Ознака: кои

konjski trki

Традиционални коњички трки во Велгошти

Post Views: 22 Секој со својата традиција. Во тој дух и гостопримливите Велгоштани не почестија со нивните традиции по повод големиот христијански празник Велигден. Години наназад со сопствени напори, но и средства собрани преку спонзорства тие организираат коњички трки кои секоја наредна година добиваат на се поголема популарност. „Вчера имавме коњички трки. Порано се одржуваа на друга локација, сега моментално се одржуваат во атарот на црквата Света Петка така да беше доста добро задоволително и мислам дека тоа ќе ни остане и во иднина и плус тоа денес, на вториот ден од Велигден...

Continue reading

кукли

Јагнешко печење и етно сувенири за Велигден

Post Views: 94 Неколку илјади странски и домашни гости го дочекаа Велигден и продолжениот викенд во Охрид. Иако беа очекувани околу 6000 гости, врнежливото време го преполови нивниот број, велат туристичките менаџери. Сепак, во Охрид допатуваа гости од соседните земји Бугарија, Србија, Грција, Албанија и Турција, а во помал број имаше и посетители од западноевропските земји. Најбројни беа домашните гости, и тоа оние што во градот поседуваат свои викенд станови и куќи за одмор. Врнежливото време, не дозволи гостите да уживаат во прошетките со брод по езерото, но затоа не изостанаа...

Continue reading

тврдина

За Плаошник, Самоилова и Енгелана се чекаат пари

Post Views: 9 Локалитетите се влезени во Владината програма за да продлжат започнатите истражувања, но се чека одобрување на сумата. Работите на локалитетите беа запрени минатата година заради економската криза, па за да продолжат сега се чека најавениот владин ребаланс на буџетот. Од Упрвата за заштита на културното наследство очекуваат работите да продолжат, но со намалени средства. Од одобрените владини пари ќе се знае и колкав број работници ќе се ангжираат на локалитетите, вели директорот на Управата, Паско Кузман. „Ангажирањето на луѓе кои ќе работат на локалитетите зависи...

Continue reading

pcelari

Зголемени субвенции за одгледувачите на пчели

Post Views: 10 Колку-толку, барем повеќе од лани. Одгледувачите на пчели годинава ќе добиваат 600 денари субвенција. Средствата кои ги определило Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се дел од Програмата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој. Сепак како најголем проблем пчеларите го наведуваат несигурниот пласман на произведениот мед. „Пчеларите во Македонија воопшто немаат пласман, државен пласман да знае каде го носи медот и која цена би бил. Пчеларите на милост и немилост оставени го носат медот по пазарите од мене до тебе и така се оставени...

Continue reading

mihailov

Михаилов во домот на Размоски

Post Views: 7 Претседателот на ОК на ВМРО – ДПМНЕ, Михаилов, денес со солзи беше дочекан во домот на Размоски. Домаќинката, 10 години парализирана лежи во кревет и вели дека за прв пат некој се сетил и на нив. Скромни средства од нега на болен влегуваат во нивниот дом и оваа помош за нив беше добредојдена. Не сакаа да коментираат пред нашата камера, поради тешкиот момент и криза во која се наоѓаат, но на претседателот и членовите им изразија голема благодарноат.Михаилов рече дека и годинава традиционално се во посета на семејства на кои им е неопходна помош. „Тоа го правиме навистина...

Continue reading

plaza

Крпа и пченка или лежалка и нескафе

Post Views: 1 Враќање во минатото. Се сеќавате ли кога лежевме и се сончавме на охридските плажи на крпи а не на лежалки, а за да ја поставиме крпата претходно требаше да подзачистиме затоа што плажата не се гледаше од шутот и тревата која се наоѓаше на неа. Се сеќавате ли на чичковците кои ви застануваа над глава нудејќи ви топли пченки. А се сеќавате ли дека кога ќе се искапевме во езерото, а водата беше матна и со реси поради бранот чекавме да се пуштат прскалките на блискиот тревник за да се истушираме. Е по се изгледа охриѓани и гостите ова лето ќе уживаат во една ваква плажарска...

