Post Views: 2
Поради обилните врнежи од снег што денеска почнаа низ делови од Македонија, воведена е забрана за тешки моторни возила на магистралните патишта Гостивар-Стража-Кичево и Гостивар-Маврово-Дебар. Забраната за камионите е воведена денеска околу 13 часот. Причината за ова, како што информираат од МВР се обилните врнежи од снег кои го зафатија овој дел од државата.
{loadposition content9}
Post Views: 1
По повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, овој петок е прогласенз а неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.
Од Министерството за труд и социјална политика соопштуваат дека, согласно со Законот за празниците на Република Македонија , 28 август (петок), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Македонија.
Post Views: 2
Македонија во интензивни комуникации со соседните земји, Европската Унија и Обединетите нации со цел справување со големиот наплив на мигранти на границата со Република Грција. Драстичното зголемување на бројот на мигранти кои се обидуваат да влезат на територијата на Република Македонија од петстотини на 3000 лица дневно, ги стави на тест македонските институции во справувањето со овој сериозен проблем. Според министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, помошта која досега ја добиле од меѓународниот фактор, односно Европската Унија е симболична...
Post Views: 21
Македонија се збогува од фолк пејачот Гоце Арнаудов. Неговите колеги и обожаватели на социјалните мрежи ја споделуваат тагата, пишуваат пораки, објавуваат негови песни.
„Загубивме голем човек, прекрасен колега. Нема никогаш да го заборавиме“. „Арнаудов, пријателе, вечна ти слава“, се дел од коментарите на социјалните мрежи.
Во Домот на културата во Струмица, денеска во 10 часот ќе се одржи комеморација по повод смртта на легендата на македонската народна музика Гоце Арнаудов, а посмртните останки ќе бидат изложени утре во 11 часот во капелата на градските гробишта...
Post Views: 2
Грчките медиуми со неверување и со лоша реакција ја прифатија пресудата од Хаг.Грчкиот „Етнос“ денес напиша дека Грција е осудена за ветото.
„Хаг: Грција ја прекрши времената спогодба со БЈРМ, одлуката е конечна, без право на жалба“. Вака извести Елефтеротипија.
Та Неа посочи дека одлуката е донесена со 15 гласа за и еден против. „Судот на страната на Скопје- прифатена тужбата на БЈРМ против Грција“, известува Та Неа.
Грчкиот правен тим во Хаг денес не пристигна во полн состав, а Атина најави дека ќе ја проучува одлуката на судот.
– Со целосна почит кон Меѓународниот...
Post Views: 3
„Целта на школата за млади лидери е од успешните луѓе да направи уште поуспешни, да создаде позитивни примери за другите.“-рече претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов на отворањето на шестата по ред школа за млади лидери во Охрид. Според Иванов, човек што не носи одлуки е склон да робува и да се покорува, а оној што носи вистински одлуки е учител и оној што го следат. Денес младите живеат во свет во кој имаат пристап до огромен број податоци, сознанија и информации, при што улогата на Школата за млади лидери е да им покаже вештини за тоа како да се ориентираат...
Post Views: 1
Седум години затвор за лидерот на Обединети за Македонија и поранешeн министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски пресуди кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1. Бошкоски е прогласен виновен за незаконско финансирање на предизборната кампања и злоупотреба на службената положба.Објавувањето на пресудата во судницата предизвика реакции на членовите на семејството на Бошкоски. Неговата сопруга Виолетa Бошкоска рече дека знаела оти тој ќе добие „олку голема казна“. Таа додаде дека не очекува ниту од Апелациониот, ниту од Врховниот суд да ја сменат пресудата, туку правдата...
Post Views: 8
Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот очекува позитивен исход од посетата на претставниците на најголемиот и најстар тур-оператор „Томас Кук Груп“, на она што може да го понуди нашата земја од областа на туризмот. Проектите на Владата на РМ во туризмот даваат резултати, вели директорот на агенцијата Христијан Џамбазоски. Пример за тоа е интересот на претставниците на „Томас Кук Груп“ од Англија. Тој нагласи дека континуирано работат на отварање нови туристички пазари, како и тоа дека и понатаму ќе продолжат да даваат поддршка на странски тур оператори, преку...
Post Views: 9
Спотот “Храна за душа“, вреден три милиони динари, е речиси ист како македонскиот снимен минатата година, објави српскиот весник “Курир“.Се’ попопуларниот спот “Храна за душа“, што ја промовира Србија и кој за три дена на “Јутјуб“ го видоа повеќе од 30.000 луѓе, личи на рекламата за промоција на храната на Македонија. На основа на неколку речиси идентични сцени може да се заклучи дека српскиот спот, всушност е копија на македонскиот спот од септември минатата година.Нашите јужни соседи тогаш покренаа маркетиншка кампања под насловот “Македонија вечна“, со која ги претставија...
Post Views: 6
Република Македонија избрана за членка на Извршниот одбор на Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации (УНЕСКО). 142 та гласа кои ги доби на глсањето ќе и овозможат на нашата држава во наредниве две години активно да учествува во креирањето на политиките и буџетот на оваа организација. Овој успех е резултат на дипломатските активности на Амбасадата на РМ во Париз и на делувањето на Националната Комисија на УНЕСКО во РМ .Ова претставува и исклучителна можност за афирмација на државата како активен и одговорен член на меѓународните организации,...
Post Views: 15
Остатоците од некогашниот затворен базен во Струга, сеуште бодат очи. Познато е дека овој руиниран објект се наоѓа во непсредна близина на ОУ „Браќа Миладинови. Тој во моментов може да се спореди со замок од хорор филмовите, кој скоро целосно е обраснат со трева, од каде само малку надзираат зидините на објектот. Доколку не се превземе нешто, овој објект ќе наликува на џиновски жбун, кој во неговата внатрешност крие дувло на нарко зависници и разни отпадоци од контаминиран материјал. Свесен за проблемите поврзани околу некогашниот пливачки базен е и директорот на ОУ...
Post Views: 3
Се оградува дворното место на подрачното училиште „Браќа Миладинови“. Со ова донекаде е одговорено на барањата на советот на родители. Познато е дека пролетта, родителите на децата кои изведуваат настава во ова училиште, реагираа до Владата на Р Македонија и бараа да им се обезбеди на децата одржување на наставата по физичка култура во дворот на училиштето. Родителите на децата оправдано стравуваа за безбедноста на нивните деца бидејќи дворното место беше претворено во паркинг простор, за кој, приватно лице наплатуваше надомест.
Директорот на ова училиште Агни Неџипи...