Ознака: кои

spomen park

Светнаа спомен плочите на ослободителите на Охрид

Post Views: 8  Засадени зимзелени дрвца и светнати плочи во Спомен паркот на паднатите борци. Ова  се активностите кои здружението „Брег на младоста“ ги организираше вчера, во знак на одбележување на 7-ми Ноември, ден на ослободувањето на градот. 50-тина членови на возраст од 10 до 60 години, од различен пол и етничка припадност, учествуваа во акцијата за расчистување на просторот во  знак на благодарност и сеќавање на борците кои пред 68 години ги положија своите животи за слободата на својата земја, вели Љупчо Милкоски, претседател на Надзорниот одбор на здружението „Брег на младоста“.                           ...

Continue reading

kanal Oh.ezero

Формирани работните групи за Дримскиот басен

Post Views: 6 Согласно Меморандумот за соработка на земјите од Дримскиот басен, Македонија, Црна Гора, Грција, Косово и Албанија, деновиве се формираа работните групи кои во наредните години ќе работат на состојбата на животната средина во Дримскиот басен и околу подобрување на сите услови. Формирани се три групи и тоа една за имплементација на Рамковната директива за води на Европската унија, втората за мониторинг на водите во Дримскиот басен и третата за заштита на биодиверзитетот и екосистемот. „Работата на тие групи ќе биде оценета на 20ти Ноември, на состанокот на Дрим Кор групата...

Continue reading

vakcini

Во Охрид се бара вакцина повеќе против сезонскиот грип

Post Views: 5   Во Охрид се бара вакцина повеќе против сезонскиот грип. Сите 2100 вакцини кои годинава ги набави Центарот за јавно здравје веќе се потрошени. Директорот Атанаско Михаилов вели дека ќе се потрудат да набават барем уште 200вакцини се во интерес на граѓаните. Зголемениот интерес на граѓаните за вакцинирање се должи на зголемувањето на нивната свест колку тоа е добро за заштита на нивното здравје, вели Михаилов. Вакцинирањето е најбезбеден,, најлесен и наефтин начин на заштита од грип. Вакцината чини 400 ден., а доколку граѓаните заболат од грип ќе ги чини многу повеќе...

Continue reading

ispituvawe

Охрид има квалитетна вода за пиење

Post Views: 12 Обилните дождови кои наврнаа деновиве во Охрид за среќа немаа големо влијание на квалитетот на водата за пиење. Од Центарот за јавно здравје велат дека постојано се вршат контроли како граѓаните не би се довеле во некаква опасност од зарази порадо слаб квалитет на водата. Атанаско Михаилов, директорот на центарот објаснува дека обилните врнежи најмногу влијаат на намалувањето на квалитетот на водата во Билјанините извори. Вообичаените анализи на водата од градскиот водовод се прават секој понеделник. Мостри се земаат од 24 мерни места во градов. Се мери количината на...

Continue reading

elektronska zdravstvena karticka

Започнува примената на здравствените картички

Post Views: 1 Осигурениците кои веќе ги имаат добиено новите електронски картички при користење здравствена услуга во установи кои работат со Фондот за здравствено осигурување нема да има потреба да носат сини картони. Во првава фаза од примената картичките ќе се користат  само како сини картони, а подоцна и како здравствени книшки. „Ние имаме дистрибуирано околу 6000 електронски здравствени картички и уште 3000 имаме за дистринуција. Некои од ЈП или школи суште немаат уплатено, па затоа сеуште не ги имаат земено. Тоа се сите здравствени установи и нивни членови и државна администрација...

Continue reading

park shetalishte

Со купена фотографија-до нов инвентар за градинката „Јасна Ристеска“

Post Views: 0 Ако ја љубите фотографијата, а сакате и да помагате, тогаш еве ви можност да уживате во двете работи истовремено. Во понеделник, 5ти Ноември, во лаунџ барот Објектив, ќе се случи хуманитарна изложба на фотографии во изработка на Петар Боев. Инаку станува збор за 47 фотографии кои се сликани од месец Април па наваму, а се дел од проектот „Охрид, град на цвеќето 2012“. На фотографиите доминира цвеќето како мотив, со карактеристична охридска позадина. Фотографирани се градскиот парк и околината, а направени се фотографии и од акцијата за украсување на куќите во стариот...