Continue reading

ribari

Последен поздрав од охридските рибари до убиените колеги од Скопје

Post Views: 5 Рибарите од СРК „Св. Апостол Петар“ од Охрид испратија последен поздрав до своите колеги – рибарите кои денеска ќе бидат погребани во Скопје. Скопјаните Александар Наќовски, Цветанчо Ацевски, Kире Тричковски и Филип Славковски, сите на возраст од околу 20 години, како и Борче Стефковски (45), биле убиени завчера кај вештачкото езеро кај скопското село Смилковци. Полицијата официјално нема осомничени за убиството ниту, пак, има информации околу можните мотиви за грозоморниот чин. {loadposition content9}

Continue reading

humana akcija

Чифлиганец и за Велигден во Охрид

Post Views: 2 Уште еден хуман гест на кумот на Водици, Ванчо Чифлиганец. Тој за Велигденските празници реши на  најзагрозените семејства од Охрид да им подели 50 хуманитарни пакети со прехранбени и хигиенски производи. Потпретседателот на здружението „Богојавление“, Димитри Пендо, рече дека тука сме благодарение на кумот и неговата желба да помага преку целата година. „И ова е уште една потврда дека не згрешивме со изборот на годинешниот кум, напротив со ова се покажа и докажа неговата добрина и големина и неговата вљубеност кон христијанството и православните празници и вљубеноста...

Continue reading

sveki

Денес се чествува Велики петок

Post Views: 1 Денес се чествува денот кога се споменува смртта и погребението на Господ Исус Христос и неговото слегување во адот. Овој ден претставува стожерна точка во Страдалната седмица кој минува  во знакот на тагата. За овој ден Црквата пропишува најстрог пост, денот да помине без јадење и пиење, освен за немоќните и престарените, во знак на таговно сеќавање на настаните од она време. „ Денес е моментот кога Христос се симнува од крстот и се извршува опелото на нашиот Господ Исус Христос, потсетувајќи се на оние кои го распнаа и ние кои постојано го распнуваме со нашите прегрешенија...

Continue reading

jajce veligdensko

Охриѓани го слават Велики Четврток

Post Views: 0 Охриѓанката Лилјана Сотироска една од многуте наши сограѓанки кои од раните утрински часови ги вапцаа првите јајца. Потоа според обичајот и Сотироска го извади првото јајце да го види светлото на денот. Таа открива дека уште на Велики Вторник ја подготвува бојата и јацата кои треба да се вапцаат.  Објаснува дека со овој чин и во нивната куќа започнува да се чувствува предвелигденска атмосфера. „Во нашава куќа и секаде најпрво се вапцуваат црвените јаца кои го симболизираат христиајнството, а тоа доаѓа од таму што Марија Магдалена кога го посетила починатиот Исус Христос,...

Continue reading

Ljupco Nаstoski

Скромен подарок за Велигден, но даден од срце

Post Views: 1 Да прогледа малата Симона Јовеска. Тоа е велигденската желба на независниот советник Љупчо Настоски. На само два дена од одбележувањето на големиот Христијански празник Велигден, Настоски на неколку социјално загрозени семејства од Охрид им донесе табла јајца и милиброд. Помошта не е голема но истата е од срце, вели Настоски. „Душевно сум полн, со тоа што не е можеби којзнае што, сепак посебно ми е драго што им помагам на социјалните фамилии. Исто така не ја заборавам и малата Симона, ја посетувам неколку пати и посакувам до година да ме види како изгледам. Таа со својата...

Continue reading

kolaci

Велигденски хуманитарни акции

Post Views: 2 Велигденски јајца, колачи, украси, пилиња. Основците од Св. Климент Охридски од Охрид и Св. Наум Охридски од Пештани за Велигден подготвија хуманитарни продажни акции. Продажната хуманитарна акција во ООУ Св. Климент Охридски е проект на советот на родители и истата од година во година е се поорганизирана и поуспешна. „Како и секоја година, така и оваа организиравме продажна хуманитарна акција. Парите кои ќе се соберат се наменети за дечињата од социјално загрозените семејства, поточно за оние кои не се во можност да платат за престојните екскурзии“, вели преставникот...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top