Ознака: кои

Kosna pratenici

Охридските пратеници од ДПМНЕ во посета на болницата Свети Еразмо

Post Views: 39 Охридското пратеничко дуо, Александар Николоски и Хари Шокароски, ја посетија болницата за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ во Охрид. Имаа можност одблиску да го разгледаат работењето на болницата. Николоски и Шокароски имаа и работна средба со раководството на болницата на која се разговарало за позитивните достигнувања на „Свети Еразмо“, но и за предизвиците и проблемите со кои оваа болница секојдневно се соочува пред се поради напливот на пациенти. „Ова е институција која што континуирано бележи успеси. Институција која што откако е д-р Митко Тилев директор...

Continue reading

ulica

Кафе во кафулињата, пешаци на тротоарите

Post Views: 4 На тротоарот од Кеј „Маршал Тито“ нема повеќе пиење кафе. Тој ќе си ја врати примарната функција, а тоа е простор за одвивање пешачки сообраќај. Масите и столиците од кафулињата кои се наоѓаат на дел од оваа улица ќе бидат отстранети. Тоа го налага новиот режим на сообраќај со кој после седум години оваа улица во летниот период нема да биде пешачка зона туку сообраќајница. Зоран Шикалоски, раководителот на секторот за сообраќај и патишта вели дека крајно време е да се ослободат тротоарите и да му се овозможи на сообраќајот да дише. Искуството од минатите години покажа...

Continue reading

Да им ги вратиме децата на игрите

Стари игри, нови клинци

Post Views: 3   Постарите знаат да кажат, денешниве деца не знаат ништо друго освен компјутери, плејстејшени, џојстици и други такви дрангулии кои им го затвораат детството во 4 ѕида. Бабите и дедовците, повозрасните, родителите со носталгија се присетуваат на времето кога детсвото го минувале трчајќи низ маало или во најблиската лединка и играле Долга магарица, Бинек, Џамија, Кини-пантоли, , Народна, Џиздија и Ќоро-пиле. Овие стари игри се играа вчера покрај езерото кај Билјанини извори, а ги играа некои нови клинци. Шеесетина ученици од 5 то до 7 мо одделение од 9 училишта од Охрид...

Continue reading

zemjotres belcista

Земјотрес го погоди Охридскиот регион

Post Views: 19 Земјотрес во Охридскиот регион. Епицентарот  на 9 км од селото Белчишта. Вознемиреност, паника и страв од нови потреси кај жителите од ова село. Долго ќе го паметат 07 јуни и земјотресот кој го погоди селото во 12 часот и 17 минути. Епилог од овој немил настан покрај вознемиреноста кај жителите се и рушевините и големата матријална штета кои ги остави зад себе овој потрес. Граѓаните не паметат ваков земјотрес.   „Само што дојдов од работа наеднаш почна да треси. Не да тресит туку како куќава да паѓа. Се почувствува некој звук страшен и осетивме само како паѓа се, рамки,...

Continue reading

zito leb

„Жито Леб“, успешна компанија

Post Views: 1   Високи претставници на Стопанската комора на Македонија, денес во посета на две охридски компании, „Жито Леб“ и „ЛТХ Леарница“.Тука се со цел да ги слушнат конкретните проблеми, како и тоа да понудат помош. Директорот на Комората Бранко Азески, рече, пред компаниите  претстои тежок период на поразителни бројки и тешкотии низ кои ќе треба да поминат. Азески напомена дека некогаш стопанството и помагаше на државата, сега се бара државата да му помогне на стопанството и дека биле во постојан дијалог со Владата на Р.М. за да се изнајде начин и мерки да се задржат работните...

Continue reading

kruzen

Охрид продолжува во круг

Post Views: 1 Раскрсницата кај стара Охридија, ќе се модернизира. Таа е прва од седумте раскрсници кои Локалната планира да ги уреди со кружен тек. Денес официјално отпочнаа градежните зафати. До почетокот на шпицот од туристичката сезона, потегот кај раскрсницата Охридија ќе биде готов, за што биле обезбедени сите согласности кои се потребни за уредување на овој магистрален пат, вели градоначалникот Александар Петрески. Додаде дека паралелно со уредувањето на раскрсниците ќе се решаваат и сите останати инфраструктурни проблеми. „Тука имаме два проблеми со водата, еден со водата што...

