Ознака: кои

proakva

Платата во МЈП „Проаква“, доцни

Post Views: 4 МЈП „Проаква“ на вработените месец и половина им должи плата. Вработените се соживеани со судбината на претпријатието и се надеваат на подобро, вели првиот човек Златко Старкоски. Директорот се правда дека половина година ЈП е под рестриктивни мерки за да не дојде до негово згаснување поради големите долгови, од кои претпријатието никако да крене глава . „Можам да кажам најодговорно, со моето доаѓање во јануар месец, во јануар беше исплатена плата беа земени сини картони фебруар и се до последниот месец еднаш во месецот вработените  земаат плата, нас ни остана наследено...

Continue reading

carsija

Музиката во Охрид под контрола

Post Views: 3 Општинските инспектори работат двосменски во борба против бучавоста. Проблемот е евидентен, но во споредба со изминатите две години драстично е намален, објаснува Танас Танасоски, раководител на општинскиот инспекторат. Тој додава дека инспекторите кои се под негова капа, излегуваат на терен од 22 до 4 часот наутро, за да ги контролираат угостителските објекти и тоа допринело да се намалат проблемите околу бучавоста. „Но сепак морам да истакнам дека неколку кафичи и понатака не се придржуваат до законските прописи односно бучавата е над онаа нормала која што е предвидена...

Continue reading

sednica

Привилегирани советници

Post Views: 0 Гратис мобилни телефони и гратис картички за паркинг, за кого како. Според најновите сознанија кои деновиве за ТВМ јавно ги соопшти координаторот на советничката група на ВМРО – ДПМНЕ, Дејан Паноски, во Локалната самоуправа спроведени се активности за набавка на мобилни телефони и картички за гратис паркирање на советниците на мнозинството. Според него тоа е класичен обид за нарушување на демократскиот процес во општина Охрид, конкретно во Советот и ваквиот однос според Паноски трае подолго време.   „Мојата порака и пораката на советниците од опозицијата е јасна, не...

Continue reading

toalet

Ден после дождот

Post Views: 7 Ден после дождот. Вчерашното невреме кое го зафати Охрид остави траги. Поројниот дожд исфрли на површина многу градски проблеми . Едни од засегнатите од поплавите кои се случија се и жителите на улицата Живко Чинго. Нивните домови буквално пливале во вода па со часови со кофи ја исцрпувале не знаејќи што друго да прават. Миланка Димоска вели дека целата куќа и се поплавила и додава дека ова не е прв пат. Таа објаснува дека при пообилни врнежи од дожд канализацијата пребликнува во нејзината куќа и се плива во вода и фекалии. Досега тропнала на сите врати, но помош од...

Continue reading

leten kamp deca

Младинскиот камп ги обедини децата од сите националности и вери

Post Views: 9 Вчера официјално започна младинскиот спортски камп под името „Младите преку спортот и екологија до меѓуетничко разбирање и одржлив развој.“ Насловот е долг, но ги опфаќа веројатно најпозитивните насоки кои треба да им се дадат на најмладите со цел да се развиваат во вистински правец. А нема подобар пример за тоа како влијае овој камп врз развојот на младите од средношколката Тања Јованова. Таа е тим-лидер на групата од Велес, и вели иако е тешко да се работи со деца, сепак научиле да се снаоѓаат во секакви ситуации. Своите способности ги развивала на мартовскиот камп...

Continue reading

pozarna

Пламени јазици му се закануваа на охридското кале

Post Views: 8   Охридското кале доведено во опасност. Околу 4часот  утринава  од западната страна на калето према местото викано Лабино избувна пожар. На овој дел од  ридот има густа борова шума и сува ниска вегетација која е најпогодна за брзо ширење на пожарот. Спасе Прентоски, командирот на Територијалната противпожарна единица од Охрид вели дека за среќа пожарот навреме е пријавен и локализиран, па така калето, а и Охрид избегнаа една голема опасност која можеше многу скапо да не чини. Тој објаснува дека доколку дојде до палење на боровата шума многу тешко тој пожар може да се...

