Post Views: 8
„Крија Јога“ или техника на живот која многумина во светот секојдневно ја применуваат со цел да си го олеснат животот и со цел побрзо да стигнат до својта среќа конечно пристигна во Македонија. Крија Јога“ е посебна техника која ги содржи сите други видови на јога, затоа што битието на јогата е во крија јога и таа се состои од пет вежби кои човекот ги вежба за да си најде мир во душата, за да се смири и за да биде задоволен и среќен. Крија Јогата ќе ја има во Македонија, благодарение на новинарот Нада Штајнман.
„Мојата желба беше за да ја донесам оваа „Крија Јога“...
Post Views: 0
Само тројца охриѓани добиле субвенции за вградување на соларна енергија во нивните домови. За Владината објава, од пред два месеци за поддршка на инсталирање на соларни системи со 30 посто од вредноста на инвестицијата и најмногу до 300 евра, имало над 1500 апликации. Но, само 300 граѓани од земјава, по системот на лотарија, добиле субвенција. Граѓаните покажуваат интерес за користење на соларната енергија како еден од начините за намалување на високите трошоци од семејниот буџет за потрошената електрична енергија ама немаат доволно пари самостојно да инвестираат....
Post Views: 3
Обука на идните потенцијални политичари. Денес во Охрид отпочна првата обука во циклусот „Политичка академија 2012 година“. „Политичка организација и комуникација на модерна народна партија“ е темата на политичката обука која е во рамките на академијата, организирана од фондацијата „Конрад Аденауер“, Институтот „Павел Шатев“, во соработка со холандската фондација „Едуардо Фреј“.
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, говорејќи за главните цели и предизвици во модерната политика, подвлече дека политичкото дејствување, партијата го базира врз основа на...
Post Views: 2
Мир и соживот на Балканот е пораката која синоќа ја пренесоа високите турски функционери, професорот Булент Араш од Институтот за стратешки истражувања од Турција и Ѓурсел Донмез од Агенцијата за соработка на турската дијаспора. Нивната посета на Охрид е дел од реализацијата на втората етапа на проектот на турската младинска организација УФУК од Македонија „100 години од Балканските војни“. Професорот Араш го потенцираше значењето на соработката помеѓу народите на Балканот во чија насока се движи и моменталната надворешна политика на Турција.
„Турција се грижи за Балканскиот...
Post Views: 0
Албанскиот претседател Бујар Нишани денес пристигна во Охрид на еднодневна средба со неговиот македонски колега д-р Ѓорѓе Иванов. Оваа средба која се одржа во вилата Билјана беше неформална и далеку од очите на јавноста бидејќи претседателите не дадоа изјави за медиумите . Како што информираа од кабинетот на претседателот со оваа посета продолжува претходно воспоставената динамика меѓу Македонија и Албанија за редовни средби на највисоко ниво. Во фокусот на разговорите меѓу претседателот Иванов и претседателот Нишани беа досегашните билатерални односи и областите во...
Post Views: 0
Новото здружение ќе се вика „Мак Медиа“, а за само еден ден идејата за формирањето доби поддршка од дваесет и два медиуми од Охрид, Струга, Кичево, Битола, Прилеп и Македонски Брод.Одржан иницијативен состанок за формирање на Здружение на приватните електронски медиуми на Република Македонија. Новото здружение ќе се вика „Мак МЕДИА“, а според иницијаторите, цел на неговото формирање ќе биде решавање на наталожените проблеми во медиумската сфера. Сашо Митаноски директорот на „Супер радио“ вели дека ницијалната каписла за создавање на ова здружение, беа новите барања...
Post Views: 4
Прекрасните слики, скулптури и графики на Интернационалниот ликовен караван конечно во Охрид. Оваа ликовна изложба која традиционално се одржува секоја година по завршувањето на Струшките вечери на поезијата, откако ги воодушеви стружани, сега доаѓа да го освои и Охрид. Се работи за вкупно 35 дела кои вклучуваат слики, графики и скулптури на уметници од Македонија, Србија, Германија, Бразил, Унгарија и Русија.
„Овој циклус ќе трае десет години, до 2020 година. Првата беше интересна за жените тема, „Жената-најфината творба на природата“, а и оваа тема. Многу уметници...
Post Views: 3
Чајот во Турција е симбол на пријателство. Деновиве во земјава престојува турска делегација, по повод 100 годишнината од Балканските војни. Делегацијата воедно е и дел од кампањата на ЧАЈКУР, која во неколку града во Македонија меѓу кои и Охрид има промоција на турски чај. А во Охрид ги пречека почесниот конзул на Р. Турција Абдураман Бајрактар. Тој рече дека оваа посета е од огромно значење за земјава и дека се потрудиле да бидат добри домаќини.
„Оваа посета е значајна за овој регион и дава можности за засилување на односите помеѓу двете земји“-истакна Бајрактар.
Турската...
Post Views: 12
Кирил Константиновски Пунтос , македонец кој живее и учи во Полска, меѓу најдобрите на 38-та олимпијада по географина во Варшава – Полска. Тој со својот истражувачки труд, кој е посветен на Пештани, со најголем број бодови, влезе во финалната фаза од олимпијадата, на која учествуваа повеќе од 100 000 трудови во Полска. Тема на научниот труд на Костантиноски се промените на околината на Пештани и неговото постепено трансформирање од рибарско село во познато туристичко место.
„Темата опфаќа геолошки анализи, а анализите се така воведени што ги поделив на наколку...
Post Views: 12
Нема звук како звукот на прочитаниот поетски стих. Дали е пишуван на руски, англиски, шпански, српски или македонски, секогаш ги буди истите чувства. Нема поголем доказ за тоа од двете книги на големиот српски поет Ранко Радовиќ. „Милув“ и „Страор“ се двата двојни сонетни венци кои од денес ќе можат благо да прозвучат и на македонски јазик.
Радовиќ вели дека ја сака Македонија, ги сака Охрид и Струга каде во младоста често доаѓал. Токму затоа се решил овие негови книги да добијат свој македонски препев. Но неговите мотиви се бројни и уште поуниверзални, па поетот вели...
Post Views: 6
Ценовниот удар на струјата ги погоди и охриѓани. Но нашиот град очигледно слабо реагира на ударот бидејќи во Охрид сеуште нема индиции за штрајк против поскапувањето на електричната енергија. Поголемите градови во земјава Скопје, Битола, Прилеп, Тетово и Куманово се приклучија кон граѓанската иницијатива на здружението Аман, од каде најавија одржување на протести секој вторник. Да се надеваме дека нема да поминат многу вторници. Охриѓани ги поддржуваат протестите и доколку би имало би се приклучиле кон нив, но очигледно нема кој да ги организира.
Атмосферата во Битола...
Post Views: 3
Отворена школата за млади лидери. Охрид по трет пат домаќин на овој проект, кој важи за еден од најуспешните едукативни проекти во земјава. Школата за млади лидери е лична идеја на претседателот на Р.Македонија Ѓорѓе Иванов, како би им овозможила на младите, талентирани и амбициозни луѓе од Македонија, да ги надградуваат и усовршуваат своите вештини, да ја развиваат својата креативност и менаџерски способности. „Со овој проект сакав да имам личен печат на извршувањето на мандатот на функцијата претседател на Македонија“-истакна Иванов. Додаде дека школата за млади ледери...