Post Views: 1
Македонска делегација од денеска ќе учествува на дводневната 16-та по ред Сесија на министерскиот совет на ОБСЕ што ќе се одржи во Хелсинки.
Делегацијата ја предводи министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски, кој ќе има свое обраќање на пленарната сесија.
Според најавите, на маргините на министерскиот состанок за денеска е предвидено да се одржи состанок на земјите од Јадранската Повелба во проширен состав, меѓу кои САД, Македонија, Албанија, Хрватска, Црна Гора и Босна и Херцеговина на кој ќе присуствува и Србија во својство на земја набљудувач, како и земјите...
Post Views: 9
Денеска се одбележуваат три децении од откривањето на смртоносниот вирус ХИВ и СИДА-та која досега има одземено над 30 милиони животи.
И иако поминаа 30 години, научниците се’ уште немаат пронајдено вакцина со која ќе се спречи ширењето на „чумата а 21-от век“.
Екипа француски вирусолози, предводена од проф. Лук Монтание, во американското списание „Сајанс“ од 20 мај 1983 година го открија и опишаа новиот вирус, изолиран од серопозитивен пациент.
Тој првично беше наречен ЛАВ, за подоцна да се преименува во ХИВ. Тоа е вирусот што предизвикува СИДА, пренесуваат француските...
Post Views: 6
Во Македонија има висока стапка на нееднаквост меѓу граѓаните по основ на доход и постои тенденција на нејзин раст, покажува анализата за доходовна нееднаквост што за првпат ја објави Министерството за финансии врз основа на податоци од Управата за јавни приходи.
„Педесет oтсто од луѓето во Македонија што остваруваат доход имаат доход што е под 212 евра месечно, 70 oтсто имаат доход што е под 297 евра месечно, 90 oтсто имаат доход што е под 495 евра месечно, а од друга страна 2 oтсто од луѓето имаат доход што е над 1.044 евра, а еден процент од луѓето имаат доход што...
Post Views: 1
Празникот се празнува по повод основањето на Македонската револуционерна организација во Солун. Имено на 23 октомври 1893 година во куќата на солунскиот книжар Иван Хаџи Николов во Солун се собрале шестмина млади мажи за да ги ставаат основите на тоа, коешто ќе стане симбол и знаме на борбите на Македонците за слобода. Основоположниците биле: Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Aрсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев. Тие основаат конспиративна група, нарекувајќи ја македонски револуционерен комитет.
Организацијата се борела за ослободување на...
Post Views: 26
Република Македонија денеска го одбележува 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.
По тој повод на пладне, во Свечената сала на Собранието на Република Македонија ќе биде доделена дражавната награда „23 Октомври“ за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историско наследство на Република Македонија.
Наградата за остварување во областа на науката ќе им биде врачена на д-р Марко Китевски-фолклорист и д-р Зоран Тодоровски...
Post Views: 2
Во сабота ќе излезе последното издание на „Утриснски весник“, такви се очекувањата на дел од вработените во медиумот. Официјална потврда од менаџментот, иако новинарите побарале, сепак, не добиле, пренесува „24Вести“.
Неизвесно во „Медиа принт Македонија“, откако фирмата ќерка – „Медиа принт ДООЕЛ“ пред една недела обајви огласи за вработување на половина кадар од веќе постоечкиот во МПМ. „Утрински весник“ на медиумскиот пазар е 18 години. Претходно, новинарите на „Утрински“, „Вест“ и на „Дневник“, штрајкуваа поради не исплатените плати. И додека „Утрински весник“...
Post Views: 8
На синоќешната прес-конференција Милошоски посочи дека наскоро ќе бидат воспоставени дипломатските односи и оти договорот за тоа ќе биде потпишан од страна на Владата на Република Македонија и Владата на Република Косово. – Ова прашање воопшто не е дилема и сметам дека тоа е добар сигнал кој оди во вистинска насока, изјави тој.
„Сметам дека ваквиот чекор ќе има позитивен ефект за регионалниот развој на настаните. Овој чекор не е насочен кон трета држава и очекуваме истиот да биде разбран од официјален Белград иако цениме дека нивната позиција по однос на ова...
Post Views: 0
Република Македонија од 6 до 8 октомври годинава по втор пат со свои проекти ќе учествува на меѓународниот саем за комерцијални недвижности „Експо Реал“, што секоја година се одржува во Минхен, Германија, каде на 63.000 метри квадратни изложбена површина годинава ќе се претставуваат 1.800 изложувачи од 45 држави.
На саемот учествуваат општини, јавни и приватни претпријатија и други организации со инвестициски проекти од областа на комерцијалните недвижности – трговски центри, деловен простор, станбени комплекси, индустриски зони, технолошки паркови …
На...
Post Views: 4
Британската бизнис групација (ББГ) во Македонија денеска ги поздрави законските измени кои и на странските државјани им овозможуваат да купуваат земјиште и друг недвижен имот во државата. Претседателот на ББГ Реј Пауер истакнувајќи дека овие измени ќе го зголемат бројот на инвеститори во Македонија, посочи дека тие меѓу другото, се резултат и на лобирање на нивната групација. Претставникот на инвестиционата банка од Лондон Колин Колино, кој присуствуваше на денешната редовна седница на ББГ, оцени дека „во овие турболентни времиња британските инвеститори се одлучуваат...
Post Views: 10
Вкупно 320 милиони долари странски директни инвестиции влегле во Македонија во 2007 година, при што биле регистрирани девет гринфилд вложувања.
Ова се наведува во извештајот на Конференцијата на Обединетите Нации за трговија и развој (UNKTAD), објавен доцна синоќа во Женева.
Македонија се наоѓа во групата земји кои во 2007 година имале прилив на странски директни инвестиции меѓу 100-900 милиони долари, заедно со Црна Гора, Албанија, Туркменистан, Таџикистан, Узбекистан, Киргизија, Ерменија и Молдавија.
Вкупниот прилив на странски директни инвестиции во Македонија се...
Post Views: 6
Светската финансиска криза предизвикана од банкротот на една од најголемите американски банки „Леман Брадерс“, нема да има директни последици врз Македонија, смета министерот за финансии.
„Финансискиот систем во Македонија е поконзервативен и се потпира врз инструменти, кои вклучуваат помал ризик, а банките даваат кредити на стопанството и населението со обезбедување, така да не постои никаква опасност“, изјави денеска во Охрид, министерот за финансии, Трајко Славески. „Единствено што може како помал бран да се почувствува во иднина, се повисоките каматни стапки на европскиот...
Post Views: 1
Најголеми забелешки на Европската Унија за напредокот на Македонија во нејзините обиди да се зачлени во Унијата се политичкиот дијалогот и функционирањето на Парламентот.
Ова е соопштено по средбата на Комитетот за стабилизација и асоцијација на Македонија со Европската Унија, што е највисоко тело за соработка меѓу двете страни.
Напредок
Според Комитетот, Македонија напредува во усогласувањето со европското законодавство, реформите во полицијата, царината, правосудството, како и кон исполнувањетио на условите за визна лидберализација.
Сепак, како црна дамка остануваат...