Post Views: 6
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска утре во музејот “Катаријнеконвент“ во Утрехт, Холандија, ќе ја отвори големата изложба “Ненадмината убавина – икони од Македонија“ на која ќе биде претставен дел од македонското културно наследство.
На изложбата, која претставува најголемо презентирање на богатото македонско културно наследство надвор од Македонија, ќе бидат претставени експонати од најзначајните збирки на икони од Македонија, од Музеј на Македонија и Завод за заштита на спомениците на културата. Исто така, изложбата ќе биде збогатена со археолошки...
Post Views: 8
Азербеџанците се запознаа со Македонија преку песна и оро. Од 9 до 11 ноември во главниот град на Азербеџан, Баку и во градот културната ризница Агсу, се одржуваа „Деновите на Mакедонското културно наследство“. Централно место на манифестацијата е настапот на Културно Уметничкото Друштво „Дримкол“ од Вевчани.
Играорците со целовечерна програма презентираа традиционални песни и ора, носии и обичаи на Р.Македонија.
Во рамките на оваа манифестација проф. д-р Рубин Земон, претседател на научниот совет на Институтот за социо-културна антропологија на Македонија одржа...
Post Views: 1
Екипи на ЈП Охридски комуналец од денес започнаа да го средуваат просторот кај спомен- обележјето посветено на Коста Абраш на истоимената улица.
Најпрво целиот потег околу спомен обележјето ќе биде соодветно исчистен,ќе бидат санирани бехатон плочките коишто се уништени а потоа парк- просторот ќе биде соодветно хорти културно уреден.
Оваа акција на Секторот за комунален развој и ЈП Охридски комуналец произлегува од директните политики на Градоначалникот Никола Бакрачески и Општината за достојно прикажување на богатото локално историско минато пред туристите коишто...
Post Views: 5
На пригодна свеченост, со културно уметничка програма закажана за 20 часот ,вечерва во НУ Центар за култура “Григор Прличев“, Општина Охрид ќе го одбележи 23-ти Октомври, денот на македонската револуционерна борба.
Во рамки на свечената програма предвиден е :
1. Настап на хорот при ОСУ Св. Климент Охридски со песната “Собрале ми се набрале2. Aнсамблот Билјана Јуниор “Налеј налеј налеј”3. Настап на виолинистот Игор Бежаноски со инструментална изведба на револуционерни песни4. Настап на учениците од рецитаторската секција во Општинското средно училиште Св.Климент Охридски...
Post Views: 3
Обраќањето на првиот човек на Сојузот на борците на Општина Охрид, Гоце Ѓорѓиески, во кое тој изнесе свои лични видувања, ставови, перцепции и доживувања за власта во земјава, го оценуваме како очигледна злоупотреба на празникот 11 Октомври и настанот кој по тој повод го организираа заедно Локалната самоуправа на Охрид и Сојузот на борците. Со чудење гледаме на преседанот, одбележување на празник кој е заеднички за сите граѓани на Македонија и е симбол на непокорот на македонците, да се злоупотреби во дневно политички цели и да се претвора во држење на политички говор...
Post Views: 6
До редакцијата на Телевизија ТВМ пристигнуваат реакции од граѓани од стар град во врска со разурнатиот ѕид на црквата Св. Богородица Болничка. Состојбата на тој потег ја нагрдува сликата која најубавиот дел од Охрид ја остава кај туристите. Состојбата е непроменета речиси две години.
Според она што го слушнавме од мештаните тие не навлегуваат во плановите кои МПЦ ги има за тој потег, но сметаат дека додека се реши проблемот со дозволата за понатамошни активности на локацијата барем да се санира ѕидот.
Ова лето нема ништо да се превзема за враќање на ѕидот во првобитната...
Post Views: 5
Извештаите на Унеско ги потврдиле стравувањата на СДСМ за несоодветните градби на Плаошник. Алармот кој го упатуваше ОО на СДСМ дека бројот на градбите и нивната големина го загрозуваат културното, природното и историското наследство на Плаошник, не допре до надлежните институции на локално и државно ниво. Поразително е што странци требаше да укажат на сериозноста на проблемот со бетонските градби се атак на културното и историското наследство, рече на денешната прес конференција претседателот на општинската СДСМ, Томислав Тунтев. Ние како советничка група реагиравме...
Post Views: 8
Централниот настан на културно – забавната манифестација „Бело Лето“ ќе се случи вечер во 21:00 часот, на Градскиот плоштад.
За добрата забава ќе се погрижат популарната музичка група „Нокаут“ и познати ди џеи.
Претходно ќе се одржи промоција на традиционалните занаети на малиот плоштад со што ќе започне годинешната културно – забавна манифестација.
Посетителите на оваа промоција ќе имаат можност да се запознаат со традиционалните занаетчиски изработки на занаетчиите од градот, а исто така ќе им биде понуден и попуст од 20% за оние кои сакаат да купат некоја изработка.
И...
Post Views: 0
Македонија и Македонците имаат богато историско, духовно и културно наследство што можат да и` го понудат и пренесат на Европа. Соработката, пак, меѓу различните религии и внатрешната кохезија можат да ја направат земјата пример за другите региони.
Ова го истакнал папата Бенедикт 16. на средба во Ватикан со македонскиот амбасадор при Светата столица Ѓоко Ѓорѓиевски. Како што пренесува Католичката новинска агенција – ЦНА, папата искажал голема почит за културното и духовното наследство на Македонија и надеж оти ќе продолжи со зацрвстувањето на културната и духовната сила.Поглаварот...
Post Views: 3
Се зголемува културната и општествената свест кај луѓето за Државниот архив, смета Никола Митровиќ, историчар и инспектор архивист при Државниот архив на Република Македонија. Вели дека 1ви Април луѓето веќе не го препознаваат само како Денот на шегата, туку и како Денот на државниот архив. Овој значаен датум за сите архивисти од земјава, Митровиќ вели дека се одбележува на еден поинаков начин, најчесто со издавање на зборници, прикажување на историски изложби. Според него, Државниот архив на Македонија е една институција која има огромно значење не само за граѓаните...
Post Views: 1
Врз основа на позитивното мислење на Националниот совет за културно наследство, на предлог на Министерството за култура, Владата донесе Одлука за прогласување на споменикот Аквадукт во Скопје за културно наследство од особено значење во поткатегорија – исклучително значење.
Со донесувањето на оваа одлуката се обезбедува трајна заштита на скопскиот Аквадуктот кој е изграден во VI век, а бил целосно реконструиран кон крајот на XV век.
Post Views: 6
Инексово лето по 6-ти пат во хотелот „Дрим“. Оваа година, манифестацијата е со ново име -Меѓународен арт фестивал “Езерски Бисер“. Наместо како досега, настанот да се одржува на базенот „Камелија“ овој пат манифестацијата ќе се биде лоцирана во националниот ресторан „Струшки Кепенци“. Свеченото отварање ќе биде на утре, во 21 часот.
„Најавено е присуство на еминентни гости. Ќе дојдат претставници од министерството за Култура како и македонскиот амбасадор во Москва“-вели Татјана Огненовска од АД.Хотел Инекст-Дрим.
Организаторите најавуваат отие 6-тото издание на овој...