Ознака: Македонија

rakometari

Македонија ги започнува натпреварите од втората фаза на СП во ракомет

Post Views: 5 Македонската ракометна репрезентација денеска во Задар се среќава со репрезентацијата на Норвешка, во рамки на втората фаза од Светското ракометно првенство, што се одржува во Хрватска. Со победата во четвртокот против Русија, македонските ракометари го постигнаа најголемиот успех, пласирајќи се меѓу 12-те најдобри селекции на светот. Македонската репрезентација натпреварите ги започнува со два бода, освоени во мечот со Полска од првата фаза. Во група со Македонија се и репрезентациите на Данска и Србија. Се очекува македонските ракометари во следните три меча да ги...

Continue reading

лого

“Angels, Animals and Humans” изложба од Стефанија Петровска

Post Views: 4 Стефанија Петровска е родена 1983 год. во Кавадарци, Р.Македонија. Во 2005 год. завршува во универзитетот “Св.Св.Кирил и Методи” во Велико Трново – Р.Бугарија , педагошки одсек, специјалност – скулптура. За делата на Стефанија, критичарот  Миодраг Мишко Петровиќ, рекол: “Стефанија Петровска поседува огромна енергија, која преку творењето ќе и помогне да на своите слики го усклади својот ментален свет и бурен темперамент.”Гледајќи ги нејзините најнови дела, уште сум убеден и уверен дека моите некогашни зборови се “пророштво”!...

Continue reading

nosii

Арман, македон е името на власите каде и да се

Post Views: 3 Власите не боледуваат од национализам, живеат во различни држави, секаде лојални на државата и се што направиле било резултат на заедничкото живеење, истакна претседателот на здружението „Луњина“ од Охрид Драган Коровешоски.  Денес власите од цела земја го прославуваат 23 мај, националникот ден на власите. За правата на власите зборуваше Коровешоски. „Р. Македонија е единствена држава во светот која ги признала Власите, за разлика од РМ власите во сите други држави побарале признавање при што онаму каде што се најбројни во Грција и Романија, сеуште немаат добиено нивно...

Continue reading

OSCE

Има ли педофилски скандал во ОБСЕ во Македонија

Post Views: 1 Со анонимно писмо македонските медиуми деновиве се информирани дека вработен на висока позиција во Мисијата на ОБСЕ во Скопје наводно бил инволвиран во детска порнографија и проституција. Според дописот вработениот во Мисијата ја напуштил земјава уште пред десетина дена. Во писмото се наведува дека сознанијата за педофилската активност на високиот службеник во ОБСЕ веќе подолго време се држеле во затворениот круг на Мисијата од страв од скандал што би можел сериозно да му наштети на угледот на ОБСЕ. За целиот случај биле информирани македонските власти, по што неофицијално...

Continue reading

sovetnici

24-та седица на Советот на општина Охрид одложена за понеделник

Post Views: 7 На барање на советникот Јоне Станкоски од ВМРО- НП, кој е припадник на Влашката етничка заедница, со образложение дека утре 23 мај се одбележува Денот на Власите во Република Македонија, одложена е дваесет и четвртата седница на Советот на Општина Охрид. Дваесет и четвртата седница е закажана за понеделник 26 мај со почеток во 12 часот и 30 минути, а продолжението на дваесет и третата седница е закажано за истиот ден во 13 часот. {loadposition content9}

Continue reading

kongres hrana

Поплавите ќе ја загрозат безбедноста на храната

Post Views: 4 Колку е безбедна и квалитетна храната во Р. Македонија. Ова е најпоставуваното прашање изминативе години, а одговорот на тоа треба да го даде Агенцијата за храна и ветеринарство како и институциите кои што ја испитуваат храната, вели професор Владимир Какуринив. „Она што е чуство кај граѓаните во РМ нарочно после последните инциденти со млекото, што беа со афлатоксинот, беа да, да, системот функционира во РМ но треба да биде подобрен и треба да се внимава на внесување на вакви производи во Р. Македонија,  – вели Какуринов. Поплавите кои што деновиве се актуелни...

