“Angels, Animals and Humans” изложба од Стефанија Петровска

Стефанија Петровска е родена 1983 год. во Кавадарци, Р.Македонија. Во 2005 год. завршува во универзитетот “Св.Св.Кирил и Методи” во Велико Трново – Р.Бугарија , педагошки одсек, специјалност – скулптура.

 |  Голабовски Крсте  | 
лого
logo

slikaСтефанија Петровска е родена 1983 год. во Кавадарци, Р.Македонија. Во 2005 год. завршува во универзитетот “Св.Св.Кирил и Методи” во Велико Трново – Р.Бугарија , педагошки одсек, специјалност – скулптура.

За делата на Стефанија, критичарот  Миодраг Мишко Петровиќ, рекол:

“Стефанија Петровска поседува огромна енергија, која преку творењето ќе и помогне да на своите слики го усклади својот ментален свет и бурен темперамент.”
Гледајќи ги нејзините најнови дела, уште сум убеден и уверен дека моите некогашни зборови се “пророштво”! Убава, грациозна, нежна, паметна и образувана, Стефанија како уметник е енергична, своја и никогаш не одстапува од својата визија. Сигурен сум дека сеуште ги “преуредува” и “доработува” своите слики и колажи, се до оној момент кога на најдобар можен начин, успее да ја усклади својата ментална визија и незаменлив темперамент. Судејќи по нејзините најнови слики и колажи, Стефанија прераснала во Уметник со големо У. Затоа со полно право можам и сакам да кажам , дека колажите на Стефанија се ремек дело! Тоа се комплексни дела, слободно можам да кажам
“Борхесовски заплети” од вистински ликови, портрети, ангели и животни, сместени во реални, надреални или апстрактни ситуации, пејсажи и имагинарни простори…Како продукт на игра, размислување, усвојување на изненадно надојдени решенија, во својата “ментална кујна”, Стефанија започнува од, условно речено , потполно белило, до слики/колажи кои се преполни со боја, топло сонце, небесно синило и безброј наоколу ситни детали, кои совршено ја заокружуваат композицијата и допринесуваат за нејзината разиграност. “

izlozbaСамостојни излолжби:
– 1997 Прва самостојна изложба во музеј-галеријата во Кавадарци, Р. Македонија.
– 2006 Самостојна изложба во дом на култура”Иван Мазов Климе”, Кавадарци, Р. Македонија.
– 2010 Самостојна изложба во музеј “ТЕРАКОТА”, Виница, Р.Македониjа.
– 2011 Самостојна изложба во дом на култура “Ацо Ѓорчев”, Неготино, Р. Македонија
– 2011 Самостојна изложба во дом на култура “Мирка Гинова”, Демир Капија, Р. Македонија.
– 2011 Самостојна изложба во библиотеката “Гоце Делчев” вo Гевгелија, Р. Македонија.
– 2012 Самостојна изложба во дом на култура”Иван Мазов Климе”, Кавадарци, Р. Македонија.
– 2012 Самостојна изложба во галеријата ,,Безистен,, во Штип, Р. Македонија.

Член е на ДЛУК И ДЛУШ. Како член на ДЛУК, има учествувано на групна изложба во Париз, Франција. Има учествувано на повеќе ликовни колонии и студентски изложби во повеќе локации во Србија, Бугарија и Македонија.

Ликовни колонии:
– 2006 – комплекс- Семково, Р.Бугарија;
– 2006 – Валандово,Р.Македонија;
– 2006 – Варна, Р.Бугарија;

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top