Continue reading

agencija

Невработените ќе се пререгистраат

Post Views: 8  Околу  30-тина  лица, годинава, отпочнале сопствен бизнис како молери, козметичари, занаетчии, трговци и  земјоделци, со финансиска поддршка од Центарот за вработување. Вработувањата биле реализирани  преку активни мерки за самовработување со кредитирање и грант со неповратни средства за набавка на опрема. До 1 декември  во Центарот за вработување може да аплицираат  невработени лица за поддршка при  вработување како почетници практиканти,  обука за дефицитарни занимања за познати работодавачи и финасиска поддршка за мали и микро претпријатија кои ќе вработуваат невработени...

Continue reading

vmro dpmne

Петрески си ја призна грешката

Post Views: 5   Осум години манипулација со граѓаните и градот. Но дојде момент градоначалникот Александар Петрески да си ги признае грешките, велат од Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ. Петрески и неговиот тим во урбанистичката и организационата  сфера направија голем број грешки кои многу ќе ги чинат на изборите кои доаѓаат, додаваат од таму.Петрески и неговиот тим  ја признаа грешката  со начинот на управувањето на паркинзите во Охрид — велат од Општинсскиот комитет на  ВМРО ДПМНЕ.  Но, тоа што три дена после тоа признание Петрески нема храброст да ги врати паркинзите под управување...

Continue reading

zatvor

Не е само до казните, потребна е ресоцијализација на престапниците

Post Views: 0 Сигурно сте ја слушнале во соопштенијата на СВР-Охрид, често употребуваната фраза „сторителот на делото и е добро познат на полицијата.“ И тоа навистина е така. Според бројките на СВР, добар дел од престапниците кои извршиле некое кривично дело, повеќе од еднаш се сторители на такви дела. Во  периодот од 2001та до 2011 година, овие бројки рапидно се зголемувале и тоа од 623 престапници-повторувачи во 2001та до 1435 во 2011 година за територијата на Охрид, Струга, Кичево и Дебар. За среќа, годинава во изминатите 9 месеци, оваа тенденција, барем во Охрид е различна. „Само...

Continue reading

turisticka voda

Недоизградена атмосферска канализација-проблем број еден за Нискоградба

Post Views: 2 Недостигаа малку пообилни врнежи за повторно да се појават старите проблеми. Охрид никако глава да крене од честите поплавувања на улиците. Од ЈП Нискоградба кои се задолжени за одржување на атмосферската канализациона мрежа, велат дека работат постојано, седум дена во неделата, со цел да можат да се справат со инцидентните интервенции, а паралелно со тоа работат и на превентивно одржување на системот за одведување на отпадни урбани води. Сепак често проблемите успеваат да ги преплават. „Посебно во овие есенски периоди, кога имаме обилни врнежи, а во исто време паѓаат...

Continue reading

profesor Pavle

Не стивнуваат реакциите за монографијата „Незлобински“

Post Views: 6 Историчарот проф. д-р Павле Митрески  вели  Струга и стружани треба да се гордеат што по 75 години се објави  монографија за  „Д-р Никола и Софија Незлобински“. Тој е изненаден од реакцијата на директорот на струшкиот музеј, Сашо Цветкоски  за обвинувањата упатени на адреса на авторот на монографијата, д-р Стојан Ковачески. Проф. д-р Павле Митрески го истакнува своето позитивно искуство со архивите од неколку балкански земји кои му биле достапни за неговите научни истражувања. Професорот  40 години работел на научни истражувања од областа на историјата, автор е на 12...

Continue reading

pazar

Пазарот ќе се крпи додека не се направи нов

Post Views: 8 Средствата кои во текот на годината ЈП Градски Пазар успева да ги собере, доволни за покривање само на основните трошоци. „Пазарот е една традиција на секој град. Се надевам дека за брзо ќе се надмине оваа состојба и ќе покажеме подобри резултати. Со домаќинско работење претпријатието успева навреме да ги измири обврските према вработените, државата и нашите доверители“, вели директорката на ЈП Живка Ангелоска. Директорката додава дека бројот на закупци на тезги се менува во текот на годината и се помалку има закупци кои бараат тезги за цела година, а најголема заинтересиранот...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top