Македонија стана членка на Извршниот одбор на УНЕСКО

За членство во рамките на втората електорална група, на гласањето доби 142 гласа. Со ова учество Македонија во наредниве две години ќе учествува во креирањето на политиките и буџетот на УНЕСКО.

unesco
unesco

unescoРепублика Македонија избрана за членка на Извршниот одбор на Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации (УНЕСКО). 142 та гласа кои ги доби на глсањето ќе и овозможат на нашата држава во наредниве две години активно да учествува во креирањето на политиките и буџетот на оваа организација. Овој успех е резултат на дипломатските активности на Амбасадата на РМ во Париз и на делувањето на Националната Комисија на УНЕСКО во РМ .Ова претставува и исклучителна можност за афирмација на државата како активен и одговорен член на меѓународните организации, по нејзиното претседавање со 62-то заседание на Генералното Собрание на Обединетите Нации во 2007-2008 година и претседавањето со Комитетот на министри на Советот на Европа во 2010 година.
Македонија првпат во својата историја станува членка на најзначајниот орган на оваа важна организација во системот на Обединетите нации. Инаку, УНЕСКО е специјализирана агенција на Обединетите нации основана на 16 ноември 1946 год. Основната цел на организацијата е да придонесува за мирот и стабилноста промовирајќи соработка меѓу нациите преку образованието, науката и културата како метод за подобрување на универзалното почитување на правдата, законите, човековите права и основната слобода. Досега организацијата има 191 земја членка. Македонија стана членка на УНЕСКО на 28 јуни 1993 год.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top