Continue reading

logo

Како до бараната информација?

Post Views: 0 Македонија е на високото 14-то место во Европа според слободниот пристап до информации од јавен карактер. Законот постои од 2006-та, но некои навики, тешко умираат.Многу ретко барателите на информации било да се физички или правни лица па дури и медиумите, не го користат правото кое им го овозможува Законот за слободен пристап до информации од Јавен карактер, вели Цветан Станоески од Комисијата за слободен пристап до информации од јавен карактер. „Секогаш се користат некои други канали, се знаеме ке кренеме телефон, ќе ја добијам информацијата или ако не ја добијам нема...

Continue reading

Ohridsko ezero

Заштита на Охридското езеро-приоритет за сите

Post Views: 39 Кога се размислува за заштитата на животната средина, неодминливо е споменувањето на заштитата на Охридското езеро. Таа заштита, според независниот екологист, Лазо Наумоски треба да биде приоритет кога станува збор за заштитата на животната средина. Наумоски смета дека главна причина за состојбите со Охридското езеро се загаденоста на реките Грашница и Сатеска кои според него претставуваат црни еколошките точки. „Една од најпроблематичните црни еколошки точки во Охридското езеро знаеме дека е реката Грашница. Таа минува кај Црногорците, кај Велгошти почнува и поминува...

Continue reading

bol

Лекувањето во Општа болница трае просечно седум дена

Post Views: 5 Со изградбата на новиот хируршки блок во општата болница Охрид и неговото опремување се очекува траењето на болничкото лекување да се намали и стави во оптималнистандарди. Намалувањето на болничкиот ден не подразбира кратење на лекарските услуги туку нивно стандардизирање во реални рамки, нагласува директорот на Општа болница, д-р Љубен Арнаудов. Болничкото лекување во охридската болница минатата година, во просек траело седум дена. По барање на Министерството за здравство и Фондот, општа болница води грижа и за времетраењето на болничкото лекување, информира директорот...

Continue reading

ezero riba

Основците од ОУ Св. Климент Охридски во посета на хидробилошкиот инситут

Post Views: 0 Седмо и осмооделенците од ОУ Св. Климент Охридски учеа за Охридското Езеро и живиот свет во него, со посебен акцент на рибите. Денешните активности по повод светскиот ден за заштита на животната средина, беа реализирани од страна на невладиното здружение за промоција на туризмот и културните вредности во Охрид, Култ ДАМ и основното училиште Св Климент Охридски. „Често политичарите меѓу себе се препукуваат дека УНЕСКО има силни фондови кои никој не ги користи, јас верувам дека тие силни фондови ќе се отворат само ако се направат вистински проекти за што имаме и капацитет...

Continue reading

srsheni nisalki baraki

Детските игралишта се почесто мета на вандалски чинови

Post Views: 10 Кога ги нема, се жалиме зошто ги нема, а кога ги има не знаеме да ги чуваме. Детските игралишта низ градов се почесто мета на вандалски чинови. Последно на мета се најде неодамна изграденото детско игралиште во населбата „Гоце Делчев“. Само еден месец успеа да издржи недопрено и целосно функционално, но сега за жал веќе не е така. Најпрво настрадаа нишалките во игралиштето. Од локалната самоуправа велат дека ова не е прв ваков случај на уништување на забавните реквизити. „Ние секако дека ќе го санираме овој искршен дел но не е добро да се трошат пари за иста работа,...

Continue reading

deca

Преку детска игра до хуманост

Post Views: 8 Денес градскиот плоштад беше едно големо игралиште. Се играше шах, пикадо, баскет, мал фудбал, одбојка, не лути се човеку и многу други спортски и едукативни содржини. Ова беше дел од акцијата на Црвениот крст од Охрид, „За посреќно детство“. Секој што купи учеснички број за акцијата, кој чинеше 30 ден. можеше да се натпреварува во повеќе спортските дисциплини. Емилија Цветаноска ја покажа својата хуманост купувајќи талонче и натпреварувајќи се во скокање со јаже во што освои прво место и вртење хулахоп на нога за што беше втора. Мило ми е што учествував во оваа акција...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top