Continue reading

спасители

Центарот за безбедност на вода без пристапен мост

Post Views: 6 Центарот за безбедност на вода лоциран кај Горица работи под полна пареа. Од ова место се координира работата на сите професионални спасувачи  в долж охридското крајбрежје. Она што на Центарот му недостасува е прописно место од каде што ќе поаѓаат и доаѓаат спасителите на вода со чамци и бродот амбуланта, вели Сашо Точков претседтелто на ОО на Црвен Крст во чиј состав функционира овој центар за безбедност на вода. „ Немаме еден пристапен мост и платформа каде што би ги чувале чамците и спаувачкиот брод. Се снаоѓаме како што знаеме и умееме. Добивме инструкции од некои...

Continue reading

plaza

Сакате плажа од 21 век или од 20-ти?

Post Views: 1 Предупредувањата се реализираа. Плажите кои останаа без стопан поради ригорозните услови за добивање концесија кои ги наметна Министерството за транспорт и врски, го нагрдуваат охридското крајбрежје. Една од нив е и некогашната плажа „Корали“ на која нема ниту траг од онаа на која само пред едно лето уживаа голем број гости. Само остатоците од шанкот и од тоалетите асоцираат на тоа дека тука имало некакви содржини. Од друга страна пак плажите кои се под концесија веќе наголемо ги пратат европските трендови. Тие се убаво уредени, просторот е осмислен, а хигиената е на...

Continue reading

gorna porta

Жителите на Варош бараат градски превоз

Post Views: 15 Варошани се чувствуваат запоставено и изолирано  по најновата одлука општината да воведе нови линии за граѓаните од неколку периферни делови од градот. Со  одлуката не е опфатен овој дел од Охрид. И жителите од Стар град сакаат градски превоз. Се поскапите такси услуги, скапата цена на горивото како и новиот сообраќаен режим наметнуваат ваква потреба. Граѓаните кои не сакаат јавно да зборуваат пред нашата камера за оваа потреба велат дека тоа би било големо олеснување и за нив, но и за гостите кои бараат сместување во овој дел  од градот. Од Локалната самоуправа велат...

Continue reading

skola po klasicna gitara

Заврши Летната школа по класична гитара

Post Views: 14 Учениците кои беа дел од летната школа за класична гитара велат дека се горди што имале можност познатата професорка од Бугарија да им ги пренесе своите знаења и искуства и додваат дека со задоволство ќе ги применуваат новите техники и знаења кои ги научиле. „Задоволството е огромно да се биде дел од ваков настан каде се споделуваат искуства и се учат нови техники и каде се запознаваме меѓу себе ние класичните гитаристи. Презадоволен сум што сум дел од ова и се надевам дека во иднина уште повеќе ќе има учесници со што би добиле еден квалитетен фестивал на овие простори...

Continue reading

ribari

Коњаноски: „Со доделувањето на Езерото под концесија,Владата доби партнер

Post Views: 6 Со добивањето концесионер на Охридското Езеро, за излов на риба за стопански риболов,  Владата доби партнер кој ќе се грижи заедно со сите државни институции за дополнителна заштита на рибниот фонд, изјави заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Зоран Коњановски кој денеска го посети Хидробиолошкиот институт во Охрид. Министрот додава дека Риболовните основи кои ги изработиле стручните лица од хидробиолошкиот институт и 14 доктори на науки, беа неопходни за да се прецизира како ќе се врши изловот на риба,  како да се објават тендерите  и како...

Continue reading

Dimitrievski

СРД „Св. Апостол Петар“ : Езерото не е зрело за стопански риболов

Post Views: 9 Борбата на спортските риболовци за Охридското Езеро продолжува. Претседателот на срд Св. Апостол Петар, Радован Димитриески вели дека конечно надлажните признаа и докажаа дека не се способни да го заштитат рибниот фонд на Охридското Езеро. Додава дека тоа е единствената причина поради која езерото е издадено под концесија. „Надлежните институции кои требаше досега да ги спречат рибокрадците на успеаа во тоа и сега за да не се фрли вината на нив пред изборната кампања тие по секој случај го дадоа езерото на концесија, која според риболовната основа која е предвидена да...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top