лого

И ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ од Охрид имаат по тројца кандидати. Од ВМРО-Народна како и од Граѓанската опција за Македонија имаме и носители на листа во петтата изборна единица.
 
вмро комитетОд редовите на ВМРО-ДПМНЕ, од Охрид, дури тројца кандидати. Највиско на листата во петта изборна единица, на четвртото место, е Д-р. Сашо Василески, додека на деветто место е Александар Николовски пратеник во последниот собраниски состав. Актуелниот директор на Општата болница од Охрид, Љубен Арнаудов се наоѓа на шеснаесеттата позиција.

Слична состојбата на кандидатската листа од најголемата опозициона партија СДСМ. Од Охрид дури тројца кандидати. На втората позиција, актуелниот претседател на О.О. На СДСМ од Охрид, Томислав Тунтев, додека седемата е резервирана за Ѓоко Танасоски, наместо претходно најавениот исто така, пратеник во последниот собраниски состав Митре Вељаноски. На деветнаесетотто место од листата за петтата изборна единица останува Мишел Силјаноски, од охридската општинска организација на СДСМ.

logoВанчо Костоски од ВМРО-Народна партија ќе ја предводи кандидатската листа на оваа партија во петтата изборна единица. Исто така и од Граѓанската опција за Македонија – ГРОМ за носител на нивната листа во петката го избра охриѓанецот Љупчо Настоски.

Од соседна Струга пак, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во петката исто тројца кандидати. Лиљана Затуроска, пратеник во последниот собраниски состав, на високата трета позиција,  Нола Исмаилоска, од Македонските муслимани се најде на седмата позиција, а Момчило Аврамсоки на десеттата.

Од СДСМ од Струга На петтото место на листата е секретарот О.О од Струга Јован Митрески, додека на на 17-тото е Славица Јовческа.
Од  Патријата за европска иднина ПЕИ, носител на листата во петтата изборна единица е  Фијат Цаноски, на второ место се наоѓа Алија Камбероски од Лабуништа, додека трета е Фадрија Мустафоска од Дебар.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top