Continue reading

humanitarka

Заминува првата пратка од Охрид за настраданите во Србија и БиХ

Post Views: 0 Охрид навистина со срце се обедини за Србија и Босна и Херцеговина. Охриѓани се одзваа на повикот за хуманост кој до нив го упати Црвениот крст од Охрид заедно со локалната самоуправа. Неколкуте нивни пунктови низ градот постојано прибираат помош од хуманите граѓани кои во голем број, секој колку може донираат за настраданите семејства во Србија и Босна и Херцеговина. „Голема количина на помош е овде собрана во Охрид, тоа е од 3 до 5 тона имаме најразновидна помош којашто во текот на утрешниот ден и во среда ќе биде испратена во Црвениот крст на Македонија од каде со...

Continue reading

logo

Македонија го победи вицешампионот Полска

Post Views: 2 Македонија во ракометно лудило. Нашиот национален тим ја приреди првата сензација на Светскиот шампионат во Хрватска. Во третото коло од групата „Ц“, македонските репрезентативци денеска ја соборија на колена сребрената селекција од пред две години, фаворизираната Полска и ги заплеткаа сметките околу конечниот изглед на табелата. Македонија го победи актуелниот светски вицепрвак со 30:29. Сензација, за нашиот машки ракомет и спорт воопшто, историски резултат.Ајде сега објаснете му го некому на овој ракометен собир феноменот „балкански менталитет“. Ќе се снајдеме, но...

Continue reading

atletika

Во криза атлетиката во Охрид

Post Views: 2 Управниот одбор на Атлетскиот Клуб, „Охрид“ ќе си поднесе колективна оставка, доколку во рок од 7 дена не се преземат мерки за надминување на финансиските проблеми, со кои овој клуб се соочува години наназад. Спортот што треба да е прв, е меѓу последните во Македонија. Базичен спорт, кралица на спортовите, основа за сите други спортови, така ја нарекуваат атлетиката во светот, вели Пецо Неданов. Тој додава дека немаат средства атлетичарите да ги пуштат на натпреварување а да не зборуваме за подготовки, опрема и некаков стимул.   „Управниот Одбор со овој проблем се бори...

Continue reading

logo

Дел од Булеварот „Туристичка“ денес без струја

Post Views: 2 ЕВН Македонија информира дека денес, 16-ти мај, од 10 до 12 часот ќе има прекин во снабдувањето со електрична енергија на дел од булеварот „Туристичка“, односно кула 6 и 8 и кула „Трудебник ТР2“. Од компанијата информираат дека прекинот е заради реализација на инвестициони зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија. {loadposition content9}

Continue reading

biljanini

Охрид-главен центар на спортските збиднувања во земјава

Post Views: 2 Организирањето на завршницата од кошаркарскиот куп на Македонија, Гимназијадата 2014та како и престојните финални средби во ракометниот куп на Македонија, само предвесник на многуте значајни спортски манифестации кои ќе се случуваат во Охрид во наредниов период. Директорот на ЈП „Билјанини извори“, Ристе Мишев вели дека сите овие спортски настани ставаат до знаење дека Охрид полека станува центар на најзначајните спортски манифестации во земјава. Тој со особена гордост го истакна одигрувањето на полуфиналните средби но и големото финале во ракометниот куп на Македонија...

Continue reading

logo

Македонија против Тунис на ракометниот мундијал

Post Views: 6 Македонските ракометари денеска го играат првиот натпревар против репрезентација на Тунис на Светското првенство што вчера започна во Хрватска. Mакедонија е во групата Ц со Германија, Полска, Русија, Тунис и Алжир и натпреварите ги игра во Вараждин, каде утре игра против Алжир. За македонските ракометари успех е да завршат меѓу првите три репрезентации во групата со што ќе обезбедат пласман во втората фаза и ќе играат за првите 12 места. Сепак, светските букмејкери ја сметаат Македонија, која по пауза од десет години, се враќа на светските првенства, за тотален аутсајдер...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top